Почина рускиот опозиционер и критичар на Кремљ, Алексеј Навални, соопшти затворската служба на регионот Јамало-Ненецки, каде што Навални ослужуваше затворска казна. Во поправната колонија број 3, осуденикот А. А. Навални се чувствувал лошо по прошетката и речиси веднаш ја изгубил свеста, се вели во соопштението на веб-страницата на затворот. Се додава дека веднаш пристигнале медицинските работници на установата и дека ...
Read More »Author Archives: Весник Илинден
Македонија и Албанија со здружени сили ќе го штитат опстанокот на балканскиот рис
Евроазискиот рис и неговиот загрозен подвид, балканскиот рис, се најдоа на списокот на преселни видови, беше соопштено на Конференцијата на Бонската конвенција во Самарканд, Узбекистан, а објави Македонското еколошко друштво (МЕД). Ова се одлични вести за сите заштитари од Европа и Азија – вели Диме Меловски од МЕД. Тој во Самарканд го образложи поднесокот за вметнување на балканскиот рис во ...
Read More »Македонија: Јавен повик од ДИК за пријава и увид во Избирачкиот список за гласање во странство
Од 14 февруари тече пријавувањето за гласање за претседателските избори закажани на 24 април годинава на државјаните на Република Македонија кои се на привремена работа или престој во странство. Нашите државјани можат да се пријавуваат електронски на следниот линк или со пополнува на формулар во хартиена форма во дипломатско – конзуларните претставништва (ДКП) во земјите каде што живеат. Според роковникот ...
Read More »Централниот совет на Македонците во Германија испрати барање до македонската амбасада во Берлин, Бон и Минхен, изразувајќи загриженост поради долгите чекања за термини за пасоши
Централниот совет на Македонците во Германија испрати итно писмо до македонските амбасади во Берлин, Бон и Минхен, изразувајќи загриженост поради долгите чекања за термини за фотографирање за пасоши. Писмото, изработено во името на Централниот совет на Македонците во Германија, истакнува дека овие чекања значително ги ограничуваат личната слобода и мобилност на заедницата. Во писмото се спомнува дека до сега се ...
Read More »Американскиот државен секретар Ентони Блинкен пристигна во Тирана (ФОТО)
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен пристигна во прва официјална посета на Тирана, каде ќе престојува осум часа. На меѓународниот аеродром „Мајка Тереза“ беше пречекан од министерот за Европа и надворешни работи, Игли Хасани, кој во објава на социјалните мрежи во која меѓу другото нагласува дека „посетата ќе ги зајакне партнерството и стратешката соработка на Албанија со САД, нашиот стар сојузник, ...
Read More »Американскиот државен секретар Блинкен во прва официјална посета на Албанија
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска ќе допатува во прва официјална посета на Албанија. Премиерот Еди Рама преку порака на социјалните мрежи виртуелно му посака добредојде на високиот американски функционер. Од синоќа во 19:30 до вечерва до 20 часот во сила се засилени безбедносни мерки, а за безбедноста ангажирани се над илјада полицајци вклучително и оние од специјалните единици. Блинкен ...
Read More »Спречен шверц на дрога, оружје и муниција од албанска на македонска територија (ВИДЕО)
Во две одделени акции албанската полиција уапсила три лица при обид за шверц на дрога и оружје за Македонија. Според полицијата во акцијата „вреќи“ во селото Рајце, кај Прењас, во близина на Струга, уапсен е Е.А.(28) жител на Фуш Круја кој во автомобил „тојота“ превезувал две вреќи со вкупна тежина од 27,3 килограми канабис. На влезот во градот Елбасан се ...
Read More »Македонија: Претседателските избори на 24 април, a парламентарните избори на 8 мај
Претседателските избори во Македонија ќе се одржат на 24 април 2024 година, додека парламентарните избори две недели подоцна на 8 мај, кога би се одржал и вториот круг од претседателските избори. Изборот на претседател на Републиката се врши во последните 60 дена од мандатот на претходниот претседател, додека редовните избори за пратеници се одржуваат секоја четврта година во последните 90 ...
Read More »Сајбер напади на ИНСТАТ: Вирусот зарази 40 компјутери, избриша 6
Националната управа за електронска сертификација и сајбер безбедност го ажурираше билансот што произлезе од нападот речиси две недели од овој развој на настаните, со детали за последиците и преземените мерки. „Од досега спроведената анализа, потврдено е дека напаѓачите ја користеле датотеката MEK-DDMC.exe за извршување на вирус со злонамерна содржина. Овој напад, познат како Wiper, имаше за цел да ги избрише ...
Read More »Жена загина од лавина на косовската страна на Шар Планина
Косовската полиција соопшти дека попладнево странска државјанка загинала во зимскиот туристички центар Брезовица, на косовската страна на Шар Планина, јави дописникот на МИА од Приштина. Во соопштение за медиумите на косовската полиција се вели дека најверојатно една жена, за која се вели дека е странска државјанка, но не се наведува земјата на нејзиното потекло, загинала во ски-центарот во Брезовица, како ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden