Author Archives: Весник Илинден

Средба Николоски – Ле Риголер: Работиме на унапредување на економската соработка меѓу Македонија и Франција. Остануваме фокусирани на европската перспектива на земјата

Потпретседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, заедно со заменик министерката Калтрина Зеколи Шаќири, денеска остварија работна средба со амбасадорот на Француската Република, Кристоф Ле Риголер. На средбата на која се потврдија добрите билатерални односи меѓу двете земји, беа разменети меѓусебни мислења и ставови за политичките и економски прашања во земјава и регионот. Вицепремиерот Николоски го истакна пријателството ...

Read More »

Албанија доби „зелено светло“ за отворање на Кластер 4

Албанскиот премиер Еди Рама објави дека земјата добила „зелено светло“ за отворање на Кластерот 4 во преговорите за членство во ЕУ. „Албанија е незапирлива. Уште еден важен чекор кон членството во ЕУ. Албанија денес доби зелено светло за отворање преговори за Групата 4 поглавја – Зелена агенда и одржлива поврзаност“, напиша Рама на Фејсбук. Кластерот 4 ги вклучува поглавјата 14 ...

Read More »

Kонкурс за доделување на студентски стипендии за Македонците во соседството за студиската 2025/2026 година

Министерството за образование и наука објави Конкурс за доделување 50 студентски стипендии за македонско потекло кои живеат во Албанија, Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Косово, Турција, Романија, Црна Гора и Грција. Врз основа член 51 од Законот за студентски стандард („Службен весник на Република Македонија” бр. 15/13, 120/13, 41/14, 146/15, 30/16, 178/16, 64/18, 20/19 и „Службен весник на Република ...

Read More »

Советот на Европа ја повика Словенија да го признае хрватскиот како малцински јазик во земјата

Словенија се уште не го признава хрватскиот јазик како малцински јазик, предупреди комитетот на експерти на Советот на Европа во извештај објавен денеска, и предложи, заедно со германскиот и српскиот, да биде признат како јазик на национално малцинство што традиционално се зборува во државата. Комитетот на експерти за Европската повелба за регионални или малцински јазици на Советот на Европа, исто ...

Read More »

Поглаварот на Албанската автокефална православна црква г.г. Јоан, Архиепископ на Тирана, Драч и цела Албанија во официјална посета на Вселенската патријаршија во Истанбул

Автокефалната православна црква на Албанија објави дека од 13 до 17 јуни 2025 година, Неговото Блаженство, Архиепископот на Тирана, Драч и цела Албанија г.г Јоан, заедно со црковна делегација, ќе престојува во официјална мирна посета на Вселенската патријаршија во Истанбул. Делегацијата ќе ја сочинуваат Митрополитот на Фиер и Аполонија, Неговото Блаженство Никола, Бератски, Неговото Блаженство Асти, Епископ Крујски, Неговото Блаженство ...

Read More »

Мерц: Можно е повторно воведување на задолжителна воена служба во Германија

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека владата ќе ја преиспита можноста за повторно воведување задолжителна воена служба доколку доброволните програми не успеат да привлечат доволен број војници во Бундесверот. Споделувам став со министерот за одбрана дека Бундесверот има сериозен недостиг од персонал, изјави Мерц на заедничка прес-конференција со холандскиот премиер Дик Схоф во Берлин. Тој нагласи дека доколку доброволното регрутирање ...

Read More »

Началникот на Генералштабот на Вооружените сили на Унгарија, во официјална посета на Македонија

Делегација на Вооружените сили (ВС) на Унгарија, предводена од началникот на Генералштабот на ВС, генерал Габор Беренди  престојува во дводневна официјална посета на Армијата на Република Македонија. По приемот со високи воени почести, во Кампот за обука на вода во Охрид, генерал Габор Беренди оствари средба со својот домаќин, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски. На средбата се ...

Read More »

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски оствари средба со амбасадорот на Република Албанија во Македонија, Денион Мејдани

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија, Тимчо Муцунски денеска оствари средба со амбасадорот на Република Албанија во земјава, Н.Е. Денион Мејдани. Во фокусот на разговорот беше значењето на интеграцијата на регионот во Европската унија, при што беше нагласено дека успешно заокружување на европската перспектива на земјите од Западен Балкан ќе придонесе за понатамошен развој, стабилност и ...

Read More »

Денес: Промоција на „Траги врз песок“ од Бојан Стефановски

Книга-водич за успех на менаџери за продажба, инспириран од врвните спортски тренери, и во Македонија. „Одличен водич зауспех за сите амбициозни млади луѓе кои имаат желба, мотивација и волја да остават видливи траги зад себе. Силните пораки во текстот сигурен сум дека ќе создадат нови борци со победнички менталитет!“ порачува Кирил Лазаров.  Објавена е првата македонска нига-водич за успех на менаџери ...

Read More »