Велика Сабота, значи покој. Велика Сабота е ден на покојот, ден на Покојникот, ден на Најголемиот покој и на Најголемиот Покојник. Велика Сабота е денот меѓу смртта и воскресението, меѓу Петок и Велигден, денот што ги спојува распнувањето и радоста. Велика Сабота е ден од Страдалната Седмица. Велика сабота е посветена на споменот на пребивањето на Исус Христос во гробот ...
Read More »Author Archives: Весник Илинден
121 години од смртта на Македонскиот револуционер Гоце Делчев
Гоце Делчев е роден на 4 февруари 1872 во Кукуш, Егејска Македонија идеолог, организатор и водач на македонското револуционерно национално ослободително движење во крајот на XIX и почетокот на XX век. Бил рожба на својата епоха, кој го изразувал стремежот на македонскиот народ за ослободување од отоманското ропство. Загина во предвечерието на Илинденското востание на 4 мај 1903 година во ...
Read More »Во центарот на општина Пустец поставенo спомен бистата на Гоце Делчев великанот на македонското револуционерно движење (ФОТО)
Велики петок одбележан во Тирана (ФОТО + ВИДЕО)
3 Мај – Светски ден на слободата на медиумите
Секоја година на 3 мај припадниците на новинарската професија ги слават фундаменталните права и слободи, прават евалуација на слободата на медиумите ширум светот, преземаат чекори за одбрана од нападите врз нивната независност и се сеќаваат на своите колеги кои ги загубија животите, практикувајќи ја новинарската професија. Сето ова се случува денеска и тоа по 26-ти пат, откако во 1993 година ...
Read More »Православните Христијани денеска го одбележуваат Велики петок
Велики петок е денот на Христовите страданија. Тие започнуваат уште ноќта, во Гетсиманија. Затоа гетсиманските настани ги вбројуваме во Велики петок. Тие се случувале доцна во ноќта – по полноќ. Според европското мерење на времето – во петок. Патем, од собата на Тајната вечера до Гетсиманија, Христос продолжил со Прошталната беседа и ги поучувал апостолите (Јован 15 и 16 глава). ...
Read More »Во рамки на акцијата „Темпули“ полицијата во Тирана уапси 20 лица и заплени кокаин, хероин и канабис
Во рамки на третата фаза од голема полициска акција „Храм“ (Темпули) полицијата во Тирана разбила група која дистрибуирала канабис, хероин и кокаин, во различни области на Тирана, во близина на училишта, како и во ноќни клубови. Акцијата следуваше по четиримесечна истрага, со посебни методи од страна на стручни лица за истраги за наркотици при локалната полициска управа во Тирана, под ...
Read More »Велигденско послание на г.г. Стефан архиепископ на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија
† СТЕФАН, ПО МИЛОСТА БОЖЈА, АРХИЕПИСКОП ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ, ЗАЕДНО СО СВЕТИОТ АРХИЈЕРЕЈСКИ СИНОД, ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕНСКИТЕ ПРАЗНУВАЊА, ИСПРАЌА МИР И БЛАГОСЛОВ ОД БОГА ДО СВЕШТЕНОСЛУЖИТЕЛИТЕ, ДО МОНАШТВОТО И ДО СИТЕ ЧЕДА НА МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА – ОХРИДСКА АРХИЕПИСКОПИЈА Денес сето создание се весели и се радува, зашто – Христос воскресна[1]. Возљубени празникољупци, Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно ...
Read More »Велигденско послание на г.г.Анастас, архиепископ на Тирана, Драч и цела Албанија
† Анастас Јанулатос Поглавар на Албанската автокефална православна црква г.г.Анастас, архиепископ на Тирана, Драч и цела Албанија Велигден 2024 година Надминување на тагите со силата на Воскресението „Тој го познава него и неа со силата на неговото воскресение“ (Фил. 3:10). Победнички и утешно, воскреснатиот пајан „Христос воскресна од мртвите, смртта над смртта си ја прегази…“ повторно одекнува среде меланхолијата на различните ...
Read More »Тирана не ги усвои регулативите што се потребни за спроведување на Законот за национални малцинства
Според претставниците на македонското малцинство во Република Албанија, доколку бидат усвоени потребните регулативи за Законот за национални малцинства, тогаш нештата ќе добијат позитивен тек во унапредување на човековите и малцинските права. Од една страна, споменатиот закон ќе овозможи изучување на македонскиот јазик во образованието секаде каде што живеат Македонците, како што се Тирана или Корча, а од друга страна, Албанија ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden