Македонија во државниот Буџет за 2024 година за потребите на одбраната има предвидено 263 милиони долари, што претставува 2,22 отсто од БДП на земјата, се посочува во најновиот извештај на НАТО за одбранбените трошоци на земјите членки. Согласно дефинициите на НАТО, како трошоци за одбраната се сметаат исплатите направени од страна на националните влади за потребите на своите вооружени сили, ...
Read More »Author Archives: Весник Илинден
Почина Стојан Андов првиот претседател на Собранието на независна Македонија
На 89-годишна возраст почина првиот претседател на Собранието на самостојна и суверена Република Македонија, Стојан Андов. Андов е роден во Кавадарци на 30 ноември 1935 година. Основно образование и гимназија завршил во родниот град, а дипломирал на Економскиот факултет во Скопје и магистрирал на Факултетот за политички науки во Белград во 1972 година. Бил потпретседател на Републичкиот извршен совет, член ...
Read More »34 години ВМРО-ДПМНЕ, 131 година ВМРО: „Завет, слобода, иднина, продолжуваме“ (ВИДЕО)
Немаме ниту 100 минути, а камо ли 100 дена грејс период – засукајте ги ракавите и почнете со работа веднаш им порача мандатарот Христијан Мицкоски на идните министри во владиниот кабинет кој тој ќе го предводи. Само со напорна работа од првиот ден ќе ја оправдаме довербата која и ја дадоа граѓаните на ВМРО-ДПМНЕ дециден е Мицкоски. Според него, идната ...
Read More »Претседателката Гордана Сиљановска Давкова ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Република Казахстан, Сатибалди Буршаков
Претседателката на Македонија Гордана Сиљановска Давкова денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Република Казахстан, Сатибалди Буршаков. На церемонијата на предавање на акредитивните писма, претседателката Гордана Сиљановска Давкова ги нагласи македонскиот интерес и подготвеноста за натамошно севкупно унапредување и развој на односите и соработката со Казахстан во сите домени од заеднички интерес, како на билатерален, така и на ...
Read More »Албанските граѓани без визи патуваат во Азербејџан
Граѓаните на Албанија со важечки патни исправи може да патуваат во Азербејџан без визи. Амбасадорот на Азербејџан во Тирана, Анар Хусејнов во објава на социјалната мрежа Х информира дека „без виза во Азербејџан може да патуваат и граѓаните на Албанија со регуларни пасоши“. Договорот за укинување на визите за албанските државјани беше потпишан на 1 март годинава за време на ...
Read More »На граничниот премин Требиште – Џепиште областа Голо Брдо во последните три дена од минатата седмица забележана е зголемена фреквенција
На граничниот премин Требиште – Џепиште областа Голо Брдо, регистрирани се вкупно 483 патнии, од кои на излез 243, додека на влез 240 патници, потврдија од Министертвото за внатрешни работи. Граничниот премин Требиште – Џепиште“ областа Голо Брдо е на 15-тина километри од Дебар, е од локален карактер, па во летниот период работи од 8 до 20 часот и право да го користат ...
Read More »Обраќање на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на свеченоста „34 години ВМРО-ДПМНЕ, 131 година ВМРО, завет, слобода, иднина, продолжуваме“ (ВО ЖИВО)
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ќе се обрати на свеченоста „34 години ВМРО-ДПМНЕ, 131 година ВМРО, завет, слобода, иднина, продолжуваме“.
Read More »Прес-конференција на Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ по Извршниот и Централниот на Комитет ВМРО-ДПМНЕ (ВО ЖИВО)
Денеска (16.06.2024) во Централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, Палата др. Христо Татарчев во 18:00 часот се одржа седница на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, а во 19:00 часот се одржува седница на Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ. По завршување на седниците предвидено е во 20:00 часот пред Централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, Палата др. Христо Татарчев (Плоштад ВМРО бр. 1) изјава за медиуми да ...
Read More »Честитка од Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по повод празникот Курбан Бајрам
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по повод празникот Курбан Бајрам лично и во име на членовите на ВМРО-ДПМНЕ на сите припадници на исламската вероисповед им го честита големиот верски празник Курбан Бајрам. На сите што го празнувате овој голем празник, вели тој во честитката, ви посакувам многу здравје, среќа и нека празничните мигови ви поминат во спокој, љубов и радост ...
Read More »Честитка по повод Курбан Бајрам од Македонското друштво “Илинден“-Tирана
Почитувани верниците со Исламска Вероисповед во името на Македонско друштво “Илинден“-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Огранок Голо Брдо ви честита Курбан Бајрам. Ваквите големи празници не потсетуваат дека без разлика на потешкотиите кои ни се издигнуваат како животни препреки, секогаш треба да чекориме по вистинскиот пат. Помеѓу луѓето постојано да владее слога и почитување без разлика на религиската, верската, или каква ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden