Author Archives: Весник Илинден

Федералната Унија на Европските Националности упати честитка за Божик и Нова Година 2019

Федералната Унија на Европските Националности (ФУЕН), се заблагодарува за сите придонеси на сите члени  оваа година ја направивме многу успешна година во рамките на ФУЕН. Ви благодариме за приклучувањето кон нашите настани, за потпишување на Иницијативата за малцинство SafePack и за вашата поддршка. Ние ви посакуваме Среќен Божик и Среќна Нова Година, да биде уште подобра во новата година 2019 ...

Read More »

ММДЧП ја осудува анти-македонската дволичност на Обединетите Нации и нивната прослава на 70-годишнината на Денот на човековите права

„Сите луѓе се родени слободни и имаат еднакви права и достоинство“, порачува Членот 1 од Универзалната повелба за човековите права на Обединетите Нации. Освен ако се Македонци. Во изминатите три декади, ОН ги прекршуваше својата сопствена Повелба, меѓународното право и конвенциите за човекови права, во обид да и го смени името на Република Македонија, значењето на зборот „македонски“, и идентитетот ...

Read More »

Македонија: Маркови Кули ќе биде на постојаната листа на УНЕСКО

Споменикот на природата „Маркови Кули” во Прилеп му се потребни Планот за управување и спој на природното со културното богатство со меѓународна валоризација за да биде на постојаната листа на УНЕСКО, констатираа учесниците на денешната јавна дебата што се одржа во Прилеп. Со ова, всушност, почна комплексниот процес за „Марковите Кули” да се најдат од привремената на постојаната листа на ...

Read More »

Студентските протести во Албанија продолжуваат во јануари

Студентите ги прекинаа протестите и најавија дека ќе ги продолжат следниов месец. Ваквата одлука уследи бидејќи од понеделник официјално почнува одморот за новогодишните празници низ сите универзитети во Албанија. Студентите се обврзаа дека ќе ги продолжат овие протести се до исполнување на нивните економски и академски барања упатени до владата и образовните институции. Повеќе од 2 недели студентите ги бојкотираа ...

Read More »

Македонците од Албанија со свој придонес во Македонската патриотска организација во САД

Македонската патриотска организација – МПО е политичка организација основана во Форт Вејн, САД во 1922 година од Македонски емигранти, подоцна преименувана во Македонска Патриотска Организација – MPO е eднo oд најстарите македонски иселенички здруженија формирано во САД. Притонес дале и Македонците од Албанија. Гранки се создавале и во Австралија, Нов Зеланд и Јужна Америка.

Read More »

Земјотрес од 7,4 степени ја погоди Русија

Земјотрес со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала го погоди полуостровот Камчатка, на истокот на Русија. Како што јавија локалните медиуми, издадено е предупредување за цунами. Потресот се случил на длабочина од 33 километри во Берингово Море, со епицентар на 80 километри источно од брегот на Камчатка. Најблиско населено место до епицентарот е селото Николскоје. Засега нема информации за ...

Read More »

Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов ги прими учесниците во проектот „Ден со македонските водечки извршни директори”

Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов, денеска приреди прием за студентите од додипломски, постдипломски и докторски студии, коишто во рамки на проектот „Ден со македонските водечки извршни директори”, беа избрани да поминат еден работен ден со менаџери на успешни компании во Република Македонија. Проектот по втор пат се реализира под покровителство на Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, ...

Read More »

Пратеник го гаѓаше Еди Рама со јајца во парламент (ВИДЕО)

Седницата на Парламентот на Албанија на кратко беше прекината откако пратеникот од опозициската Демократска партија Ендри Хаша го гаѓаше со јајца премиерот Еди Рама. Рама по инцидентот ја напушти собраниската седница. Фотографијата на која се гледа како Хаша го гаѓа Рама со јајца ја објави поранешниот албански премиер Сали Бериша со порака „За присутните – тост и јајца“. Хаша го ...

Read More »

Иран ги обвинува САД и Израел за протерувањето на амбасадорот на Иран од Албанија

  Иран ги обвинува САД и Израел за протерување на амбасадорот и еден дипломат од амбасадата на Исламската Република Иран од Албанија. Иранската новинска агенција Ирна го цитира портпаролот на Министерството за надворешни работи, Бахрам Гасеми, дека “Албанија стана ненамерна жртва на САД, Израел и некои терористички групи”. Тој вели дека САД и Израел работат на уништување на односите меѓу Иран ...

Read More »

Кривични пријави за 80 носители на јавна функција поради корупција во Албанија

  Во последните две недели во Албанија се евидентирани 55 кривични дела за корупцијата и злоупотреба на службената положба од страна на носители на јавни функции. Министерката за правда, Етилда Ѓонај изјави дека кривична постапка е почната за 80 лица, при што 11 се во притвор, додека 69 се бранат од слобода. Меѓу оне кои заработија кривична пријава е и ...

Read More »