Author Archives: Весник Илинден

Жителите на Голо Брдо со гордост велат дека зборуваат на македонски јазик, вели Дијана Петровска по своето истражување во областа Голо Брдо (ВИДЕО)

Јазикот на кој зборуваат е македонски, гордо кажуваат жителите на областа Голо Брдо во Албанија, што и научно се поткрепува преку истражувањето на Дијана Петровска, доктор по хуманистички науки. За време на посетата на неколку села, во кои иселувањето е поради постојан општествено-политички и економски притисок, во разговорите со мештаните, Петровска заклучува дека дијалектите одлично се сочувани. Нивниот говор се ...

Read More »

Македонска Ера Трета донираше училишен инвентар за средното училиште Трајан Ѓорѓиовски и Митре Колевски во Пустец 

Македонска Ера Трета / Македонски Независни Листи беше во посета на Македонците во Мала Преспа во Општина Пустец. Целта на посетата беше реализација на донација за средното училиште Трајан Ѓорѓиовски и Митре Колевски во село Пустец во форма на училишен инвентар. Претседателот на Македонска Ера Трета / Македонски Независни Листа Горан Тасковски заедно со делегацијата беа пречекани од страна на ...

Read More »

За безбедноста на Самитот на Берлинскиот процес во Тирана ќе се грижат над 1.600 албански полицајци и гардисти

Албанската полиција и Националната гарда се подготвени да го гарантираат јавниот ред и мир и безбедноста пред, за и по одржувањето на Самитот на Берлинскиот процес што на16 октомври ќе се одржи во Тирана, изјави денеска заменик директорот на државната полиција, Сокол Бижга. Во присуство и на претставник на гардата, тој ги презентираше мерките, кои опфаќаат посебен режим на сообраќај, ...

Read More »

Проф. д-р Катерина Тодороска: Спасе и Спасе! Зошто?

Во македонската историја има личности кои по своето потекло како Македонци, независно дали живееле и работеле во македонската држава оставаат значајни дела за матичната земја. Од плеадата такви дејци голема оставнина за македонската историјата нѝ оставиле и двајцата Македонци од Преспа во Република Албанија, Стерјо Спасе и Спасе Мазенковски. ЗОШТО сакам да пишувам за Стерјо Спасе? Стерјо Спасе е роден ...

Read More »

Македонија на 19-ти Конгрес на Меѓународниот Архивски Совет во Абу Даби

“Оној кој не го познава своето минато, не може да биде успешен во сегашноста и во иднината! Сите треба да учиме од минатото”. Со овие зборови, на починатиот шеик, Зајед бин Султан Ал Нахјан, таткото на Обединетите Арапски Емирати, се отвори 19-от Конгрес на Меѓународниот архивски совет, кој се одржува од 9-ти до 13-ти октомври во Абу Даби. Конгресот со ...

Read More »

Промоција на првиот том “Собрани дела“ на Спасе Мазенковски

Македонска алијанса за европска интеграција, по повод 70 години од раѓањето на Спасе Мазенковски и 11 Октомври – Денот на востанието на Македонскиот народ, во своите простории во Пустец организира промоција на првиот том “Собрани дела“ на Спасе Мазенковски кои за првпат се објавуваат на македонски јазик. Издавач на книгата е печатницата “Менора”, а промотор на книгата беше проф.д-р Катерина ...

Read More »

Македонија: Канал 5 одбележа 25 години од своето постоење (ВИДЕО)

Телевизијата прво започна со емитување во подрачјето на Скопје,пред да го прошири опфатот на остатокот од земјата. Канал 5, 25 години зрачи во етерот и е една од водечките телевизии во Македонија, сведок е на многубројни настани значајни за државата. Телевизијата веќе 25 години се грижи за јавниот дискурс, креирајќи го јавното мислење, а со критичка опсервација на политичките настани. ...

Read More »

Николоски пред Совет на Европа – Радев и Јотова спроведуваат екстремна политика на национално негирање кон Македонците во Македонија, Албанија и Бугарија (ВИДЕО) 

Во извештајот е правилно напишано дека за да се спротивставиме на овие предизвици за основните вредности што Советот на Европа има за цел да ги поддржува, извештајот повикува на зајакнато придржување кон основните вредности. Ова вклучува зајакнување на законодавството за спротивставување на екстремно десничарскиот екстремизам, подобрување на образованието и медиумската писменост и борба против онлајн радикализацијата. Во Нацрт-резолуцијата се нагласува ...

Read More »