Author Archives: Весник Илинден

Македонска алијанса за европска интеграција бара отштета за изгорени електрични апарати во село Горна Горица, општина Пустец

Единствената македонска партија, во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), ја поддржува рекацијата на граѓаните од село Горна Горица, општина Пустец и бара од Електродистрбуција да ги исплати штетите предизвикани од честите прекини во елекромрежата. -Никако да завршат проблемите со струјата во општина Пустец. Откако жителите на македонската заедница во општина Пустец поминаа една недела без струја, вчера во ...

Read More »

Црковниот одбор на Пустец упати апел за помош за изградба на камбанарија за црквата “Св Архангел Михаил”

Црковниот одбор на село Пустец по барање на македонските верници од Пустец, реши да изгради камбанарија за црквата “Св Архангел Михаил” во Пустец, областа Мала Преспа, Отец Алексо Темелко во име на црковниот одбор на село Пустец упати апел до сите верници да донираат за изградба на камбанаријата. Во апелот на отец Алексо Темелко стои: Почитувани сонародници! Сите го знаеме, ...

Read More »

Од традиционалната Умилителна вечерна на простувањето г. Партениј посака благословена и добра Четириесетница

Епископ г. Партениј и игумен на свештената бигорска Обител, на синоќешната традиционалната Умилителна вечерна на простувањето, посака благословен пост и добра Четириесетница. Најнапред, да му се заблагодариме, најмили мои, на Бога, што нè удостои и оваа година да стасаме до оваа прекрасна богослужба, наречена Умилителна вечерна на проштавањето, во навечерието на Светата и Велика Четириесетница. Постот е едно од средствата ...

Read More »

Историски скок на цената на гасот во Европа на 3.300 долари за 1.000 кубни метри

Цените на фјучерсите на гасот во Европа продолжуваат да достигнуваат рекорди, зголемувајќи се за повеќе од 50 отсто до над 3.300 долари за 1.000 кубни метри, според Лондонската берза ИЦЕ (ICE). Фјучерс цената на најликвидниот центар ТТФ на отворањето на тргувањето беше 2366,8 долари за 1000 кубни метри и бележи постојан пораст во првите минути. Цените се зголемија за речиси ...

Read More »

Mакедонскиот амбасадор Марковски на работен ручек со француската амбасадорка и германскиот амбасадор во француската резиденција

Амбасадорката на Франција, Елизабет Барсак, организираше средба на која присуствуваа германскиот амбасадор Петер Зинграф и македонскиот амбасадор Данчо Марковски. Во разговорот преовладуваа темите за актуелната состојба во Украина и последиците што воениот конфликт може да ги предизвика. Барсак, чија земја претседава со Унијата и Зинграв ја истакнаа неопходноста од неодложно заокружување на процесот на интеграција на Македонија и Албанија, односно ...

Read More »

Русија објави список на непријателски земји

Владата на Руската Федерација го одобри списокот на странски земји и територии кои „вршат непријателски дејствија против Русија“, соопшти прес-службата на Кабинетот на министри. Владата одобри список на странски земји и територии кои вршат непријателски дејствија против Русија, руските компании и граѓани. Наредбата за тоа е потпишана – се наведува во соопштението. На списокот се Австралија, Андора, Албанија, Македонија,Велика Британија, ...

Read More »

Земјотрес од 3.9 степени епицентарот близу Поградец

Земјотрес од 3,9 степенк ноќеска околу 2 часот и 41 минути е почуствуван на македонската и албанска граница. Според ЕМСЦ, епицентарот бил на 15 километри југозападно од Поградец, земјотресот бил почуствуван и во Охрид.

Read More »

Улицата во Тирана каде е руската амбасада ќе се вика „Слободна Украина“

Во Тирана дел од улицата каде се сместени амбасадите на Србија, Косово, Украина и Русија, ќе биде преименувана во улица „Слободна Украина“, изјави градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај. Тој објави и карта на дел од градот на која се гледа дека дел од улицата Доника Кастриот ќе се преименува.  

Read More »

Северна Кореја го изврши деветтиот ракетен тест годинава

САД и соседните земји на Северна Кореја денеска осудија лансирање на сомнителна балистичка ракета од страна на Пјонгјанг, во услови кога се случува забрзана серија тестови на оружје, прекин на преговорите за денуклеаризација и претседателски избори во Јужна Кореја. Јапонскиот министер за одбрана Нобуо Киши рече дека денешното лансирањето на ракетата кон морето источно од Корејскиот Полуостров „не е нешто ...

Read More »

Православните верници го слават големиот христијански празник Прочка: „Прости, и нека ти биде простено“

Денеска е Прочка. Овој ден претставува голем празник за македонскиот народ и со него се поврзани голем број обичаи и верувања. Прочка е ден во православното христијанство на меѓусебно простување помеѓу верниците пред почетокот на Велигденскиот пост. Датата на Прочка се менува во зависност од датата на Велигден, и секогаш е точно на 7 недели пред Велигден. Од верски аспект, ...

Read More »