Author Archives: Весник Илинден

Основање на Македонски бизнис клуб во организација на Амбасадата на Македонија во Тирана

Во организација на Амбасадата на Република Македонија во Тирана на 17. 04. 2019 година беше основан „Македонски бизнис клуб“. Станува збор за граѓанска асоцијација во која членуваат претставници на македонски компании присутни во Албанија, македонски експерти, носители на проекти и учесници во меѓународни програми ангажирани од меѓународни организации, како и граѓани кои по разни основи се ангажирани во албанските институции. ...

Read More »

Семакедонски собир во чест на легендарниот македонски војвода Јане Сандански во Мелник

На 21 април 2019 година во градот Мелник, Пиринска Македонија се одржа традиционалниот свечен семакедонски собир посветен на 104 годишнината од убиството на „Царот на Пиринот“, легендарниот македонски војвода Јане Сандански. Собирот се организира од следните македонски организации во Бугарија: партијата ОМО „Илинден“-Пирин, весник „Народна волја“, Друштвото на репресираните Македонци во Бугарија жртви на комунистичкиот терор, билтен „Македонски глас“, Македонски ...

Read More »

Уапсени четири лица во врска до грабежот на аеродромот во Тирана

Албанската полиција соопшти дека уапсила четворица осомничени за грабежот на пет милиони евра на меѓународниот аеродром во Тирана. Во соопштението се наведува дека три лица биле уапсени во Елбасан, додека четвртиот осомничен е пронајден во Круја. Претходно овој месец сторителите ги украле парите кога биле натоварени во авионот на австриска авиокомпанија. Еден од ограбувачите беше убиен во престрелка со огнено ...

Read More »

Македонија: Итната медицинска помош со 12 нови возила

Итната медицинска помош доби 12 нови возила опремени со најсовремена медицинска опрема. Шест од нив, ќе бидат наменети за градот Скопје, а останатите ќе бидат распределени во градовите каде што има потреба од нив. Како што соопшти денеска Министерството за здравство, примарната здравствена заштита е основа на здравствениот систем и затоа зајакнувањето на нејзините капацитети е од круцијално значење за подобрување ...

Read More »

Владата ќе ги печати учебниците за основно образование за ученици припадници на националните малциства во Албанија

Врз основа на закон за заштита на националните малцинства во Република Албанија, Владата на 17.04.2019 година во својата редовна седница на предлог на министерот за образование, млади и спорт донесе одлука да печати учебниците за основно образование за ученици припадници на националните малциства во Албанија. 1. Министерството надлежно за образование нуди печатење, објавување и дистрибуција на учебниците за основно образование за ...

Read More »

Споменик на Цар Александар Македонски поставен во Атина

Споменик на крал Александар Македонски е поставен во центарот на Атина, на аголот меѓу улиците Амалија и Василисис, објави грчкиот весник „Катимерини“.Ова е втора статуа на Александар Македонски во Грција, покрај онаа поставена во Солун во близина на Белата кула. Станува збор за споменик кој е дело на истакнатиот грчки скулптор Jaнис Папас (1913-2005). Одлуката да се постави споменик на ...

Read More »

Претставниците на Делегацијата на ЕУ во посета на Мала Преспа (ФОТО)

Претставниците на Делегацијата на ЕУ во Албанија, заедно со специјалистите на ДРТК Корча, АДЗМ – Корча,  посетуваат некои од спомениците на културата во областа Мала Преспа и Голема Преспа. За време на посетата на Пештерата Трен, Камените слики на Шпиле, селото Шуец, црквата Св. Марија во Глобочани и селото Зрноско итн, беа запознаени со можностите за инвестирање, приоритет во овие области, ...

Read More »

Единствениот монах Македонец со потекло од Лерин се моли на македонски на Света Гора

Славата и парите не биле доволни за да го задржат во светот. Георгиос Теохарис од Лерин, Егејска Македонија по потекло Македонец, се искачил на највисоките скалила во шампионатот за борење, освоил 11 медали, но, кариерата, семејството, пријателите и домот, ги оставил зад себе и пред околу две децении побегнал на Света Гора, во Катунакија, каменлива област на југот од Атонскиот ...

Read More »

Гордана Силјановска Давкова: Во Северна Грција живеат Македонци и не треба да се срамиме од нив

  Кандидатот за претседател на Република Македонија Проф. д-р Гордана Силјановска Давкова вечерва се обрати на граѓаните во Делчево. Како што имало низ векови Македонци, во Егејска Македонија има и денеска и месечината ги води секаде каде што се тие и во Пиринска и во Вардарска и во Егејска, значи како што вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, кога го прашува премиерот ...

Read More »

Началникот на Генералштабот на Војската на  Словенија во посета на Армијата на Македонија

Висока воена делегација на Војската на Република Словенија, предводена од началникот на Генералштабот, генерал-мајор Аленка Ерменц, која се наоѓа во официјална посета на Армијата на Република Македонија. По пречекот на делегацијата на Војската на Република Словенија, со високи воени почести, генерал-мајор Аленка Ерменц оствари средба со својот домаќин началникот на ГШ на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и со министерката за ...

Read More »