Брод со 6.000 тони пченица од Украина плови за Албанија. Бродот „Јаохар Раним“ се очекува да пристигне во Драч на 10 август. Се транспортира пченица за компанија за брашно во Тирана. Бродот бил натоварен на 28 јули во Измаил, најголемото украинско пристаниште, во Одеската област. Во моментов „Јаохар Раним“ се наоѓа во грчките води на Јонско Море. Албанија дури 30 ...
Read More »Author Archives: Весник Илинден
Отворен Балкан: За граѓаните на Македонија, Албанија и Србија ќе можат да работат без визи и работни дозволи
Граѓаните на Македонија, Албанија и Србија благодарение на поврзувањето на националните електронски системи на овие земји во рамките на иницијативата „Отворен Балкан“, по првпат ќе можат слободно да пристапат до единствениот пазар на трудот, изјави денеска директорот на Канцеларијата на Владата на Србија за ИТ и е-Управа Михаило Јовановиќ. Како што јави дописникот на МИА од Белград, Јовановиќ за денешното ...
Read More »Проф. Д-р Катерина Тодороска: Пред и после Протоколот (Дел 6)
Во мојот последен, шести по ред, тематски текст за Записникот наречен Протокол, сè уште се задржувам на третата точка од дневниот ред на Вториот состанок на Заедничката меѓувладина комисија, формирана врз основа на членот 12 од Договорот на пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија, кој се одржа на 17 јули 2022 година во Софија, која се ...
Read More »Македонскиот весник “Илинден“ стана дел од платформата Алијанса за етички медиуми и е првиот весник на македонското малцинство во Албанија кој е дел од платформата
Македонскиот весник “Илинден“ стана дел од платформата на Алијансата за етички медиуми, членови на АEM се 29 печатени и аудиовизуелни медиуми во Република Албанија. Алијансата ги штити своите членки од нефер притисоци и напади. Алијансата за етички медиуми е доброволна група албански медиуми посветени на строго спроведување на Етичкиот кодекс на новинарите. Мисијата на Алијансата за етички медиуми е да ...
Read More »Арбен Кинѓи ја презеде функцијата Началник на Генералштабот на албанската армија
Бригадниот генерал Арбен Кинѓи официјално ја презеде функцијата Началник на Генералштабот на албанските вооружени сили. Него на официјалната церемонија го претстави министерот за одбрана, Нико Пелеши. Генерал Кинѓи доаѓа на оваа функција како резултат на успешната 28-годишна кариера на албански војник. Ја презема функцијата во време кога безбедноста и мирот се вистински загрозени и се во опасност поради руската инвазија врз ...
Read More »11 загинати полски туристи во автобуска несреќа во Хрватска (ВИДЕО)
Најмалку 11 загинати, а повеќе од 30 повредени луѓе во автобуска несреќа во Хрватска. Автобус со полски туристи излетал од автопатот А4 утрово околу 5:40 часот, објави index.hr. Несреќата се случила во близина на местото Подворец на 35 километри северно од Загреб. Повеќе пожарникарски тимови ги извлекуваат повредените кои се префрлени во болници во блискиот град Вараждин и во Загреб. ...
Read More »„Алкалоид“ и на јужноамериканскиот пазар, регистриран лек во Чиле
Институтот за јавно здравје на Чиле (ISP) неодамна го издаде првото одобрение за ставање во промет лек произведен од „Алкалоид“ АД Скопје. Одобрението за ставање лек во промет се однесува на лек во форма на таблети, кој е наменет за краткотрајно лекување несоница кај возрасни. „Алкалоид“, поддржан од своите партнери на оваа територија, продолжува со регулаторните активности за компилирање досиеја ...
Read More »Кибернападот врз е-Албанија е дело на проирански хакери
Кибернападот, што во средината на јули па се до вчера попладне ги стави вон функција онлајн јавните услуги и другите владини веб-страници во Албанија, повеќе од сигурно е дело на проирански хакери, чија цел била да го спречат одржувањето на Светскиот самит на муџахедините, во кампот кај Драч, објави „Mandiant“, водечка американска компанија, која се занимава со прашања од областа ...
Read More »Проф. Д-р Катерина Тодороска: Пред и после Протоколот (Дел 5)
Третата точка од дневниот ред на Вториот состанок на Заедничката меѓувладина комисија, формирана врз основа на членот 12 од Договорот на пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија, кој се одржа на 17 јули 2022 година во Софија се однесува на „Усвојување на насоки за дејствување во исполнувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република ...
Read More »По три недели од кибернападите, онлајн јавните услуги во е-Албанија се целосно вратени во нормала
По три недели од кибернападите, онлајн услугите за граѓаните и бизнисите во Албанија сега се нормално достапни. Во моментов, 1214 од 1225 онлајн услуги обезбедени на платформата е-Албанија можат да ги користат граѓаните и бизнисите со иста брзина и леснотија како и предтходно.Зајакнати се безбедносните механизми на јавните онлајн сервиси и владините сајтови, стои во соопштението на Националната агенција за ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden