Author Archives: Весник Илинден

Во Елбасан убиени три лица во автомобил во движење

Во Елбасан, во вооружен напад врз возило во движење убиени се три лица, меѓу нив еден странец. Инцидентот се случил синоќа во 21:15 часот, кога три лица со калашњикови пукале во возилото,со италијански регистарск таблички, во кое се наоѓале жртвите. Се верува дека се било организирано бидејќи убијците го следеле возилото во кое биле убиените. На самото место е убиен ...

Read More »

Годишно обраќање на претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, во Собранието на Република Македонија

Уставот на Република Македонија ме обврзува како Претседател на Република Македонија барем еднаш во годината да се обратам во Собранието за прашања од мојата надлежност. Во оваа прилика, преку ова Собрание се обраќам и до македонските граѓани за најважните прашања со кои се соочува нашата Република. Во изминатата година како Претседател на Република Македонија со Владата соработував околу повеќе прашања ...

Read More »

Мета постхумно го одликува Стерјо Спасе со „Витез на редот на знамето” Корча

Претседателот Илир Мета со признанието „Витез на редот на знамето” постхумно го одликува, Стерјо Спасе познат албански писател со македонско потекло; Признанието го прими неговиот син Илинден Спасе, на научниот симпозиум “Животот и литературното дело на Стерјо Спасе”,што денеска се одржува во албанскиот град Корча. Со огромно задоволство ја прифатив поканата да учествувам на овој симпозиум, кој го вреднува и ...

Read More »

АРМ брифинг за 2018 година пред Претседателот на Република Македонија

Во Домот на АРМ во Скопје, се одржа брифинг за борбената готовност на Армијата на Република Македонија, на кој Началникот на ГШ на АРМ, генерал-мајор Васко Ѓурчиновски го информираше Претседателот на Република Македонија и Врховен Командант на Вооружените сили, Ѓорге Иванов за состојбата во армијата во текот на 2018 година. На брифингот присуствуваа: Министерката за одбрана Радмила Шекеринска, Заменикот на ...

Read More »

Медиумски меѓународни организации повикуваат Албанија да се откаже од законите за онлајн медиуми

  Четири меѓународни медиумски организации ја повикаа албанската Влада да се откаже од два предлог-закони за државна регулатива и обврзна регистрација за онлајн медиуми, кои планира да ги усвои со цел борба против лажните вести. Во писмо до премиерот Еди Рама и министерката за правда Етилда Ѓонај, Европскиот центар за слобода на медиуми, Европската федерација на новинари, Репортери без граници ...

Read More »

Во Корча на 27 декември 2018 година научен симпозиум посветен на “Животот и литературното дело на Стерјо Спасе”

Македонското друштво “Сонце” од Корча во соработка со Универзитетот “Фан Ноли” во Корча, на 27 декември 2018 година, со почеток во 11.00 часот, во конференциската сала при Земјоделскиот факултет во Корча, организира научен симпозиум посветен на “Животот и литературното дело на Стерјо Спасе”. На научниот симпозиум со свои трудови ќе учествуваат научници од Албанија и Македонија. Исто така, на научниот симпозиум ...

Read More »

Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана оствари средба со Амбасадорот на Република Македонија во Албанија Данчо Марковски

Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана Никола Ѓурѓај на 24.12.2018 година во Амбасада на Република Македонија во Тирана оствари средба со Амбасадорот, Данчо Марковски. На работната средба претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, го информираше амбасадорот за најновите настани поврзани со актуелната положба на Македонците во Република Албанија, при што беа актуелизирани прашања кои се однесуваат на проблемите на македонско национално малцинство во ...

Read More »

Православните верници и Католичките верници го празнуваат Божик по Грегоријанскиот календар

Православните верници и Католичките верници кои времето го сметаат по Грегоријанскиот календар денеска го слават Божик, раѓањето на Исус Христос. Божик го слават Албанската, Грчката, Бугарската, Романската, Украинската и Грузиската православна црква кои го прифатија Грегоријанскиот календар. Преостанатиот православен свет кој се води според Јулијанскиот календар, меѓу кои и Руската, Српската и Македонската православна црква, Ерусалимската патријаршија, како и дел ...

Read More »

Македончињата во Корча добија новогодишни пакетчиња од округот Корча

Во знакот на новогодишните празници, претседателката на Советот на Округот Корча, Ана Веруши денеска на Македончиња, кои посетуваат курс по македонски јазик во градот Корча, им даруваше новогодишн пакетчиња и им посака здравје и успеси. Искажуваме голема благодарност до претседателката Веруши и нејзините соработнци за посетата и вниманието. Децата беа пресреќни. Иако курсевите по македонски јазик се редовни, за првпат ...

Read More »

Делегација од Владата на Република Македонија на посета на стопанственици во Албанија

Делегација од Владата на Македонија, предводена од министерот за странски инвестиции, Бардул Даути, советничката за земјоделство на Претседателот на Владата, Ленче Николовска и советникот во кабинетот на министерот за земјоделство, Никица Бачовски, неодамна беа во Тирана, на средби со стопанственици од Албанија. Целта на посетата беше развивање на соработка меѓу двете држави во областа на бизнисот и земјоделското производство. Се ...

Read More »