Author Archives: Весник Илинден

„Авантуристички парк“ во Шиштеец областа Гора подготвен да ги пречека првите гости (ФОТО)

„Авантуристичкиот парк“ во Шиштеец областа Гора, инвестиција која ќе создаде можности за зголемување на економскиот потенцијал на областа Гора, е подготвен да ги пречека посетителите. Премиерот Еди Рама денеска на социјалните мрежи ги сподели сликите од изградбата на овој парк, кој се смета за златна можност за развој на туризмот во овој агол на Албанија. Рама рече дека „Авантуристичкиот парк“ во Шиштеец ...

Read More »

Албанија во 2023 година ќе претседава со Енергетската заедница

Вицепремиерка и министерката за инфраструктура и енергетика Белинда Балуку, во рамки на официјалната посета на Виена, оствари средба со Кадри Симсон, еврокомесар за енергетика и Артур Лорковски, директор на Секретаријатот на Енергетската заедница. Како што пренесува албанската државна агенција АТА, Балуку на сребата оценила дека следната година ќе биде одлучувачка во однос на посветеноста на Западен Балкан да ги одобри ...

Read More »

Средба Рустеми-Бербери: Изградба на сегментот Струга-Ќафасан-Елбасан олеснување во циркулацијата на возила, услуги и стоки

Генералниот директор на Јавното претпријатие за државни патишта на Македонија, Ејуп Рустеми денеска во Тирана оствари средба со директорот на Албанската управа за патишта, Евис Бербери. Рустеми и Бербери подетално разговараа за имплементацијата на неколку клучни проекти како што е проектот за Коридор 8 и Граничен премин „Ќафасан-Струга“. Бербери го запознал својот соговорник со проширувањето на патниот правец од  Елбасан ...

Read More »

Најпрвин јасно признавање на македонскиот народ

По однос на ова прашање, мислењето на нашите соговорници е дека „агресивната бугарска политика кон Македонија во добра мера се должи на пасивноста од македонска страна, како и на недостигот од јасна политика и црвени линии кон постојаните ирационални барања што пристигнуваат од Софија“. Тие посочуваат дека од македонска страна е потребна една принципиелна политика, секако втемелена на внатрешното и ...

Read More »

Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај учестуваше на презентација на проектот „Жените на малцинствата“

Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај денска учестуваше на презентација на студија Колку се еднакви малцинските организации? Презентирана ФУЕН студија за проектот „Жените на малцинствата“. На настаните на ФУЕН честопати доживуваме дека соодносот на половите не е избалансиран. На нашите конгреси, конференции и годишни состаноци учествуваат значително повеќе мажи отколку жени. Но, исто така, во квалитативна смисла, ако ги погледнете ...

Read More »

Во чест на 70-годишнината од раѓањето на Горан Стефановски беше осветлен и украсен околу неговиот споменик во Дебар Маало

Во чест на 70-годишнината од раѓањето на Горан Стефановски вечерва беше осветлен и украсен делот околу неговиот споменик во Дебар Маало. На настанот пригодна реч одржа амбасадорот на ЕУ, Дејвид Гир, како и македонскиот книжевник Иван Антоновски. Ги украсивме елките околу клупата на која седи Горан за да нѐ осветли неговата „искра што се измолкнува“. За да нѐ потсети дека ...

Read More »

Луфтханза ќе почне со летови Франкфурт-Скопје

Луфтханза следното лето ќе почне да лета меѓу Франкфурт и Скопје, поврзувајќи ги двата града со редовен авиопревоз по повеќе од една деценија. Летовите ќе почнат на 23 април и ќе се вршат до два пати на ден за вкупно десет неделни ротации. Новата услуга отвора многу врски преку Франкфурт. Авионите со три од неделните вечерни летови до Скопје ќе ...

Read More »

Започнаа градежните работи на патот Елбасан – Ќафасан дел од Коридорот 8

По потребните подготвителни активности, почнаа градежните работи за реконструкција и проширување на патниот правец граничен премин Ќафасан, на албанско-македонската граница до градот Елбасан. Според директорот на Агенцијата за државни патишта Ервис Бербери, работите на овој патен правец ќе се одвиваат во три фази, поради високиот трошок во државниот буџет, додека во моментов се започнати работите на делницата Фуш Лабинот-Мирак. Започнаа ...

Read More »

Репортери без граници: 533 новинари уапсени во 2022 година

Во 2022 година ширум светот биле уапсени 533 новинари, најмногу во последните 30 години, објави организацијата Репортери без граници во својот годишен извештај. Бројот на убиени новинари е исто така во пораст – 57, најмногу поради војната во Украина, се наведува во соопштението објавено денеска од невладината организација за слобода на медиумите. Половина од апсењата на новинари се однесуваат на ...

Read More »

Потпишан меморандум за меѓугранична соработка помеѓу општините Преспа, Пустец и Ресен 

Во општина Преспа во Грција, беше потпишан Меморандум за меѓугранична соработка помеѓу општините Преспа во Грција, Пустец во Албанија и Ресен во Македонија. Меморандумот го потпишаа Панајотис Паскалидис градоначалник на општина Преспа, Пали Колефски градоначалник на општина Пустец и Јован Тозиевски градоначалник на Општина Ресен. Меморандумот предвидува меѓугранична соработка на трите општини и унапредување на соработката во областа на културата, ...

Read More »