Author Archives: Весник Илинден

Египет изразува загриженост поради „опасно зголеменото темпо на ескалација“ во регионот

Египетскиот министер за надворешни работи Бадр Абделати му изразува на својот либански колега Абдала Бу Хабиб „длабоката загриженост на неговата земја поради опасно растечкото темпо на ескалација“ во регионот. Абделати, во телефонскиот разговор со Бу Хабиб, ја потврдил поддршката на Египет за Либан во соочувањето со заканите околу него, се вели во соопштението на египетското Министерство за надворешни работи.

Read More »

МНР ги повика македонските државјани да го напуштат Либан и да ги одложат патувањата кон Израел

Поради влошенета безбедносна ситуација во Либан, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија ги повикува сите наши државјани кои се наоѓаат во оваа држава,  истата да ја напуштат во првата можна прилика. Имајќи ја предвид непредвидливата безбедносна состојба на Блискиот Исток, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до граѓаните да ги одложат патувањата кои не се неопходни ...

Read More »

Македонското друштво “Илинден”-Тирана и го честиташе изборот на Спиропали за претседателка на албанскиот парламент

Македонското друштво “Илинден”-Тирана упати честитка до Елиса Спиропали по повод нејзиниот избор за претседателка на албанскиот парламент. Дозволете ми во името на македонското друштво „Илинден“-Тирана, во мое лично име, како и во името на македонското национално малцинство во Република Албанија да ви го честитаме изборот и да ви посакаме успех на функцијата претседател на Собранието на Републиката, стои во честитката ...

Read More »

Пред 50 години официјално е пуштен за посетители монументалниот споменик „Македониум“

Пред 50 години, 2 Август 1974 год, на денот на триесетгодишнината на заседанието на АСНОМ и 71 годишнина од Илинденското Востание, официјално е пуштен за посетители монументалниот споменик „Македониум“. Споменикот, кој се смета за еден од десетте најинспиративни дела на бруталистичката архитектура во светот, е создаден од страна на уметниците Јордан Грабулоски и Искра Грабулоска, додека четирите витражи се дело ...

Read More »

Мосад ангажирал агенти на иранската Револуционерна гарда за да ги подметнат експлозивите што го убија Ханија

Мосад ангажирала агенти од иранската Револуционерна гарда да постават експлозиви во гостинската куќа во Техеран каде што престојувал шефот на Хамас, Исмаил Ханија објави Телеграф. Во текстот се наведува и дека властите во Техеран извршиле серија апсења во врска со убиството. Извештајот на Телеграф се чини дека ја потврдува статијата на Њујорк Тајмс во која се вели дека палестинскиот шеф ...

Read More »

Одбележување на 2 Август, Илинден – Денот на Републиката во манастирот „Св. Прохор Пчински“

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, по повод одбележувањето на 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, денеска го посети манастирот „Св. Прохор Пчински“, каде е одржано првото заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија и положи цвеќе пред спомен-плочата на АСНОМ. Во манастирот „Св. Прохор Пчински“ претседателката Сиљановска Давкова беше пречекана од страна на претседателот на Република Србија, Александар ...

Read More »

Македонците во Требиште областа Голо Брдо го одбележаа најголемиот македонски празник Илинден (ФОТО)

Во организација на македонското друштво „Мост“ – Голо Брдо, поддржано од друштвото „Преспа“ денеска беше одржана илинденска средба во селото Требиште, областа Голо Брдо. Ова се случува по седум години, до кога беше традиционална и се одржуваше секоја година на празникот Илинден. Присутен беше Фатри Фетаху претседател на Македонско друштво ”Илинден”- Огранок Голо Брдо, Бесник Хасани претседател на друштвото „Мост“,  Едмонд ...

Read More »

Во Трново се одржа 53-та Семакедонска Илинденска средба (ФОТО)

Традиционално, во потпелистерското село Трново, по повод големиот празник Илинден се одржува 53 Семакедонска Илинденска средба, во организација на Матицата на иселениците од Македонија, Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија од Битола, Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија МАКЕДОН и Светскиот Македонски Конгрес. Присутните гости и организаторите, ги поздрави градоначалникот на ...

Read More »

Мицкоски: Илинден е историска вистина, Илинден е нашиот најсилен повик за акција и единство денес

Честит Илинден! Македонија денес го одбележува Денот на Републиката, празник со кој се прославуваат двата големи историски и државотворни настани, Илинденското востание и Првото заседание на АСНОМ. Илинден не е само историска приказна или историски сон, туку пред се историска вистина. Илинден е нашиот најсилен повик за акција и единство денес. Илинден е повик за сите нас – да продолжиме ...

Read More »

Честитка од претседателката Сиљановска Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, ја упати следната честитка: Почитувани граѓани, Ви го честитам најголемиот македонски празник – 2 Август – Илинден. На овој празник на светлината се потсетуваме на борбата за слободна македонска република што ја започнаа Илинденците а ја продолжија учесниците во народноослободителната и антифашистичка војна. На 2 август 1944-та, ...

Read More »