Author Archives: Весник Илинден

Мицкоски: Нашата дијаспора има право да учествува по електронски пат на следните претседателски избори

Истите тие кои ја крадеа, распродаваа и понижуваа Македонија, сега грчевито се борат да ја блокираат. Исплашени се дека, по декемврискиот извештај, сега и во јунскиот извештај на Европската комисија за напредокот на земјите од Западниот Балкан повторно ќе бидеме најдобри… Но, имам лоша вест за нив и нивните коалициони леви партнери: Македонија ќе ве победи вас и вашите блокади, ...

Read More »

Во Глобочени промовирана книгата „Прогонот на Македонците од преспанското село Горна Горица (1924–1933)“

Во музејот „Стерјо Спасе“ во Глобочени денес беше промовирана книгата „Прогонот на Македонците од преспанското село Горна Горица (1924–1933)“, дело на Васил Стерјовски, посветено на судбината на Македонците од Горна Горица во периодот меѓу 1924 и 1933 година. За значењето на изданието говореше Ефтим Митревски, кој истакна дека книгата претставува значаен историски запис за страдањата на Македонците од Горна Горица ...

Read More »

105 години од убиството на Ѓорче Петров

На 26 јуни 1921 година во Софија бил убиен Ѓорче Петров, една од личностите кој целиот свој живот го посветил на борбата за слобода на македонскиот народ. Тој бил еден од најверните идејни соработници на Гоце Делчев и истакнат заштитник на целите и на принципите на Внатрешната македонска револуционерна организација. Иако бил противник за предвремено кревање востание на македонскиот народ, ...

Read More »

Почина македонскиот пејач Владо Јаневски

Македонската музичка сцена вечерва остана без едно од своите најпрепознатливи имиња. По кратко боледување, на една од скопските клиники почина пејачот и музичар Владо Јаневски на 66-годишна возраст. Со своите безвременски хитови, Јаневски остави длабока трага во македонската и регионалната музика, а неговите песни со децении беа дел од животите на бројни генерации. Публиката ќе го памети по незаборавните нумери ...

Read More »

Тошковски и Љамалари потпишаа договор за воспоставување заеднички гранични премини и заеднички гранични контроли меѓу Македонија и Албанија

Денеска министерот за внатрешни работи на Република Македонија, Панче Тошковски и министерот за внатрешни работи на Република Албанија, Бесфорт Љамалари во Пешкопеја, Албанија потпишаа Договор за воспоставување заеднички гранични премини и спроведување заеднички гранични контроли меѓу двете држави. Со овој договор се воспоставува современа и функционална рамка за поефикасно управување со заедничката граница, со цел олеснување на движењето на луѓе ...

Read More »

Андоновски: Од стагнација кон систем што испорачува резултати за граѓаните

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска одржа прес-конференција на која даде отчет за реализираните активности, проекти и реформи на Министерството за дигитална трансформација во изминатите две години. Во своето обраќање, министерот Андоновски истакна дека отчетот не е само приказ на бројки, системи и закони, туку показател за тоа дали државата станува подостапна, поефикасна и поправедна за граѓаните. „Кога започнавме, ...

Read More »

Охридскиот регион е богатство за човештвото, порача Николоски на средбата со амбасадори од УНЕСКО

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на Фејсбук информираше дека денеска во Влада имало значајна средба со амбасадори од УНЕСКО за заштита на нашето природно и културно наследство. Денеска во Владата остваривме значајна средба со амбасадори од УНЕСКО, на која разговаравме за приоритетите на Македонија во делот на заштитата и одржливиот развој на нашето природно и културно наследство. Потребна ...

Read More »

Македонска алијанса за европска интеграција бара Пустец да остане посебна општина и да се преименува во Преспа (ВИДЕО)

Под раководство на копретседателите Арбјан Мазнику и Лучиано Бочи, Посебната парламентарна комисија за административно-територијална реформа одржа јавна расправа во Корча, во рамките на процесот на јавни консултации за административно-територијалната реорганизација на Република Албанија. Претседателот на Македонската алијанса за европска интеграција Васил Стерјовски учествувајќи на јавната расправа за албанската административно-територијалната реформа одржана во Корча посочи дека, Општина Пустец мора да остане ...

Read More »

Македонија: Шест нови хируршки сали на Клиничкиот центар ќе стартуваат со работа на 30 јуни

Шесте целосно реновирани хируршки сали во Клиничкиот центар во Скопје треба да бидат ставени во функција на 30 јуни, најави министерот за здравство Азир Алиу. Според него, пуштањето во употреба ќе следи откако ќе заврши процесот на верификација на протоколите за работа, кој го спроведуваат странски експерти. „Откако ќе помине верификациската постапка од странските експерти, потребни се уште три до ...

Read More »

Претседателот на Македонско друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај оствари средба со Архиепископот Охридски и Македонски  г.г.Стефан 

Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во својот кабинет, денеска оствари средба  со Никола Ѓурѓај, претседател на Македонското друштво  “Илинден”-Тирана. Ми беше задоволство и голема чест, во име на друштвото и македонското национално малцинство во Република Албанија, лично да му ја врачам благодарницата “Илинден”. Во пријателски и срдечен разговор беше изразена заедничка подготвеност за унапредување на соработката, информираше ...

Read More »