Author Archives: Весник Илинден

Голо Брдо – Македонскиот идентитет во срцето на Албанија

Голо Брдо е регион, кој со својата природна убавина, културно наследство и историја претставува значајно парче од мозаикот на македонскиот етнички идентитет во Албанија. Лоциранa југозападно од градот Дебар, оваа област опфаќа 21 село, кои претежно се населени со Македонци. Со векови, жителите на Голо Брдо го негуваат својотмајчин македонски јазик, обичаи и традиции, одржувајќи ја живата врска со своите ...

Read More »

Во Тирана, од 7 до 13 април ќе биде одржана „Недела на македонската култура“

Тоа благодарение на залагањата на вршителот на должноста македонски амбасадор, Љуфтим Спахиу, директорката на македонскиот КИЦ, Емилија Попивода и македонски активист Ендрит Фетаху, кои во изминатите денови имаа повеќе средби со албански претставници, од кои е добиена целосна поддршка. Целта на оваа многу значајна манифестација е промоција на македонската култура, туризам и економија. Меѓу многуте активности во познати објекти во Тирана, ...

Read More »

Игуменот Серафим отслужи Трисагио на гробот на блаженоупокоениот Анастас, Архиепископот на Тирана, Драч и цела Албанија (ФОТО)

Неговото Високопреподобие игуменот Серафим, духовникот на манастирот „Св. Јован Претеча“ од с. Слепче, Демирхисарско, заедно со сестринството од овој манастир присуствуваа на светата заупокоена Литургија за блаженоупокоениот Архиепископот на Тирана, Драч и цела Албанија, Неговото Блаженство Анастас. Серафим отслужи мал помен – Трисагио, пред погребението на Архиепископот Анастас и по погребението повторно, на неговиот гроб. Вечнаја памјат!

Read More »

Судир на патничкиот авион со воен хеликоптер во Вашингтон (ВИДЕО)

Националниот аеродромот „Роналд Реган“ во Вашингтон поради инцидентот синоќа беше затворен. На местото на несреќата можеа да се видат неколку десетици возила на службите за брза помош. Властите во американската престолнина вршат истрага откако синоќа во воздух се судрија помал патнички авион на „Американ Ерлајнс“ и воен хеликоптер. Сударот се случил во близина на главниот аеродромот во Вашингтон, а делови ...

Read More »

Преставници на Македонската Православна Црква-ОА, Митрополитите Преспанско-пелагониски и Брагалнички на опелото на Архиепископот на Тирана, Драч и цела Албанија, Анастас

Денска во катедралниот храм „Воскресение Христово“ во Тирана се отслужени Литургија и опело за блаженоупокоениот Архиепископ Тирански и на цела Албанија Анастас. На опелото началствуваше Цариградскиот Патријарх Вартоломеј, во сослужение на синодските архијереи на Автокефалната православна црква на Албанија. Молитвено беа присутни делегации од помесните Православни Цркви, меѓу кои беа Патријарсите: Цариградски Вартоломеј, Александриски Теодор, Ерусалимски Теофил, Бугарски Даниил, поглаварите на Кипарската ...

Read More »

Стерјовски: Побаравме од МЕНР на Албанија да потпише договор со соседните земји за меѓусебно признавање на малцинствата на реципроцитетна основа

Лидерот на единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, смета дека во оваа земја нема политичка волја од сите политички сили за остварување на легитимните права на малцинствата. На малцинствата не гледаат како мост на поврзување со нашите матични земји, каде што можеме да дадеме придонес. Ние како малцинства сме сите мирољубиви малцинства. Ние ...

Read More »

Телеграма со сочуство упати Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи на Македонија по повод упокојувањето на г.г.Анастас, Архиепископот на Тирана, Драч и цела Албанија 

Директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ) на Македонија, г-ѓа Оливера Трајковска испрати телеграма со сочувство до Светиот архиерејски синод, како и до свештенството и верниот народ на Православната црква на  Албанија по повод упокојувањето на Нивниот првоерарх, Неговото блаженство, Архиепископот на Тирана, Драч и на цела Албанија, г. Анастас. ТЕЛЕГРАМА СО СОЧУВСТВО Ваши Високипреосвештенства, ...

Read More »

Тирана да не подлегнува на бугарските притисоци за преименување на Македонците

Добро упатените во оваа проблематика велат дека употребата на деноминирачкиот термин „северномакедонци“ од страна на албанските институции за првпат се случи за време на последниот попис на населението, па оттука изјавата на албанската амбасадорка во Софија, Инид Мило, според експертите, „не е преседан, туку континуитет во албанската политика“. Оваа „доследност во употребата на терминот северномакедонци од страна на Тирана“, според ...

Read More »

Рекордна фреквенција на граничниот премин Требиште – Џепиште во областа Голо Брдо 

На граничниот премин Требиште – Џепиште во областа Голо Брдо според статистиката на македонското министерство за внатрешни работи, регистрирана е рекордна фреквенција на патници споредено со претходната година. На граничниот премин Џепиште-Требиште минале 51.080 патници, од нив странски 48.116 и 2.964 македонски државјани. Споредено со претходната година бројот е поголем за 12.255 патници“, потврдуваат од министерството. Зголемената фреквенција на  се должи, ...

Read More »