Author Archives: Весник Илинден

Претседателката на Македонија Гордана Сиљановска Давкова во Цетиње беше пречекана од претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ (ФОТО+ВИДЕО)

Претседателката на Македонија Гордана Сиљановска Давкова денеска во Цетиње со највисоки државни и воени почести беше пречекана од претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, по што се одржа тет-а-тет средба меѓу двајцата претседатели, пленарен состанок на делегациите на двете држави и заедничка прес-конференција на претседателите. Во продолжение е интегралната изјава на претседателката Сиљановска Давкова, а од линковите подолу можете да ...

Read More »

Албанија ја слави 112-годишнината од прогласувањето на независноста

Албанија денеска ја слави 112-годишнината од прогласувањето на независноста. На 28 ноември 1912 година, Исмаил Ќемали го подигнал знамето во Валона, прогласувајќи ја Албанија за суверена и независна држава. Со актот на Декларацијата за независност на Албанија, претседателот на привремената влада Исмаил Ќемали ги известил шесте големи сили: Англија, Италија, Австро-Унгарија, Франција, Германија и Русија. Исто така, биле известени балканските ...

Read More »

Започната третата фаза од инвестицискиот циклус на германската компанија КОСТАЛ

Директорот на ТИРЗ, Гоце Димовски, заедно со премиерот Мицкоски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски и градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков присуствуваа на официјалното одбележување на почетокот на третата фаза од инвестицискиот циклус на германската компанија КОСТАЛ. Директорот Димовски изрази особена поддршка за инвестицијата како значаен придонес кон економскиот раст, отворањето нови работни места и промоцијата на ...

Read More »

Промовирана книгата „Лазар Соколов (1914-1984)“ од Катерина Тодороска и Станислава Трајановска

На 27. 11. 2024 година во Занаетчискиот дом во Куманово беше промовирана кнгата „Лазар Соколов (1914-1984)“ од Катерина Тодороска и Станислава Трајановска, издание на реномираната издавачка куќа „Менора“ од Скопје. Ова најново издание на „Менора“ излегува по повод 110 годишнината од раѓањето и 40 годишнината од смртта на основоположникот на македонскиот екомонски и стопански развој на повоена Македонија, Лазар Соколов. ...

Read More »

Честитка од Македонско друштво “Илинден“ за 28  ноември 1912 денот на Независноста на Албанија

Честитки по повод 28 ноември 1912 денот на независноста на Албанија упати македонското друштво “Илинден”-Тирана. Македонско друштво “Илинден”-Тирана, Ви ги честита 28 ноември 1912 Денот на независноста на Република Албанија. Честито празници, стои во честитката на друштвото потпишана од претседателот Никола Ѓурѓај.

Read More »

Православните верници денеска почна шестнеделниот божикен пост

За православните верници кои се водат според јулијанскиот календар денеска почна шестнеделниот божикен пост. Постот ќе трае 40 дена, односно до Божик, 7 јануари, денот на раѓањето на Исус Христос. Бидејќи датумот на Божик не се менува, постот секоја година почнува на 28 ноември, а завршува на Бадник, 6 јануари. Седмицата пред Прочка се нарекува сирна недела, затоа што во ...

Read More »

Ден на Академијата и доделување на признанието „Блаже Конески“ во МАНУ

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) денеска го одбележи Денот на Академијата. Настанот почне со положување цвеќе на споменикот на Блаже Конески пред МАНУ, а потоа ќе се обрати претседателот на Академијата, Живко Попов. На Денот на Академијата се додели меѓународното признание „Блаже Конески” на годинашниот добитник Мотоки Номачи, а пригоден говор одржи академик Марјан Марковиќ. Во рамки на ...

Read More »

Македонецот Јонел Станку за пратеник во Парламентот на Романија

На 1 декември на парламентарните избори во Романија, Македонците во Романија уште еднаш ќе имаат можност да добијат свој претставник во Парламентот на Романија кој ќе се грижи за правата и положбата на Македонците, организирани во “Асоцијација на Македонците во Романија“. Благодарение на претходните мандати на пратеникот Јонел Станку, друштвото кое е проширено со ограноци во неколку градови во Романија ...

Read More »

Изгласана новата Европска комисија на Урсула фон дер Лајен

Претставниците на Европскиот парламент со повеќе од половина од мнозинството гласови ја избраа новата Европска комисија предводена по втор пат од Урсула фон дер Лајен, која ја презема функцијата в недела, на 1 декември. Гласаа 688 пратеници, од кои 370 гласаа за потврдување на Комисијата, 282 беа против, а 36 беа воздржани. Комисијата доби помалку гласови од Урсула фон дер ...

Read More »

Сали Бериша е на слобода, мерката куќен притвор укината

„Денеска судот ја укина мерката куќен притвор, како мерка која нема ниту услови, ниту критериуми за нејзино определување, а од денеска Сали Бериша е на слобода и против него нема безбедносна мерка. Друга безбедносна мерка нема. Не можам да го поврзам досието со вас, но судот оцени дека за Сали Бериша не постојат услови и критериуми за каква било мерка ...

Read More »