Вчера донесената одлука на македонската влада, за отворање генерален конзулат во Корча, за Македонците во Албанија претставува историски чин, стои во соопштението на македонското друштво ” Илинден” -Тирана. Во мое и во име на Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонците во Република Албанија упатувам честитки до Владата на Република Македонија која на предлог на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, ...
Read More »Author Archives: Весник Илинден
Борко Ристовски: Нов современ спортски комплекс во Кичево – инвестиција за здрави генерации
Кичево доби ново спортско срце – современ мултифункционален комплекс, свечено отворен денес од министерот за спорт Борко Ристовски, во присуство на пратеникот Ѓорѓија Сајкоски и заменик-министерот за јавна администрација Лазе Јакимоски. На местото каде што со години беа запоставени и нефункционални терени, сега блеска модерен спортски центар изграден со инвестиција од 6.960.000 денари, обезбедени од Министерството за спорт. Новиот комплекс ...
Read More »Отворен Саемот на книга во Битола – Коњановски: Читањето е патување кон себе и иднината (ФОТО)
Под слоганот „Светот во страници“, на платото пред Народниот театар во Битола свечено беше отворен Саемот на книги, како дел од културната манифестација Битфест 2025. Љубителите на книгата ќе можат да уживаат во богат избор на литературни наслови до 1 август, кога саемот ќе биде отворен за посетители. Со свои штандови се претставуваат седум издавачки куќи и институции: „Бата прес“, ...
Read More »Владата на Македонија донесе одлука за отворање Гелерален конзулат во Корча, конзулатот ќе биде со јурисдикција во Корча, Преспа, Голо Брдо, Гора и Поградец
На предлог на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, Владата на денешната седница донесе одлука за отворање Гелерален конзулат во Корча, Албанија. Конзулатот ќе биде со јурисдикција во Корча, Преспа, Поградец, Голо Брдо и Гора. „Граѓаните мора да имаат брз и ефикасен сервис и услуги, поддршка за културни, образовни и економски врски“, се наведува во владиното соопштение. За одлуката ...
Read More »Горни Дебар и кои автори пишувале за Дебар
Според преданието, градот Дебар се наоѓал кај денешното село Граждани – денес во Албанија, а потоа се преместил и се прилепил до старото село Раовник (Орехово), а пак друго предание вели дека селото Коџаџик „пред доаѓањето на Турците и долго време потоа се викало Оровник“. Менувањето на положбата на имињата на градовите била многу честа појава во историјата. Името Дебар ...
Read More »Албанија: Пожари беснеат низ цела земја, кај Делвина евакуирани три села
Пожарот гори со денови, и во него изгореа 21 куќа и црква, а поради силниот ветер се проширил кон други населени места поради што евакуирани се жителите на три села. Операцијата продолжува со сите структури, потпомогнати од 60 пожарникари и четири противпожарни возила на вооружените сили, армиски хеликоптери како и на Унгарија. За време на гаснењето, началникот на полициската станица ...
Read More »Се уште беснее пожарот во Националниот парк „Преспа“ кај Пустец
Се уште беснее пожарот во Националниот парк „Преспа“ кај Пустец, чие гаснење е прекинато синоќа и ќе продолжи денеска. Градоначалникот на општина Пустец, Пали Колефски рече дека поради високите температури, ветерот и недостапниот терен гаснењето е речиси неможно а опожарената површина е многу голема. Од првите моменти кога беше пријавено, имаше брза реакција, но времето и оваа суша го фаворизираа ...
Read More »Премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски во посета на Македонците во Општина Пустец (ФОТО – ВИДЕО)
Премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето на Македонскиот фолклорен фестивал Преспа во Општина Пустец, во Албанија порача дека Пустец е доказ дека припадноста не се брише, дека коренот останува, дури и кога над него дуваат силни ветрови и дека постојат луѓе што не чекаат благодарност, туку само можност да продолжат онаму каде што другите би се откажале. Ви благодарам ...
Read More »Тошковски во Пустец: Грижата за македонците надвор од границите мора да биде континуирана, суштинска и видлива во пракса
Министерот за внатрешни работи на Македонија, Панче Тошковски заедно со премиерот Христијан Мицкоски и министерот за култура Зоран Љутков, присуствуваше на фолклорниот фестивал „Преспа 2025“ во Пустец, каде што уште еднаш беше потврдено колку е силна врската меѓу Македонија и македонската заедница во Мала Преспа. Фестивалот беше вистински пример за тоа како се чува јазикот, културата и идентитетот. Средбата со ...
Read More »Николоски: 11 нови авиодестинации, 20 проценти раст на туризам, Скопје и Охрид ставени на светската мапа
Туризмот расте со силно темпо како резултат на 11-те нови авиодестинации што ги воведовме. Имаме за 20 % раст на туристи во споредба од минатата година. Скопје веќе е ставен на светската мапа, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во интервјуто во емисијата “Јади бурек” “Откако сме избрани имаме 11 нови дестинации од скопскиот и охридскиот аеродром. Само ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden