Албанската православна црква и Владата почнаа со обнова на православни цркви

Албанската влада и Албанската православна црква почнаа со обнова на одделни објекти од Византискиот период, кои се наоѓаат во јужниот дел на земјата. Стручни лица тврдат дека голем број стари албански православни цркви и уметнчки дела во нив се оштетени, бидејќи со децении биле оставени на забот на времето. Голем број од црквите се наоѓаат на живописни локации, а состојбата во која тие се наоѓаат ја отсликуваат политичката ситуација во Албанија во текот на минатиот век посочувајќи.

Во тој божји храм, веќе е изграден нов кров, а во тек се реставраторските работи на фреските. Црквата во Лесница е украсена со фигури на светци со златни ореоли и библиски сцени во темно сина и црвена боја. Се верува дека е изградена во 1797 година, но врз основа на фреските се претпоставува дека е постара. Повеќе од 60 отсто од албанските граѓани се припадници на исламската религија, а останатите се христијани. За време на комунстичкиот период било забрането верското изразување а многу цркви и џамии биле урнати. По падот на комунизмот во Албанија признати се православната, католичката, исламската и бектешката верска заедница.

Advertisement