Author Archives: Весник Илинден

Николоски во работна посета во Вашингтон, обраќање во Светска банка и високи средби во Стејт Департментот

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски и членови на неговиот кабинет во наредните три дена ќе престојуваат во САД, каде што е предвидено да има средби во Светска банка и Стејт Департментот, информираат од ресорното министерство. На годишниот форум насловен како ,,Transforming Transportation 2026″, Николоски ја има честа да се обрати како еден од главните говорници. ...

Read More »

ОМО “Илинден”-Пирин: Поддршка за адвокатот Тони Менкиноски

Организацијата ОМО “Илинден”-Пирин изрази јавна поддршка за адвокатот Тони Менкиноски, оценувајќи дека забраната која му е изречена нема правна основа, туку претставува етнички мотивирана одлука. Од организацијата наведуваат дека ваквата постапка, според нив, е насочена против Менкиноски поради неговата припадност и ангажман во одбрана на правата на Македонците во Бугарија. „Забраната против адвокатот Тони Менкиноски не е со правна позадина ...

Read More »

Литургиското чествување на свети Григориј Палама и осветувањето на новиот конак во Рајчица (ФОТО)

Ако првата недела на Великиот пост, Неделата на Православието, ни покажа дека, воплотувајќи се, Бог стана видлив и дека Неговиот лик може да се наслика на икона, тогаш втората недела ни открива нешто уште подлабоко: дека истиот Он Бог не само што стана видлив, туку и Неговата несоздадена светлина е достапна, допирлива, искусива. Зашто тоа е учењето на свети Григориј ...

Read More »

Мисајловски со честитка по повод 8. Март, Меѓународниот ден на жената

Министерот за одбрана на Македонија, Владо Мисајловски по повод Меѓународниот ден на жената испраќа честитка до сите жени, припаднички во составот на македонската Армија и во Министерството за одбрана. Во продолжение честитката од министерот Мисајловски: “По повод 8 Март – Меѓународниот ден на жената, упатувам искрени честитки до сите жени, припаднички на Армијата и Министерството за одбрана. Жените се незаменлив ...

Read More »

Централниот Совет на Македонците во Германија ја осуди забраната за влез на Тони Менкиноски во Бугарија

Централниот Совет на Македонците во Германија остро го осудува десетгодишниот влезен забран што бугарските власти му го изрекоа на македонскиот адвокат за човекови права Тони Менкиноски. Оваа мерка претставува сериозен удар врз слободното вршење на адвокатската професија и отвора суштински прашања за почитувањето на принципите на владеење на правото од страна на една членка на Европската Унија. Напад врз човековите права и ...

Read More »

Македонско друштво “Илинден”-Тирана ви посакува среќен 7-ми март, Денот на учителот

Македонско друштво “Илинден”-Тирана ви посакува среќен 7 март, Денот на учителот почит до сите учители кои го осветлуваат нашиот пат со своето знаење и посветеност!– стои во честитката на Македонско друштво “Илинден”-Тирана.

Read More »

Скандалозно: Адвокатот на Македонците во Бугарија Тони Менконоски на црна листа на Софија – 10 години не смее да влезе во Бугарија

Адвокатот Тони Менкиноски објави дека официјалните власти во Софија, Република Бугарија, донеле одлука со која му се изрекува забрана за влез во државата во траење од 10 години. Тој за утре најави прес-конференција на која ќе ги изнесе деталите за случајот, оценувајќи дека станува збор за „скандалозна одлука“ и директен притисок врз неговата работа. Станува збор за директен напад врз ...

Read More »

Македонски весник “Илинден“ петнаесет години ѕвезда Деница за македонскиот збор

Одбележување на годишнината од првиот број на гласникот на Македонците во Албанија Петнаесет години истрајност и посветеност – весникот „Илинден“ е жив хроничар на македонската заедница во Албанија, чувар на јазикот и културата и мост што ги поврзува генерациите и дијаспората низ светот На 1 март 2011 година, македонското друштво „Илинден“-Тирана го издаде првиот број на својот весник „Илинден“. Тој ...

Read More »

Македонија: Во недела почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток

Eвакуацијата на македонските државјани од земјите од Блискиот Исток, која ќе се реализира со комерцијални чартер-летови, ќе почне во недела, соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Македонија. Министерството попладнево склучи договор со авиокомпанија, согласно Законот за јавни набавки, по спроведена соодветна постапка. Согласно утврдениот план и предвидената динамика, се очекува до средината на следната недела да бидат ...

Read More »