Author Archives: Весник Илинден
Германската економија влезе во рецесија
Германската економија благо се намали во првиот квартал и падна во рецесија, покажаа во четвртокот ревидираните проценки на заводот за статистика, откривајќи силен инфлаторен притисок врз личната потрошувачка. Сезонски и ценовно приспособениот бруто-домашен производ (БДП) падна во првите три месеци од оваа година за 0,3 отсто во споредба со претходниот квартал кога се намали за 0,5 отсто, покажуваат новите проценки ...
Read More »Светите Кирил и Методиј да се слават од сите народи во цивилизираниот свет на кој му подарија слово, букви, писменост и просветление
Пред повеќе од еден милениум, Светите Кирил и Методиј на светот му ја носеа писменоста. Денес ние на Македонија мораме да и ја донесеме иднината која овој народ ја заслужува и му е неопходна, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во обраќањето на свечената церемонија во црквата Св. Софија, по повод Денот на сесловенските просветители -24 Мај. Мицкоски истакна дека ...
Read More »Македонска црковно-државна делегација се поклони на гробот на Св. Кирил
Во базиликата „Сан Клементе” во Рим денеска се одржа молебен на гробот на Св. Кирил со кој чиноначалстуваше митрополитот европски г. Пимен во сослужение со митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф и отец Митко Газинковски од Македонската православна црква- Охридска архиепископија. Денеска, како што рече г. Пимен, после една година се наоѓаме повторно на местото каде минатата година ја слушнавме радосната вест ...
Read More »Македонските и сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј
Поголемиот дел од словенското население во Европа и Азија ја должат својата азбука и својата култура на делото на браќата Свети Кирил и Методиј од Солун, Егејска Македонија кои станале мисионери на христијанството помеѓу Словените од Голема Моравија и Панонија. Преку нивната работа тие влијаеле врз културниот развој на сите Словени, поради што ја добиле титулата Апостоли на Словените. Во ...
Read More »Честитка по повод Свети Кирил и Методиј од Македонско друштво “Илинден“-Тирана
По повод 24 Мај, Денот на словенските просветители Светите Кирил и Методиј, македонското друштво “Илинден“-Тирана упати честитка до Поглаварот на МПЦ- ОА, архиепископот г.г.Стефан и до сите Македонци каде и да се. Дозволете ми во мое лично име, во име на друштвото и на сите Македонци во Албанија, Вам лично, на Вашето свештенство и на сите православни верници, да ви ...
Read More »Општина Пустец: Нема дозвола за отворање бугарскиот културен центар, тоа е намерна провокација
По веста објавена на социјалните мрежи дека утре 24 мај – Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј ќе се отвори бугарски културен центар во Пустец, од локалната власт на оваа општина, за МИА изјавија дека за такво нешто нема издадено дозвола. Нема дозвола од надлежните албански институции за отворање бугарски културен центар. Ова го прават со цел да ...
Read More »Свети Кирил и Методиј, глаголицата и кирилицата – столбови на македонскиот идентитет
Глаголицата за нас е артефакт и културолошки споменик од средновековието, кој му пркоси на забот на времето, стамено и гордо исправена пред сите предизвици на модерното време, во кое, за жал, вистинските вредности често го губат значењето. Кирилицата е живо, активно писмо во Македонија, кое нè поврзува со заветот на Кирил и Методиј и сегашноста полна со предизвици. Двете писма ...
Read More »Претседателот Пендаровски во Брисел оствари средба со белгискиот премиер Александер Де Кро
Претседателот Стево Пендаровски денеска во Брисел, во рамки на работната посета на Белгија, оствари средба со премиерот на Кралството Белгија, Александер Де Кро. На средбата беа констатирани пријателството и партнерството меѓу двете држави, а во фокусот на разговорите беа билатералните односи, македонската евроинтеграција, економската соработка, како и политичките и економски текови во Европа. Претседателот Пендаровски го поздрави позитивниот тренд на ...
Read More »Се одржа А5- Конференција за медиумска писменост и справување со дезинформации
Во рамки на претседавањето на Македонија со САД-Јадранската Повелба на 19 мај 2023г. Министерството за надворешни работи на Македонија во соработка со Амбасадата на САД во Македонија организираше Конференција за Стратешки комуникации со наслов „Медиумска писменост и справување со дезинформации – подготвеност на институциите за заштита од хибридните влијанија“. Конференцијата почнa со воведни обраќања на државниот секретар во министерството за надворешни ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden