Премиерот Димитар Ковачевски денеска го посети манастирот Св. Јован Бигорски, каде што беше пречекан од игуменот на манастирот, Епископ Антаниски г. Партениј и запознаен со историјата и мисијата на манастирот Св. Јован Бигорски, како еден од најзначајните монашки и духовни центри во историјата на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија. Во посетата на манастирскиот комплекс, Ковачевски беше придружуван и од ...
Read More »Author Archives: Весник Илинден
Повторно отворена Амбасадата на Македонија во Киев
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска е во посета на Киев, од каде информираше дека амбасадата повторно ќе биде ставена во функција. Тукушто допатував во Киев, каде покрај средбата со мојот колега, Дмитро Кулеба, во функција повторно ќе ја ставиме и нашата амбасада во Украина. Македонија стои цврсто во поддршка на храбриот украински народ, се вели во објавата.
Read More »Во Германија ќе може да се патува без тест и без потврда за вакцинација против Ковид-19
Германскиот министер за здравство Карл Лаутербах денеска изјави дека Владата планира да ги укине епидемиолошките правила во текот на летото, според кои на патниците за влез во Германија им треба потврда за вакцинација против Ковид-19, негативен резултат од тестот или доказ за прележан Ковид-19. Лаутербах за медиумската група „Функе“ изјави дека правилата што важат за сите постари од 12 години, ...
Read More »Рома ја освои Лигата на конференции, Мурињо испиша историја во Тирана (ВИДЕО)
Фудбалерите на Рома се првите освојувачи на Лигата на конференции, откако вечерва во Тирана славеа во финалниот меч против Феенорд со 1:0. Тоа е првиот европски трофеј за Рома уште од 1961 година кога го освои Купот на саемски градови. Во меѓувреме беше финалист во 1984 година кога загуби во Купот на шампионите, и во 1991 година во Купот на УЕФА. Римската „волчица“ триумфираше против ...
Read More »Се промовира книгата “Хармониска интеграција на македонското малцинство во Република Албанија – Случај на македонското малцинство во областа Преспа и Врбник” од Проф д-р Мариа Дојче
Во Спомен – музејот “Стерјо Спасе” во село Глобочени, Општина Пустец се промовира книгата “Хармониска интеграција на македонското малцинство во Република Албанија – Случај на македонското малцинство во областа Преспа и Врбник” од професор д-р Мариа Дојче, истакната албанска интелектуалка. Во Албанија, ова е прва вистинска социолошка студија за интеграција на дел од македонската заедница во албанското општество. Во овој ...
Read More »Наскоро единствен пазар на трудот за граѓаните на Македонија, Албанија и Србија
Граѓаните на Македонија, Албанија и Србија, наскоро ќе можат да се вработат во овие земји со идентификациски броеви на Отворен Балкан без дополнителни административни бариери. Издавањето на првите идентификациски картички, кои ќе овозможат слободен пристап до пазарот на труд на Западен Балкан се очекува за време на Самитот Отворен Балкан што ќе се одржи на 7 и 8 јуни во ...
Read More »Колумна на претседателот на ММДЧП Бил Николов објавен во американското списание Covert Action Magazine
Но малкумина Американци знаат за ова, или им е гајле Текст на претседателот на ММДЧП Бил Николов објавен во американското анти-империјалистичко списание Covert Action Magazine (CAM), кое ги разоткрива американските тајни операции низ светот: https://covertactionmagazine.com/2022/05/23/u-s-supports-cultural-genocide-in-macedonia-and-imprisonment-of-dissidents-as-part-of-its-geo-strategic-alignment-with-greece/ (Забелешка: уредниците на Covert Action Magazine: CAM го користат името “Македонија”, а не наметнатото име “Северна Македонија” – ние го почитуваме правото на самоопределување на ...
Read More »Руската Православна Црква го поздрави признавањето на автокефалноста на Македонската Православна Црква – Охридската Архиепископија
Признавањето на автокефалноста на црквата во Македонија од страна на Српската православна црква е радосен настан, за кој се очекува да се разговара на следниот состанок на Светиот синод на Руската православна црква, изјави заменик-претседателот на Одделот за надворешни односи на Московската патријаршија, протојереј Николај Балашов. Се радуваме заедно со нашите браќа Срби и Македонци. Овој настан го чекавме многу ...
Read More »Денот на македонските и сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј одбележан и меѓу Македонците во Албанија
Денеска во селото Глобочани, Мала Преспа, за прв пат организираа прослава по повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј. Се одржа научен собир во соорганизација на Македонското друштво „Сонце” од Албанија, Универзитетот „Фан Ноли” од Корча, Албанија и Друштвото за литература и култура „Мацково” од Охрид. Учесниците на собирот ги поздрави Васил Стерјоски, прв ...
Read More »Патријарх Порфириј: СПЦ ја прифаќа автокефалноста на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија
Патријархот Порфириј, поглаварот на Српската православна црква прв одржа говор по заедничката литургија меѓу двете цркви. Пренесуваме делови од говорот на српскиот патријарх: „Да се радуваме денеска, со нас денеска се радува целата црква, се радува и небото и змејата, се радуваат сите кога браќата се сакаат и кога го слават името Божје. Да се радуваме сите ние кои после ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden