Author Archives: Весник Илинден

Македонија: Донесен законот за употреба на македонскиот јазик кој ќе го замени досегашниот стар 25 години

Пратениците го донесоа законот за употреба на македонскиот јазик кој ќе го замени досегашниот од 1998 година. Законот беше дополнет со прифатени амандмани на матичната собраниска Комисија за култура и донесен во целина со гласовите на сите 96 присутни пратеници на 139-та седница, која ја водеше новоизбраниот претседател на Собранието Јован Митрески, без против и без воздржани гласови. Законот пропишува ...

Read More »

Јован Митревски избран за нов претседател на Собранието на Македонија

На денешната собраниска седница констатирани оставките на премиерот Ковачевски и на спикерот Талат Џафери. Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески, на предлог на пратеникот Мартин Костовски, пак, е избран за нов спикер на законодавниот дом. Тој даде свечена изјава, по што ја презеде функцијата. Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, пак, претходно од собраниската говорница порача ...

Read More »

Пендаровски ги посети припадниците на македонскиот контингент во рамки на КФОР во Косово

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на работната посета на Република Косово, денеска во Пеќ престојуваше во посета на Регионалната Команда – Запад на КФОР, кадешто се сретна со припадниците на македонскиот контингент и оствари средба со командантот на Регионалната Команда – Запад, полковник Франческо Ферара. На средбата со припадниците на македонскиот контингент во мисијата „КФОР“ кадешто се распоредени 65 припадници ...

Read More »

Македонско друштво “Илинден“-Тирана донираше во библиотеката на албанскиот парламент примероци од фотоалбумот со „Народни носии на македонското национално малцинство во Албанија“, брошуратa на работната група на словенските малцинства при ФУЕН и весник “Илинден“ 

Македонското друштво “Илинден“-Тирана на Библиотеката на Собранието на Република Албанија и донира изданија на македонскиот весник “Илинден“ и другите изданија објавени од друштвото. По претходната донација, сега друштвото ги донира новите броеви на весникот од 57 до 60 издание, фотоалбумот со „Народни носии на македонското национално малцинство во Република Албанија“ на албански и на македонски јазик и брошуратa на работната група ...

Read More »

ВМРО-ДПМНЕ ги објави кандидатите за техничката влада – лица со докажано професионално искуство

ВМРО-ДПМНЕ ги утврди кандидатите за две министерски и три дополнителни заменички позиции во техничката влада која треба да спроведе фер и демократски избори закажани за 24 април и 8 мај. Според нивните биографи станува збор за исклучително професионални кадри, со интегритет и долгогодишно искуство, експерти во својата област. На чело на Министерството за внатрешни работи е предложен Панче Тошковски, долгогодишен ...

Read More »

Единаесет случаи на морбили во Тирана и Драч, Министерството за здравство апелира за имунизација

Во Албанија веќе се потврдени првите 11 случаи на заразени со морбили (мали спаници) и тоа во Тирана и Драч. Станува збор за деца на возраст од една до девет години, кои не биле вакцинирани. Лекарите епидемиолози ја опишуваат како епидемија на сипаници, бидејќи меѓу нив шест деца се во роднинска врска, додека другите имале контакт со нив. Со оглед ...

Read More »

Кратер – најдобриот генерал на Александар Македонски

Фото: Роналд Слабке Знаменитостите на Македонија Кратер учествувал во сите големи битки, на Граник, кај Ипсос (каде што заповедал со целото лево крило на фалангата, а негови потчинети биле Мелеагар и Птолемај), кај Гавгамела. Секогаш кога Александар тргнувал во некој специфичен потфат, Кратер го придружувал Кратер потекнувал од македонско благородничко семејство од Орестида, неговиот татко се викал Александар, а негов ...

Read More »

Македонска алијанса за европска интеграција побара Албанија да ја забрани работата на фондацијата Бугарска меморија

Македонска алијанса за европска интеграција – МАЕИ, партија, која ги претставува Македонците во Албанија, достави барање до албанскиот премиер Еди Рама, во кое ја повторува постојаната загриженост за македонската заедница во Албанија, која се соочува со постојаните напори на бугарските власти за нејзина асимилација, искористувајќи го членството на Бугарија во Европската унија. МАЕИ бара Албанија да ја забрани фондацијата Бугарска ...

Read More »

Нетанјаху најави борба до целосна победа по смртта на 21 војник

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, изразувајќи жалење за смртта на 21 војник во најкрвавиот поединечен напад во Газа, денеска најави дека армијата ќе се бори до „целосна победа“. На платформата Икс, Нетанјаху објави дека денеска е „еден од најтешките денови од почетокот на војната“. Тој, исто така, најави дека војската ќе започне истрага за нападот, во кој палестинските екстремисти истрелаа ракетна ...

Read More »

Теодорос Русопулос избран за претседател на Парламентарното собрание на Советот на Европа

Гркот Теодорос Русопулос (ЕПП/ДЦ) е избран за претседател на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ).Преземајќи ја функцијата од Тајни Кокс (Холандија, УЕЛ), тој е 35-ти претседател на ПССЕ од 1949 година и првиот грчки државјанин на оваа функција, соопшти ПССЕ. Претседателот има мандат од една година, кој може да се обнови еднаш. Во својот воведен говор, новоизбраниот претседател на ...

Read More »