Македонското друштво “Илинден“-Тирана, упати честитка по повод 8-ми септември денот на „независноста на татковината Македонија“. Во мое лично име и во името на македонското друштво “Илинден“-Тирана ви го честитам 8-ми септември денот на независноста на татковината Македонија. Пред точно 31 години, македонските граѓани покажаа исклучителна демократска зрелост и донесоа одлука со која сите се гордееме и која го трасираше патот ...
Read More »Author Archives: Весник Илинден
Иран му одговори на Рама: Одлуката на Албанија е непромислена и погрешна
Иран ги отфрли како „неосновани“ обвинувањата на Албанија дека Техеран извршил сеопфатни сајбер напади против нив, и поради кои Тирана денеска одлучи да ги прекине дипломатските односи со Исламската Република. „Министерството за надворешни работи оценува дека одлуката на земјата да ги прекине дипломатските односи со нас се заснова на неосновани обвинувања и претставува непромислен и погрешен чин“, се вели во ...
Read More »Албанија ги прекина дипломатските односи со Иран, персоналот од амбасадата да ја напушти земјата за 24 часа
Албанската Влада одлучи да ги прекине дипломатските односи со Иран по кибернападите кои беа насочени кон веб-страниците на албанската влада во јули годинава. Одлуката е донесена денеска на владината седница, а ја соопшти премиерот, Еди Рама. Преку видео порака на Фејсбук премиерот објави дека и покрај тоа што нападот бил сериозен, не ја постигнал целта. Тој информираше дека по длабински ...
Read More »Претседателката на Словачката Република Зузана Чапутова во официјална посета на Република Македонија
На церемонија со највисоки државни и воени почести претседателот Стево Пендаровски денеска ја пречека претседателката на Словачката Република Зузана Чапутова, која престојува во официјална посета на Република Македонија. Претседателот Пендаровски и претседателката Чапутова одржаа тет-а-тет средба, по што следуваше пленарен состанок на двете делегации. Во фокусот на разговорите се билатералните односи, словачките искуства од процесот во пристапување во ЕУ, сојузништвото ...
Read More »Мухамет Румбулаку нов генерален директор на албанската полиција
За нов генерален директор на албанската државна полиција е назначен Мухамет Румбулаку, кој има 29- годишно искуство во државната полиција. Педесет и две годишниот Румбулаку има чин прв офицер, бил заменик генерален директор на полицијата за јавен ред и безбедност 2009-2013 година, додека пред тоа бил директор на Полицијата на Тирана и во некои други области. За време на техничката ...
Read More »„Алкалоид“ АД Скопје регистрираше ново друштво во Романија
По неколкугодишното присуство и успешно работење на романскиот пазар, „Алкалоид“ АД Скопје регистрираше ново друштво во Романија, со назив „Alkaloid Bucharest S.R.L.“. Друштвото е 100 % во сопственост на компанијата. Ваквиот деловен потег е дел од долгогодишната развојна, деловна политика на компанијата, во насока на главните стратешки определби што се однесуваат на глобализацијата на брендот „Алкалоид“ и со цел зајакнување ...
Read More »Официјално во Брисел стартува Европската новинска редакција
Високо професионални новинарски стандарди, навремени и точни информации, борба против лажните вести, како и поблиска меѓусебна соработка меѓу новинарите за сите прашања поврзани со ЕУ и кои се во интерес на Европа е целта на Европската новинска редакција која од јули веќе и почна со работа. Канцелариите на ЕНР се сместени во просториите на Белгиската агенција БЕЛГА во Брисел, а ...
Read More »Изјава на Претседателот на Македонија по одржувањето на 17-та седница на Советот за безбедност (ВИДЕО)
Денеска во Кабинетот на претседателот се одржа 17-та седница на Советот за безбедност, на чиј дневен ред беше енергетската криза во Република Македонија и мерки за нејзино надминување. На седницата, покрај членовите на Советот за безбедност, присуствуваа и заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координацијата на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, министерот за финансии, Фатмир Бесими, ...
Read More »Kонкурс за доделување на студентски стипендии за Македонците во соседството за студиската 2022/2023 година
Врз основа на член 55 став 1 од Законот за организација и работа на органите на државната управа (“Службен весник на Република Македонија“ бр. 58/00, 44/02, 82/08, 167/10 и 51/11 и Службен весник на Република Македонија“ бр. 96/19 и 110/19), член 51 од Законот за студентски стандард („Службен весник на Република Македонија” бр. 15/13, 120/13, 41/14, 146/15, 30/16, 178/16, 64/18, 20/19 и „Службен ...
Read More »Претставници на општина Драгаш, областа Гора во посета на општина Маврово и Ростуше
Во посета на општина Маврово и Ростуше престојуваа претставници од Рестилица и Злипоток, општина Драгаш, областа Гора. Со нашите гости Мурат Мушка, Аднан Мутас и Нухија Таировци, директор за заштита, спасување и јавни услуги во општина Драгаш, разговаравме за продлабочување на нашата и така добра соработка. Посебен акцент ставивме на заедничката ангажираност за подобро поврзување на нашите општини и региони, ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden