Author Archives: Весник Илинден

Честитка по повод Курбан Бајрам од Македонското друштво “Илинден“-Tирана

Почитувани верниците со Исламска Вероисповед во Република Албанија и во целиот свет во името на Македонско друштво “Илинден“-Тирана ви честита Курбан Бајрам, со желба за многу лични успеси и бериќетна година – стои во честитката потпишана од претседателот на друштвото Никола Ѓурѓај.

Read More »

Mакедонско друштво “Илинден”-Тирана доби ИТ опрема од “Донирај компјутер“  

  Неколку години по ред, вниманието на македонската и светската јавност го привлекува една акција наречена “Донирај компјутер“. Тоа е самоиницијативна акција од г-динот Борче Стаменов од Кавадрци, Македонија за прибирање половни компјутери, нивно репарирање и донирање на граѓани од ранлива категорија, aкцијата беше започната во 2016 година. Оваа акција беше од голема полза за децата од ранливите категории во ...

Read More »

Проф. д-р Катерина Тодороска: Мудри одлуки се носат со познавање на историјата

Дниве, многумина ме прашуваат зошто не пишувам за францускиот предлог, ставен како нож под грло на Македонија. И морам да ви кажам дека тоа го правев од многу причини. Една е што со години наназад пишував зошто не смее да се формира мешовита комисија со Бугарија која ќе „преговара“ за македонската историја, па се формира Комисија за образовни и историски ...

Read More »

Македонскиот амбасадор Данчо Марковски оствари со заменик министерката за надворешни работи Артемис Мало

Македонскиот амбасадор Данчо Марковски денес оствари со заменик министерката за надворешни работи Артемис Мало, корисна размена на мислења за актуелни теми од билатералните односи на Македонија и Албанија на средбата меѓу Македонскиот  амбасадорот Марковски и заменик министерката за надворешни работи Артемис Мало. На средбата беа потврдени добрите меѓусебни односи на двете земји, а посебно и одличната соработка на министерства за ...

Read More »

Пет монашки рожби за Иванден во Бигорски

Ден на радост и торжество, Рождество велико и чудесно! Денес Претечата се раѓа – гласот на Словото, гласот кој од пустината повикува: покајте се! Ете, настапува новата епоха, години во кои Бог ќе склучи Нов Завет со човекот – Завет на помирение и љубов, на мир и единство со Бога. Доаѓа Мајката Марија со Богомладенецот Христос во утробата, при мајката ...

Read More »

Атентат врз поранешниот премиер на Јапонија, Шинзо Абе (ВИДЕО)

Поранешниот јапонски премиер Шинзо Абе е застрелан додека држел говор на изборен митинг и се наоѓа во критична здравствена состојба. Абе држел говор на митингот кога двапати било пукано кон него. Првиот куршум го промашил, додека вториот го погодил во грбот, по што тој паднал. Новинската агенција Џији, повикувајќи се на кругови од либералнодемократската партија ЛДП на Абе, јавува дека ...

Read More »

Се самоуби Кастриот Муфтарај, еден од најпознатите албански аналитичари и публицисти

Еден од најпознатите албански, аналитичари, публицисти и новинар Кастриот Муфтарај, си го одзеде животот фрлајќи се од четвртиот кат од објектот каде што живеел, пишува албанскиот портал albaniandailynews. Полицијата потврди дека немилиот настан се случил во 12:55 часот во населбата „Али Деми“ во Тирана и додава дека во тек е увид. Од 28 септември 2017 година, ја водеше емисијата „Зборува Москва“, последната ...

Read More »

Британскиот премиер Џонсон даде оставка

Британскиот премиер Борис Џонсон рече дека е јасна „желбата“ на неговата Конзервативна партија да има нов лидер и ја објави својата оставка, објави АП. Џонсон рече дека ќе остане како британски премиер се додека не се избере неговиот наследник. Критичарите велат дека не треба да му се дозволи да остане привремен премиер и треба да биде сменет од функцијата што ...

Read More »

Голем антивладин протест во Тирана

Вечерва, пред Владата во Тирана, се одржа масовен антивладин протест под мотото „Албанија во опасност – Не вели што ќе ми е мене“, организиран од Сали Бериша. На протестот куси обраќања имаа повеќе граѓански активисти, педагози, актери и млади лица, кои без исклучок побараа рушење на владата на Еди Рама, за кого рекоа дека е најголемиот виновник за сиромаштијата и депопупацијата на ...

Read More »