Народниот правобранител на Албанија одговори на дописот на Македонското друштво “Илинден“-Тирана, во однос на загриженоста и вознемиреноста на Македонците, околу случувањата со пописот на населението во Албанија и прикажаните „неверодостојни потадоци“. Народниот правобранител беше информиран за проблемите околу пописот и влијанието на бугарските дипломатски претставници за да се намали бројот на Македонците и проблемот со терминот Северна Македонија за Македонците, ...
Read More »Author Archives: Весник Илинден
Харис официјално е избрана за демократски кандидат за изборите во САД
Камала Харис официјално е избрана за демократски кандидат за изборите во САД во 2024 година. Ниту еден предизвикувач не се појави пред крајниот рок на 27 јули, со што се елиминира можноста за отворена демократска конвенција во Чикаго во август. Се чини дека Харис ја доби последната поддршка кога Обама ја поддржа минатиот месец. „Се јавивме да кажеме дека Мишел ...
Read More »Вангел Таво нов градоначалник на Химара, го повика противкандидатот да му биде заменик
Кандидатот на владејачката Социјалистичка партија, Вангел Таво е новиот градоначалник на албанското приморско гратче Химара. На вчерашните делумни избори тој освои 5022 гласа или 58,62%, додека неговиот против кандидат Петро Ѓикурија од опозициската коалиција “Победуваме заедно” 3545 или 41,38% од гласовите. Вангел Таво(55) роден е во Ѓирокастро, бил министер за труд и социјална политика, пратеник, припадник е на грчкото малцинство, ...
Read More »Премиерот на Македонија Христијан Мицкоски оставари средба со косовскиот колега Албин Курти
Премиерот на Македонија Христијан Мицкоски денеска оставари средба со косовскиот колега Албин Курти кој е во посета на официјално Скопје. Мицкоски истакна дека имале конструктивна средба во пријателска атмосфера на која ги отвориле сите прашања коишто се важни за односите на двете држави, на двете влади, народите. Тоа е нешто кое е од суштинско значење за нас. Како нова влада, нашата ...
Read More »Во Албанија регистрирани три жртви на „нилска треска“
По 13 години во Албанија се врати „ниска треска“, од која досега регистрирани се три жртви и 17 заразени. Нилската треска ја шират комарците кои се хранат со крвта на птиците. Вирусот не се шири од човек на човек. Периодот на инкубација за западнонилската треска се движи од 2 до 15 дена, а кај по благите форми болеста трае од ...
Read More »ЦК на МАЕИ усвои декларација за состојбата на Македонците во Албанија
Централниот комитет на единствената македонска партија во Албанија – Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, на денешниот состанокот одржан во Корча, усвои декларација во која се содржани 15 точки, а која ќе биде доставена до албански, македонски и меѓународни институции. Имајќи ја предвид антимакедонската политика на бугарската Влада во Република Албанија и соочени со агресијата на бугарскиот национал-шовинизам и наци-фашизам ...
Read More »Насилни протести во Англија: Демонстрантите запалија хотел за мигранти (ВИДЕО)
Многумина беа обвиени со англиски знамиња, а ги пречекаа учесници на контра-митингот кои извикуваа слогани за поддршка на мигрантите, пишува Мирор. Тензиите ескалираа, а видеата на социјалните мрежи покажаа демонстранти како фрлаат предмети кон полицијата, принудувајќи ги да се повлечат. Демонстрантите потоа ги скршиле стаклата на хотелот, а потоа ја запалиле зградата. Откако синоќа избија насилни протести ширум Англија, досега се уапсени ...
Read More »Македонските кошаркарски јуниори станаа европски шампиони (ФОТО)
Во големото финале на Европското првенство – Дивизија Б што се одржа во Скопје, македонската јуниорска кошаркарска репрезентација ја совлада Австрија (98:88), за перфектен учинок од осум победи од осум натпревари и прво место на шампионатот. Избраниците на селекторот Горан Андреевски претходно ја остварија главната цел со победата над Бугарија во полуфиналето и влезот во елитната А дивизија. А сега нашите јуниори станаа и златни станувајќи ...
Read More »Египет изразува загриженост поради „опасно зголеменото темпо на ескалација“ во регионот
Египетскиот министер за надворешни работи Бадр Абделати му изразува на својот либански колега Абдала Бу Хабиб „длабоката загриженост на неговата земја поради опасно растечкото темпо на ескалација“ во регионот. Абделати, во телефонскиот разговор со Бу Хабиб, ја потврдил поддршката на Египет за Либан во соочувањето со заканите околу него, се вели во соопштението на египетското Министерство за надворешни работи.
Read More »МНР ги повика македонските државјани да го напуштат Либан и да ги одложат патувањата кон Израел
Поради влошенета безбедносна ситуација во Либан, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија ги повикува сите наши државјани кои се наоѓаат во оваа држава, истата да ја напуштат во првата можна прилика. Имајќи ја предвид непредвидливата безбедносна состојба на Блискиот Исток, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до граѓаните да ги одложат патувањата кои не се неопходни ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden