Author Archives: Весник Илинден

Во Тирана протестен марш по убиството на 14-годишнниот ученик

Во Тирана денеска се одржа двочасовен мирен протестен марш за убиството на 14-годишното момче, кое го шокираше целото албанско општество. Ученици, родители и други граѓани носеа транспаренти, а на еден од нив пишување „неодговорните институции убиваат“. На крајот од протестниот марш на ѕидовите на Министерството за образование оставија отпечатоци од рацете со црвена боја што ја симболизира крвта. Главната порака ...

Read More »

Честитка од Македонското друштво “Илинден”-Тирана по повод 22-ри Ноември – Денот на Албанската азбука

Македонското друштво “Илинден“-Тирана, Ви го честита 22-ри Ноември – Денот на Aлбанската азбука, делегатите на Битолскиот конгрес во 1908 година донеле одлуки за унифицирање на Албанската азбука.

Read More »

Македонските државјани во Кина ќе патуваат без визи

Кинеското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека ќе ја прошири политиката на безвизен режим за уште девет земји, меѓу кои и Македонија. Помеѓу 30 ноември 2024 година и 31 декември 2025 година, политиката за ослободување од визи ќе се применува за обичните носители на пасоши и од Бугарија, Романија, Хрватска, Црна Гора, Малта, Естонија, Летонија и Јапонија, соопшти на ...

Read More »

Денес ќе биде промовирана „Бакнежи на небото“ – најновата македонска книга-сликовница

Настан за македонската книжевност за деца. Автентична, македонска зимска приказна за деца од Иван Антоновски, со илустрации на Иванка НиБа „Сѐ убаво што постои на светов, создадено е од љубов.“ Со ова мото, денес ќе биде промовирана најновата македонска книга-сликовница за деца, зимската приказна „Бакнежи на небото“ на Иван Антоновски, со илустрации на Иванка НиБа, во издание на „Светулка“. Промоцијата ...

Read More »

Путин: Ја погодивме Украина со нова ракета, од овој момент конфликтот има елементи од глобален карактер

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека утринава нападот врз централниот украински град Днипро бил извршен со „нова конвенционална ракета со среден дострел“. Тој додаде дека ракетата го носи кодното име Орешник. Путин ова го изјави за време на телевизиското обраќање во кое зборуваше за ситуацијата на бојното поле. „Би сакал да го информирам персоналот на руските вооружени сили, граѓаните на ...

Read More »

Македонците во Пустец одбележан патронот на црквата Свети Архангел Михаил (ФОТО)

Македонците во Пустец, Мала Преспа, заедно со жители од останатите населени места од оваа општина, достојно како и секоја година, го одбележаа патронот на црквата „Свети Архангел Михаил“, што го чествуваат како нивен  заштитник. Утрена, со света божествена литургија, отслужи отец Алексо Темелко, по што во трпезаријата на црквата имаше богата трпеза за сите верници, а потоа и музичка програма ...

Read More »

Албанија дел од единствениот европски платен систем СЕПА од 1 јануари, трансфери на пари од Европа и обратно без финансиски трошоци

Премиерот Еди Рама го нарече прифаќањето на Албанија во Единствениот европлатен простор (СЕПА) голем чекор на патот кон Европската унија. „Уште еден голем чекор на патот кон Албанија 2030 во Европската Унија. Денеска Албанија стана дел од единствениот европски платен систем, што значи дека сите трансфери на пари на Албанците од Европа во Албанија или обратно, веќе нема да имаат ...

Read More »

Албанија и Македонија со договор во здравствениот сектор

Министерката за здравство и социјална заштита на Албанија, Албана Кочиу, денеска оствари средба со нејзиниот колега од Македонија, Арбен Таравари. На средбата беше потпишан договор за соработка меѓу Националната агенција за лекови и медицински помагала на Албанија и Агенцијата за лекови и медицински помагала на Македонија. Министерката Кочиу преку објава на социјалните мрежи објави дека на оваа средба таа и ...

Read More »

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Македонија, Муцунски учествуваше на состанокот на министрите за надворешни работи на Централноевропската иницијатива во Тирана

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија, Тимчо Муцунски денеска учествуваше на состанокот на министрите за надворешни работи на Централноевропската иницијатива (ЦЕИ) во Тирана, кој се одржа во рамките на албанското претседавање со иницијативата. Фокусот на состанокот беше ставен на проширувањето на Европската Унија во светло на новите геополитички околности и руската агресија врз Украина, чии последици ...

Read More »