Author Archives: Весник Илинден

Проф. д-р Катерина Тодороска: Вистината боли, ама таква е!

На 19 август 2024 година излезе еден текст, кој го предизвика мојот професионален интерес и, за кој решив да напишам еден осврт. Станува збор за текстот на Марјана Дода, под наслов “Jehona e irredentizmit dhe minoriteti bullgar në Ballkan” („Одгласот на иредентизмот и бугарското малцинство на Балканот“) во албанскиот портал Аргументум (https://www.argumentum.al/jehona-e-irredentizmit-dhe-minoriteti-bullgar-ne-ballkan/). Темата која авторката решила да ја претстави на ...

Read More »

Азербејџан официјално поднесе барање за пристапување во БРИКС

Баку официјално поднесе барање за пристапување во БРИКС, соопшти министерството за надворешни работи на Азербејџан. „Азербејџан поднесе официјално барање за пристапување во БРИКС“, кажа министерот за надворешни работи Ајхан Гаџизаде. Азербејџан и Кина на почетокот на јули усвоија заедничка декларација за воспоставување стратегиско партнерство, во која азербејџанската страна изрази желба да се придружи на БРИКС, а кинеската ја поздрави интеракцијата ...

Read More »

За седум месеци Албанија ја посетиле 481 илјада македонски граѓани

Се поголем број македонски граѓани ја посетуваат Албанија, што се гледа од статистичкиот преглед објавен од премиерот Еди Рама. Според прегледот, во периодот јануари-јули во Албанија престојувале 481 илјада македонски граѓани, што е за 28,3 отсто повеќе споредено со истиот период минатата година. Тие во оваа земја патуваат главно заради одмор на крајбрежјето во летниот период, потоа за бизнис, користење ...

Read More »

Аргументум.ал: Албанија стана сцена на бугарското историско злосторство врз Македонците

„Албанија стана сцена на „историско злосторство“, со создавање на бугарско малцинство… Бугарија е конкретен пример на држава која својата позиција во ЕУ и стремежот на Албанија и Македонија за зачленување во Унијата ги користи за своите историски апетити кои датираат од Санстефанска Бугарија, односно голема Бугарија“. Во оваа насока е анализата на Марјана Дода, уредничка на албанскиот портал Аргументум.ал во текстот под ...

Read More »

Николоски: Создавање на модерна инфраструктура е приоритет за Македонија и регионот

Денеска остварив работна средба со заменик амбасадорката на САД, Никол Варнс, напиша на Фејсбук министерот за транспорт и врски, Александар Николоски. На средбата се отворија и прашања за развој на инфраструктурата. Ја истакнав огромната важност во исполнување на владините цели за реализација на капиталните проекти, како предуслов за побрз економски раст и развој и подобро регионално поврзување и интеграција. Се ...

Read More »

Потребно е да се зголеми бројот на македонските лекторати во странство, вели претседателката Сиљановска Давкова по средбата со македонистите кои учестуваат на Летната школа

Претседателката на Македонија Гордана Сиљановска Давкова на средба со македонисти од 57. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, во „Вила Билјана“ во Охрид, ги прими македонистите од 57. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, соопштуваат од нејзиниот кабинет. ...

Read More »

Македонците во Ербеле, во областа Долен Дебар или Поле, го одбележаа празникот Преображение Господово

Се собраа Македонци од двете страни на границата во Ербеле, во областа Долен Дебар или Поле, инаку блиску до Дебар, кај црквата Свето преображение која датира од 12 век и е под заштита на албанската држава, како споменик на културата уште од 1970 година. Денешниот христијански празник, Преображение Господово, кој е патрон на селската црква, го одбележаа Македонците од селото ...

Read More »

Континуитетот на македонската армија извира од македонските вековни стремежи за слобода и национална самостојност

За роденден на македонската армија е избран 18 август, денот кога во 1943 година на Славеј Планина беше формиран баталјонот „Мирче Ацев“, како симбол на борбената традиција на македонскиот народ во Втората светска војна, борба што се карактеризираше како народноослободителна и антифашистичка. Но корените на македонскиот организиран воен отпор против поробувачите на оваа земја и овој народ се многу подлабоки ...

Read More »

Путин: Москва е подготвена да се вклучи во мировниот процес меѓу Азербејџан и Ерменија

По разговорите со азербејџанскиот претседател Илхам Алиев во Баку на 19 август, рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Москва е подготвена да се вклучи во процесот на потпишување мировен договор меѓу Азербејџан и Ерменија врз основа на трилатералните договори постигнати по 44-дневната војна меѓу двете јужнокавкаски нации во 2020 година. „Ние сме, исто така, подготвени да го олесниме разграничувањето и ...

Read More »

Православните верници го слават Преображение Христово

Преображение Христово христијански празник кој се слави секоја година на 19 август, односно 6 август според јулијанскиот календар. На овој ден се прославува преображението на Христос на планината Тавор, кога Господ се појавил во сета Негова слава пред апостолите Петар, Јаков и Јован.[1][2][3] Во три од четирите Евангелија се говори за овој настан: Матеј 17,1-9, Марко 9,2-8 и Лука 9,28-36. ...

Read More »