Author Archives: Весник Илинден

Од мај Визер ќе продава авиобилети за Барселона, Лион и Штутгарт

По денешната средба меѓу генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт, и управниот директор на Визер, Роланд Тишнер, билетите за трите нови авиолинии од Меѓународниот аеродром Скопје до Барселона, Лион и Штутгарт се официјално во продажба на веб-страницата на Визер. Генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт и Роланд Тишнер, управен директор на Визер денеска одржаа состанок на Меѓународниот аеродром Скопје, ...

Read More »

САД со нови санкции против Северна Кореја и Русија

САД воведоа нови санкции против Северна Кореја и Русија, насочени кон финансиските активности на Пјонгјанг и воената поддршка што Северна Кореја ја дава на Москва. Новите мерки ги соопшти синоќа Министерството за финансии на САД. -Континуираните провокативни активности на режимот на Ким Џонг Ун, вклучувајќи го последното тестирање на интерконтинентална балистичка ракета и зголемената воена поддршка за Русија, ја нарушуваат ...

Read More »

Шефот на руските сили за нуклеарна заштита загина во експлозија во Москва

Високиот генерал на руската армија и шеф на силите за нуклеарна, биолошка и хемиска одбрана Игор Кирилов загина во експлозија во Москва. Како што јавува Би-Би-Си, генералот Кирилов ја напуштал станбената зграда кога експлодирал експлозив скриен во скутер, соопшти Рускиот истражен комитет. Тој бил придружуван од неговиот помошник, кој исто така починал. Кирилов беше одговорен за руските сили за нуклеарна ...

Read More »

Трета меѓувладина конференција меѓу Албанија и ЕУ во Брисел

Албанија ги отвора преговорите со ЕУ за групата-поглавје 6: Надворешни односи, бидејќи во Брисел ќе се одржи Третата меѓувладина конференција меѓу Албанија и Европската унија. На оваа конференција албанската делегација ќе ја предводи премиерот Еди Рама. Во Брисел на маса се Поглавје 30 – Надворешни односи и Поглавје 31 – Надворешна, безбедносна и одбранбена политика. Оваа одлука доаѓа по отворањето ...

Read More »

Албанија ќе формира резервен армиски состав со 2100 припадници

Покрај активниот состав на вооружените сили, Албанија ќе формира резервен армиски состав кој ќе брои 2100 припадници. Резервистите ќе бидат обучени со цел да се комплетира досегашната структура на армијата во одржување на нивото на подготвеност и оперативност потребни за исполнување на националните обврски во рамки на НАТО, се наведува во документот. Предлог-законот предвидува резервниот состав да биде 25 отсто ...

Read More »

Владата на германскиот канцелар Олаф Шолц ја загуби довербата на мнозинството во парламентот

Владата на германскиот канцелар Олаф Шолц ја загуби довербата на мнозинството во парламентот. Германија ја очекуваат предвремени парламентарни избори на 23 февруари следната година. По нешто повеќе од три години на власт, германската влада предводена од социјалдемократот Олаф Шолц го загуби мнозинството во парламентот. Германскиот Бундестаг во понеделникот и изгласа недоверба на владата која, покрај Социјалдемократите, ја сочинуваа и партиите на Зелените и Либералите. Само ...

Read More »

Одбележани 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи помеѓу Македонија и 18 земји

Денес во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Македонија со свечен настан беа одбележани 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи на Република Македонија со 18 земји: Република Чешка, Унгарија, Кралството Шпанија, Португалската Република, Кнежевството Лихтенштајн, Големото Војводство Луксембург, Република Австрија, Кралството Белгија, Светата Столица, Република Словачка, Швајцарската Конфедерација, Ирска, Арапската Република Египет, Социјалистичка Република Виетнам, Јапонија, Република ...

Read More »

Прво обраќање на Башар ал Асад по падот од власт во Сирија

Поранешниот претседател на Сирија, Башар ал Асад за првпат јавно се огласи по соборувањето од власт на почетокот на декември и неговата евакуација во Русија. Во пишано соопштение објавено денеска (16 декември), тој детално ги опиша околностите под кои ја напушти земјата, истакнувајќи дека неговото заминување ниту било планирано, ниту изнудено во „последните часови на борбите“. Асад наведе дека до ...

Read More »

Министерството за транспорт објави втор јавен повик за воведување на нови авиодестинации

Министерството за транспорт на Македонија го објави вториот јавен повик за финансиска поддршка за воведување на нови дестинации од Мeѓународниот аеродром Скопје и Св. Апостол Павле во Охрид за период 2025-2027 година. „Јавниот повик е отворен и на него можат да се пријават сите заинтересирани авиокомпании кои ги исполуваат следниве критериуми: Да имаат превезено најмалку 5 милиони патници во 2023 ...

Read More »

Мојсова-Чепишевска во Солун на македонски за Рацин, Шопов, Конески: Секоја граница е тешко да се помине, но мора да се вложат сите сили и  работите да течат кон вистинска соработка 

Секоја граница е тешко да се помине. Ама мора да ги дадеме сите сили, и професионални и лични, за да почнат рабoтите да течат кон вистинска соработка меѓу двата универзитета. И ние, овде, во Солун, тоа го докажавме. Оваа конференција, на која говориме на македонски јазик за македонскиот јазик, книжевност и култура се темели на некои претходни објави-настани. Меѓу другото, ...

Read More »