Александровиот саркифаг – единствената копија дадена за Археолошкиот музеј на Македонија

Александарски саркофагсаркофаг од IV век п.н.е. украсен со барелјефни резби со Александар Македонски. Откриен е во некропола близу СидонЛибан во 1887, и денес е изложен во Археолошки музеј во Истанбул, Турција. Саркофагот е направен од полихромен, пентелски мермер во облик на македонски храм. Резбите на едната долга страна го прикажуваат Александар во борба против персијците во Битката кај Ис. Александар е прикажан на коњ, со капа лавовска глава, подготвувајќи се да фрли копје на персиската коњица. Некои стручњаци сметаат дека вториот Македонски коњаник близу средината е Хефестион, побратимот на Александар. Третиот македонски коњаник се смета дека е Пердика. На другата долга страна Александар и Македонците ловат лавови заедно со Абдалоним и персијците. Едната кратка страна содржи сцена со Абдалоним како лови пантерФронтонот над тоа е изрезбан со Абдалоним во битка. Другата кратка страна ја прикажува Битката кај Газа, а фронтонот над тоа го прикажува убиството на Пердика. Археолошкиот музеј на Македонија има копија единствена копиа дадено од Археолошкиoт музеј од Истанбул, овој е важен артефакт од историјата на Македонија и на Македонскиот народ, е направена со помош на музејските колеги од Турција.