Ви благодарам за поддршката во првиот круг. Нијанси фалеа за да се заврши работата уште во првиот круг, но ние сме ВМРО-ДПМНЕ, ние одиме по потешкиот пат, ката што во втор круг убеден сум дека победата и довербата ќе бидат уште поголеми и Марија ќе биде следниот градоначалник на општина Неготино, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот настан ...
Read More »Author Archives: Весник Илинден
Потврдено: EXIT го избра Скопје за нова фестивалска дестинација во 2026 година
Познатиот регионален фестивал ЕГЗИТ (EXIT) објави дека во рамки на својата светска турнеја „EXIT Global Tour“ следната година ќе настапи во повеќе земји, меѓу кои и Македонија. Според објавата на официјалниот Инстаграм профил на EXIT, првите дестинации за 2026 Exit Global Tour година се Египет, Индија, Малта, Хрватска, Македонија и Србија. Оваа година, организаторите најавија дека српското издание на EXIT ...
Read More »Претседателот на македонско друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај му ја врачи наградата “Илинден” на Лорант Винце, претседател на ФУЕН
Претседателот на македонското друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај, му ја врачи почесната награда “Илинден” на Лорант Винце, претседател на Федералната унија на европските националности (ФУЕН). Почесната награда ”Илинден” за 2025 година и беше доделена на Федералната унија на европските националности за заложбите и поддршката што ја дава за Македонците во Република Албанија. Огромна чест ми беше во име на друштвото и ...
Read More »ФУЕН едногласно усвои резолуција поднесена од Македонско друштво “Илинден”-Тирана
Генералното собрание на Федералната унија на европските националности (ФУЕН), на 69-от Конгрес едногласно усвои Резолуција поднесена од Македонско друштво “Илинден”-Тирана. ФУЕН ја повикува Република Албанија, Комитетот за малцинства, кој е владин орган, да се трансформира во министерство за национални малцинства. Исто така ја повикува албанската влада да ја ратификува европската карта за регионалните малцински јазици, изјави, Никола Ѓурѓај, претседател на ...
Read More »Македонско друштво “Илинден“-Тирана со свој штанд на Конгресот на ФУЕН во Болзано, Италија (ФОТО)
Македонското друштво “Илинден“-Тирана со свој штанд се претстави на 69. Конгрес на Федералната унија на европските националности (ФУЕН) што се одржува во италијанскиот град Болзано. Во рамки на активностите на овој значаен собир, синоќа, со свој штанд се претстави и нашето друштво. Имавме македонска домашна ракија, ајвар, лепче, потоа пропаганден материјал на кој се претставени македонските носии, убавините на областите ...
Read More »Претседателот на македонско друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај во рамките на ФУЕН конгресот учестуваше на состанок на работна група на словенски малцинства
Претседателот на македонско друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај во рамките на ФУЕН конгресот во Болзано во Јужен Тирол, Италија учестуваше на работен состанок на работна група на словенски малцинства (АГСМ) при Федералната унија на европските националности (ФУЕН). Освен активното учество на конгресот што се одржа во Болзано во Јужен Тирол, Италија учествував и на состанок на работна група на словенските малцинства, при ...
Read More »Претседателот на Македонско друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај учествува на 69 конгресот на Федералната унија на европски националности во Болзано во Јужен Тирол, Италија
Претседателот на македонското друштво “Илинден”- Тирана учествува на 69. Конгрес на Федералната унија на европски националности (ФУЕН), кој денеска попладне почна во Болзано, Јужен Тирол, Италија. Највисокиот собир на ФУЕН ќе трае до 26 октомври а домаќин е Јужнотиролската народна партија, како рамноправна членка на унијата. Да потсетам дека нашето друштво рамноправна членка е од 16 мај 2015 година и ...
Read More »23 октомври – Ден на македонската револуционерна борба
Основите на Организацијата се поставени на 5 ноември 1893 година (23 октомври – според стариот календар) во куќата на книжарот Иван Хаџи Николов во Солун. Во земјава денеска се одбележува 23 октомври – Денот на македонската револуционерна борба, кој е прогласен за државен празник и неработен ден за сите граѓани. На 23 октомври во 1893 година во Солун била основана ...
Read More »Честитка од Македонското друштво “Илинден”-Тирана по повод 23 октомври – Ден на македонската револуционерна борба
Македонското друштво “Илинден”-Тирана по повод празникот 23 октомври – Ден на македонската револуционерна борба, упати честитка до сите Македонци каде и да се, со искрени желби за мир, благосостојба и подобра иднина. Од името на сите Македонци кои живеат во Република Албанија, упатуваме честитки, по повод големиот празник, 23 октомври, Денот кога е формирана македонската револуционерна организација, која е олицетворение ...
Read More »Германскиот канцелар Мерц ги поддржува амбициите на Западен Балкан за ЕУ-членство
Добредојдени сте како членки на ЕУ, но не нудиме никакви попусти, им рече германскиот канцелар Мерц на лидерите од Западен Балкан на самитот на Берлинскиот процес во Лондон. Германскиот канцелар Фридрих Мерц го поддржува ЕУ-курсот на земјите од Западен Балкан. „Би сакал уште еднаш да нагласам: Овие земји, кои ги нарекуваме земји од Западен Балкан, ни припаѓаат“, рече тој вчера по ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden