Светскиот Македонски Конгрес (СМК) информира дека од 9 август 2018 година започнува проверката на податоците во Избирачкиот список за спроведување на неуставниот и незаконскиот референдум на 30 септември. Увидот ќе трае до 23 август 2018 година до 24:00 часот. СМК ги повика македонските државјани, во татковината и во светот, да ги проверат податоците во Избирачкиот список, и доколку сметаат дека ...
Read More »Author Archives: Весник Илинден
Преспанско Езеро 6.000 кадроглавни пеликани
Кадроглавиот пеликан е најзначајната и најатрактивна птица на Преспа. Популацијата на оваа птица од година на година се зголемува. Ако пред неколку години пописот избројал 1.200 двојки, сега бројката е над 1.600 двојки, што значи над 3.200 кадроглави пеликани. Иако се гнезди на Мало Преспанско Езеро, во летните месеци илјадници единки се среќаваат на македонскиот дел на Преспанско Езеро, каде ...
Read More »Каменос: „Независни Грци“ ќе излезат од Владата
„Независни Грци“ ќе ја напуштат владата пред Договорот од Преспа да влезе во грчкиот Парламент, најави лидерот на оваа партија, Панос Каменос. Не може да се даде името без да му се даде збор на грчкиот народ, оценува Каменос во интервју за тамошен медиум. Ќе си поднесеме оставки како министри во владата оној момент кога премиерот Ципрас ќе реши договорот ...
Read More »Руска амбасада во Тирана: Албанските медиуми да не шпекулираат за Косово
Амбасадата на Руската федерација во Тирана, во реакцијата околу идејата за промена на границите на Косово,оценува дека прашањата за статусот на Косово треба да се реши врз основа на Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН. Исто така стои дека Русија инсистира на реализација на сите договори постигнати во рамките на разговорите Белград-Приштина и никогаш нема да се ...
Read More »Македонската „Комерцијална банка“ го превзеде капиталот на Тирана Банк
Македонската „Комерцијална банка“ го превзеде капиталот на Тирана Банк, најмоќната банка во Албанија. Превземањето беше со помош на компанијата Балфин груп, која инвестира во речиси сите земји во регионот, како и во Австрија и Велика Британија. Досега сопственик на Тирана Банк беше грчката Пиреус, со која веќе е потпишан договорот за превземање, односно за предавање на капиталот.
Read More »Македонија 28-ма по извоз на вино во светот
Македонија е на 28 место во светот според извозот на вино, а на 173-то според увозот, објави специјализираниот меѓународен сајт за статистика www.worldstopexports.com. Минатата година од извозот на вино земјава реализирала 52,4 милиони долари што е 0,1 отсто од извозот во светски рамки. Вредноста на македонскиот увоз, пак, лани достигнал 699.000 долари што е 0,002 процента од извозот во светот. Според ...
Read More »ТМРО: Бојкотот на референдумот не значи заземање страна
ТМРО преку соопштение се огради од етикетите дека бојкотот на референдумот значи заземање проруска страна. Ставот за бојкот на консултативниот необврзувачки референдум, никако не значи заземање проруска страна и од секаква таква етикета ТМРО јасно и јавно се оградува. Македонски народ и македонска држава, рамноправно призната без уцени, со неутрален статус е оптималното решение . ТМРО е со став, содржината ...
Read More »Русија забрани влез во Русија за шефот на политичката канцеларија на Коѕијас
Забрана за влез во Русија за директорот на политичката канцеларија на Никос Коѕијас и протерување на двајца грчки дипломати се „контра мерките“ на Москва, откако Атина протера двајца руски дипломати, а за двајца забрани влез. Како лична порака до министерот за надворешни работи Никос Коѕијас, би требало да се карактеризира одлуката на Москва да забрани влез во Русија за ...
Read More »Рибниците на “Свети Јован Крстител” Бигорскиот манастир повторно ќе се вади радичка пастрмка
Во македонското древно светилиште „Свети Јован Крстител“, попознато како Бигорски манастир, при крај е обновувањето на манастирските рибници, во кои до пред шеесетина години се одгледувала познатата радичка пастрмка. Рибниците кои почнале со работа во 1936 година и во кои се одгледувала радичка пастрмка, престанале да работат 1957/58 година. Завршена е првата фаза. Расчистени се рибниците, што беа покриени со ...
Read More »Приведени седум македонски државјани кои се бореле во Сирија и Ирак
Министерството за внатрешни работи и надлежните институции на Република Македонија во соработка со партнерите од Глобалната коалиција за борба против тероризмот и Сириските Демократски Сили, денеска приведоа седум македонски државјани за кои постојат основани сомненија дека како странски терористички борци активно учествувале во војните во Сирија и Ирак. Станува збор за македонските државјани С.Р. 1990, Џ.А. 1993, Б.Ф. 1994, О.Ж. ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden