Author Archives: Весник Илинден

Претседателот Пендаровски во Брисел оствари средба со белгискиот премиер Александер Де Кро

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Брисел, во рамки на работната посета на Белгија, оствари средба со премиерот на Кралството Белгија, Александер Де Кро. На средбата беа констатирани пријателството и партнерството меѓу двете држави, а во фокусот на разговорите беа билатералните односи, македонската евроинтеграција, економската соработка, како и политичките и економски текови во Европа. Претседателот Пендаровски го поздрави позитивниот тренд на ...

Read More »

Се одржа А5- Конференција за медиумска писменост и справување со дезинформации

Во рамки на претседавањето на Македонија со САД-Јадранската Повелба на 19 мај 2023г. Министерството за надворешни работи на Македонија во соработка со Амбасадата на САД во Македонија организираше Конференција за Стратешки комуникации со наслов „Медиумска писменост и справување со дезинформации – подготвеност на институциите за заштита од хибридните влијанија“. Конференцијата почнa со воведни обраќања на државниот секретар во министерството за надворешни ...

Read More »

Шефот на германското разузнавање предупреди на пораст на екстремизмот поттикнат од авторитарни држави

Шефот на германската разузнавачка агенција, Томас Халденванг денеска предупреди за пораст на екстремизмот поттикнат од авторитарни држави како што е Русија, за кои тврди дека сакаат да го поделат германското општество и да ја соборат избраната влада. Во последниве години, германските безбедносни агенции ги спречија плановите на помалите групи поврзани со движењето Граѓаните на Рајхот, обвинети за планирање напади врз ...

Read More »

Проф. д-р Катерина Тодороска: Рецепт за торта “В.Д. ДИРЕКТОР“

Предупредување: Рецептот може да предизвика вознемиреност кај чесни домаќинки. Потребен е надзор од владини претставници!!! Македонското полит-кулинарство од денес е побогато за уште еден рецепт за торта наречена „ВД ДИРЕКТОР“. За подготовка потребен ви е правник во некоја институција, заштитен од искрената му љубов кон СДСМ-овската ружа. (Важно: Боцките ќе ги отстраните кога ќе ви се раскрварат рацете). Секако, правникот ...

Read More »

Почина Ферус Мустафов македонската музичка легенда

По кратко боледување, синоќа почина музичкиот виртуоз и легендарен изведувач на кларинет и саксофон, Ферус Мустафов, од Македонија. Ферус претрпе мозочен удар на 26 април и беше во болницата “8 Септември”. Социјалните мрежи се исполнети со пораки на простување и сочувство од пријателите и семејството на оваа икона на ромската музика. Ферус Мустафов беше роден на 20 декември 1950 година ...

Read More »

„Брз одговор 23“: Започнува една од најголемите воени вежби во Македонија

На армискиот полигон „Криволак“ денеска започнува вежбата „Брз одговор 23“ која што е дел од најголемата мултинационална вежба во Европа оваа година „Defender Europe 23” и ќе трае до 2 јуни. „Брз одговор 23’“ ќе се изведува во осум земји во регионот, меѓу кои Македонија, Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска, Словенија и Косово. Во делот од вежбата што ...

Read More »

Македонците по потекло од Крчишта, Албанија во сабота на традиционален собир во црквата ” Свети Спас”

Македонците од Горно Крчишта, Општина Пешкoпеја, Албанија, по повод христијанскиот православен празник Вознесение Христово-Спасовден, кој е патрон на селската црква, во сабота го одржат средба, која по иселувањето стана традиција. Со цел да може да присуствуваат поголем број Македонци, иселени од ова село, како и нивни потомци, традиционалниот собир ќе биде во црквата „Свeти Спас” во сабота, 27 месецов. Почнува ...

Read More »

Албанија ги заострува казните: за убиено дете доживотен затвор, за семејно насилство се укинува правото на намалување на казнит

Албанија ги заострува казнените мерки за кривични дела во семејството, особено кај децата. Тоа се предвидува со Предлог- измените на Кривичниот законик, што треба да ги изгласа законодавниот дом. Предлог-измени до Собранието е поднесен од Министерството за правда, каде најпрвин се бараат гласовите на пратениците за да се укине правото на намалување на казната за сторителите на кривични дела во ...

Read More »

Во Загреб беше осветена првата изградена македонска православна црква во Хрватска – “Света Злата Мегленска“

Денес со почеток во 9 часот во Загреб беше осветена првата изградена македонска православна црква во Хрватска – “Света Злата Мегленска“. Осветувањето го изврши Неговото Блаженство г.г. Стефан Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прва во сослужение со Неговото Високопреосвештенство г. Пимен Митрополит Европски и Неговото Високопреосвештенство г. Јосиф Митрополит Тетовско-Гостиварски со монаси и свештеници од Европската, Австралиско-Новозеландската, Скопската ...

Read More »

Рама: Албанија прва во Европа по раст на туризмот споредено со пред пандемијата

Во последните две години, по пандемијата со Ковид-19 Албанија бележи значителен раст во туризмот. Премиерот Еди Рама денеска ги објави бројките на Светската туристичка организација, која за првите три месеци од оваа година ја рангира Албанија на третото место во светот по раст на туризмот и на првото место во Европа по раст на туризмот во однос на периодот пред ...

Read More »