Албанија од 1-ви јануари ги затвора спортските обложувалници

Во Албанија од 1 јануари идната година ке бидат затворени сите спортски обожувалнци. Оваа е одлука на Владата во Тирана која веќе го изготви и амандманот на Законот за игри на среќа со кој дефинитивно нема да има место за активности на спортските обложувалници. Исто така ново е и тоа дека се затвораат сите локали за електронски игри на среќа кои сега се на главните улици во градовите во Албанија и ќе бидат достапни само тие во хотели кои имаат пет ѕвездички  и се лоцирани надвор од градските средини.

Премиерот Еди Рама изјави дека „од почетокот на идната година нема да има ниту едно место каде ќе има активност на спортските обложувалници“  и притоа побара од медиумите во земјата да престанат со рекламите посветени на обложовалниците и електронските казина. Се виде дека оваа појава не оди во прилог на народот и државата – рече Рама. Според медиуми голем е бројот на албанците кои секојдневно учествуваат во игрите на среќа, а особено од оние категории кои имаат социјални проблеми .

Advertisement