Силен земјотрес во Грција на 4 километри од Лерин, Егејска Македонија е регистриран вечерва во 22.53 часот по средно-европско време. Според Европската сеизмичка лабораторија потресот имал силина од 5.5 степени. Најсилно во Ресен и во Битола. Земјотресот беше почувствуван и во Скопје. Засега нема подетални информации за штети и повредени.
Read More »Author Archives: Весник Илинден
САД и Русија денеска почнуваат со преговори за ситуацијата во Украина
САД и Русија денеска во Женева ќе започнат разговори за растечките тензии околу Украина, при што Москва бара нов сеопфатен безбедносен аранжман со Западот, но се соочува со силен притисок да ги повлече силите. Преговорите на високо ниво ја отвораат дипломатската недела во која Русија ќе се сретне со НАТО и Организацијата за европска безбедност и соработка, а САД се ...
Read More »САД, ЕУ и ОБСЕ ги осудија насилствата пред седиштето на ПД во Тирана
Во врска со тензиите во опозицската Демократска партија(ПД), кои денеска ескалираа со насилство, реагираа американската амбасадорка, Јури Ким, делегацијата на ЕУ и мисијата на ОБСЕ во Тирана. САД се длабоко загрижени поради ескалацијата на тензиите во седиштето на Демократската партија и употребата на сила од страна на демонстрантите. Ги повикуваме организаторите на протестот да го отфрлат насилството и да покажат ...
Read More »Божикна порака на Неговата Светост, Патријархот Московски и на цела Русија г. Кирил (ВИДЕО)
Приврзаници на Бериша се обидоа насилно да ја заземат Демократската партија (ВИДЕО)
Полиција одговори со солзавец и водени топови на нападот на демонстрантите кои фрлаа камења врз седиштето на опозициската Демократска партија во услови на жестока битка меѓу партиските ривали за власт. Меѓу демонстрантите се поддржувачи на поранешниот албански претседател и премиер Сали Бериша, кој беше исклучен од партијата минатата година, откако Вашингтон му забрани влез во Соединетите држави поради наводна корупција. ...
Read More »Македонците во Албанија го одбележуваат Христовото раѓање – Божик
Македонците во Албанија каде и да живеат, достоинствено, како што и му доликува го одбележуваат Христовото раѓање – Божик. Тие присуствуваа на светите литургии одржани во божјите храмови а онаму каде што се во помал број и немаат постојан свештеник, ги посетија црвите и запалија свеќи за здравје, честитајќи си го празникот со зборовите Христос се роди – навистина се ...
Read More »Честитка по повод Божик од македонското друштво “Илинден”-Тирана
По повод Христовото раѓање – Божик, македонското друштво “Илинден”-Тирана упати честитка до поглаварот на МПЦ-ОА, неговото блаженство архиепископ охридски и македонски г.г.Стефан. Дозволете ми во мое лично име, од името на друштвото и на сите Македонците во Република Албанија, Вам лично и членовите на светиот архиерејски Синод, на преподобното монаштво и свештенство како и на сите православни верници, да Ви ...
Read More »Никола Ѓурѓај годишно интервју за МИА: “Илинден“–Тирана веќе десет години работи на заштита на етничкиот, јазичниот и културниот идентитет на Македонците во Албанија
Интервју со Никола Ѓурѓај, претседател на македонското друштво “Илинден“-Тирана и уредник на истоимениот весник Кога на почетокот на една календарска година се сумираат резултатите од постигнато во годината што изминала, секако посебен белег за вас како друштво е одбележувањето на јубилејот 10 години од излегувањето на првиот број на македонскиот весник “Илинден“. Што тоа значи за вас и посебно за ...
Read More »Божикно интервју со г-дин Јорго Огненовски, претседател на политичката партија Демократи
Македонски весник “Илинден“: Господине Огненовски, во неодамнешната реакција до македонските медиуми и јавноста, кое го добивме и ние, покренавте многу прашања. За почеток, може ли да нѝ кажете зошто сметате дека „…екологијата во Македонија е мислена именка“? Јорго Огненовски: Политичката партија ДЕМОКРАТИ постои од 2018 година и до сега има објавувано, реагирано и негодувано на бројни состојби низ државава во однос на ...
Read More »Македонското друштво “Илинден“-Тирана најостро го осудува продолжувањето на намерите на Бугарија за асимилација на Македонците во Бугари во Албанија
Од името на Македонците во Албанија и на членовите на Македонското друштво “Илинден“-Тирана, го изразуваме неверувањето во измамите изнесени во соопштението на Бугарската амбасада која денес, на 6. 01. 2022 година објави недолична лага и една од многуте провокации. Со неколку фотографии и текст во кој ништо точно не пишува, објавена е најдрската досега бугарска измама. Имено, во денешното соопштение ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden