Author Archives: Весник Илинден

Денот на македонските и сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј одбележан и меѓу Македонците во Албанија

Денеска во селото Глобочани, Мала Преспа, за прв пат организираа прослава по повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј. Се одржа научен собир во соорганизација на Македонското друштво „Сонце” од Албанија, Универзитетот „Фан Ноли” од Корча, Албанија и Друштвото за литература и култура „Мацково” од Охрид. Учесниците на собирот ги поздрави Васил Стерјоски, прв ...

Read More »

Патријарх Порфириј: СПЦ ја прифаќа автокефалноста на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија

Патријархот Порфириј, поглаварот на Српската православна црква прв одржа говор по заедничката литургија меѓу двете цркви. Пренесуваме делови од говорот на српскиот патријарх: „Да се радуваме денеска, со нас денеска се радува целата црква, се радува и небото и змејата, се радуваат сите кога браќата се сакаат и кога го слават името Божје. Да се радуваме сите ние кои после ...

Read More »

Македонските и сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј

Поголемиот дел од словенското население во Европа и Азија ја должат својата азбука и својата култура на делото на браќата Свети Кирил и Методиј од Солун, Егејска Македонија кои станале мисионери на христијанството помеѓу Словените од Голема Моравија и Панонија. Преку нивната работа тие влијаеле врз културниот развој на сите Словени, поради што ја добиле титулата Апостоли на Словените. Во ...

Read More »

Честитка по повод Свети Кирил и Методиј од Македонско друштво “Илинден“-Тирана

По повод 24 Мај, Денот на словенските просветители Светите Кирил и Методиј, македонското друштво “Илинден“-Тирана упати честитка до Поглаварот на МПЦ- ОА, архиепископот г.г.Стефан и до сите Македонци каде и да се. Дозволете ми во мое лично име, во име на друштвото и на сите Македонци во Албанија, Вам лично, на Вашето свештенство и на сите православни верници, да ви ...

Read More »

Премиерот Ковачевски се поклони и положи цвеќе пред спомен плочата на Светите Кирил и Методиј во Санта Марија Маџоре во Рим (ВИДЕО)

Премиерот Димитар Ковачевски заедно со делегацијата на Македонија која е во дводневна посета на Ватикан и Рим по повод 24 мај – Денот на македонските и сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј, денеска положи венец со цвеќе пред спомен плочата посветена на делото на светите браќа во базиликата Санта Марија Маџоре. Базиликата Санта Марија Маџоре има посебно место во хронологијата ...

Read More »

Македонскиот јазик во светлина на општословенската и црковнословенската јазична матрица

Историјата е врежана во културната меморија, без којашто не би имало никакви препознатливи и агилни идентитети. Дваесет и четврти мај е ден кој ги обединува, макар комеморативно и симболично, сите словенски народи без коишто се незамисливи европската историја, култура и современост. Денес е Ден кој нè потсетува дека словенските народи некогаш во минатото биле обединети јазично, верски и културно. Денес ...

Read More »

Екслузивно: Сали Бериша реизбран за лидер на Демократската партија

Додека во огромното мнозинство избирачки места заврши гласањето извори од Демократската партија за Македонски весник “Илинден” дознава дека значително води Сали Бериша. Во повеќето избирачки места поранешниот премиер Бериша доби неколку пати повеќе гласови од другиот кандидат Ибсен Елези. Се чини дека овој тренд ќе биде ист за сите овие избирачки места, објавувајќи го очекуваниот резултат. За шеф на Демократската партија ...

Read More »

Пелагониски средби 2022: Повелба за животно дело за Славе Николовски – Катин

Наградата „Повелба за животно дело“ на Пелагониските средби 2022 ќе ја добие публицистот Славе Николовски-Катин за неговиот севкупен труд и придонес во науката, културата, новинарството, религијата и општественото живеење, одлучи Советот на оваа манифестација. Наградата на Катин ќе му биде врачена на Пелагонските средби во октомври годинава. Славе Катин е голем вљубеник во својата родна Преспа и Охрид, во етничка ...

Read More »

Извршена канонизација на преподобниот игумен Јоаким Крчовски

Со света божествена литургија со која чиноначалствуваше поглаварот на Македонската Православна Црква-Охридска Архиепископија неговото блаженство г.г. Стефан, во сослужение со митрополитот Кумановско-Осоговски, г.Григориј, во божјиот храм на манастирот Свети Јоаким Осоговски денеска се изврши вбројување во диптихот на светите на Свети Јоаким Крчовски. Ова е историски ден и голема радост за сите кривопаланчани, но и за сите Македонци, а на ...

Read More »

21 мај – Светски ден на културната разновидност за дијалог и развој

Во 2001 година, УНЕСКО ја усвои Универзалната декларација за културен диверзитет и во декември 2002 година, Генералното собрание на ОН, во својата резолуција 57/249, го прогласи 21 мај да биде Светски ден на културниот диверзитет, за дијалог и развој. Светскиот ден на културната разновидност за дијалог и развој се одржува секоја година на 21 мај, со што се одбележува не ...

Read More »