Author Archives: Весник Илинден

Средба на претседателот Пендаровски со командантот на Националната Гарда на Вермонт, генерал-мајор Грегори Најт

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими командантот на Националната Гарда на Вермонт, генерал-мајор Грегори Најт. На средбата се разговараше за досегашната успешна и плодна соработка меѓу Армијата на Македонија и Националната гарда на Вермонт, преку заедничкото учество во мировни мисии, реализацијата на заеднички вежби, едукација и обука на припадниците на двете армии. Соговорниците констатираа дека членството на Македонија во НАТО ...

Read More »

Мисајловски: Објави дел од кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалници

ВМРО-ДПМНЕ на последната седница на Централниот Комитет усвои нови кандидати за градоначалници за претстојните локални избори. Главната карактеристика е што огромно мнозинство се млади, некомпромитирани и нови имиња кои ќе внесат нова енергија, жар и ентузијазам за повеќе работи и многу успеси во развојот на општините. Ова се кандидатите кои ќе ја сочинуваат новата генерација на луѓе кои ќе настапат ...

Read More »

Европската комисија ги одобри дигитални сертификати од Македонија за Ковид-19 

Европската комисија денеска го усвои националниот Дигитален сертификат на Република Македонија и истиот го смета за еквивалентен на Дигиталниот сертификат на ЕУ, информира Министерството за здравство. Македонија, посочуваат, е прва земја во регионот за која сертификатите за Ковид-19 ќе се сметаат за еквивалентни на Дигиталниот сертификат на ЕУ. Со ова се избегнуваат сите ограничувања во патувањата како што се дополнително ...

Read More »

Македонците во Албанија во село Ербеле, Маќелара го одбележаа Преображение Христово

Македонците од селото Ербеле, област Поле или Долни Дебар, кое се наоѓа во близина на албанско-македонската граница кај Дебар, и неколку други околни населени места, го одбележаа денешниот голем христијански празник, Преображение Господово. Во црквата „Свето Преображение“ која датира од 12 век, присуствуваа помал број верници, споредено со другите години., но како што велат доволно за да ја продолжат традицијата. ...

Read More »

Нови Ковид-19 мерки за влез во Македонија

Од 1 септември 2021 година домашни и странски државјани ќе можат да влезат на територијата на Република Македонија доколку претходно на граничниот премин приложат: – сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примени најмалку две дози на вакцина против заразната болест КОВИД-19 – сертификат/потврда за прележан КОВИД-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето – медицинска ...

Read More »

Православните верници го слават Преображение Христово

Преображение Христово христијански празник кој се слави секоја година на 19 август, односно 6 август според јулијанскиот календар. На овој ден се прославува преображението на Христос на планината Тавор, кога Господ се појавил во сета Негова слава пред апостолите Петар, Јаков и Јован.[1][2][3] Во три од четирите Евангелија се говори за овој настан: Матеј 17,1-9, Марко 9,2-8 и Лука 9,28-36. ...

Read More »

Претседателот Пендаровски го прими Дејан Георгиевски, македонскиот олимписки вицешампион во таеквондо

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Дејан Георгиевски, кој на Олимписките игри во Токио освои сребрен медал во таеквондо. Претседателот Пендаровски честитајќи му го извонредното постигнување и освоениот медал на Дејан Георгиевски, истакна дека неговиот успех донесе огромна слава и радост за цела држава и претставуваше чин којшто ги сплоти сите граѓани. „Ви благодарам во името на сите граѓани што ...

Read More »

Светскиот Македонски Конгрес најостро ја осудува пропагандата на Министерството за надворешни работи на Бугарија кон Македонците во Албанија

Светскиот Македонски Конгрес (СМК) најостро ја осудува пропагандата на Министерството за надворешни работи на Бугарија кон Македонците во областа Гора, и во цела Албанија, како Бугари. За жал, злоупотребена е донацијата преку бугарската амбасада во Тирана, минибус подарен на друштвото “Наша Гора“ за превоз на учениците од планинското село Борjе до гимназијата во селото Шиштеец до градот Кукс. СМК го ...

Read More »

Салех се прогласи за в.д. претседател на Авганистан

Авганистанскиот потпретседател Амрула Салех денеска се прогласи за вршител на должноста претседател на државата и повика на отпор против талибанците. Тој прецизира дека според Уставот се смета за в.д. претседател, имајќи предвид дека досегашниот претседател Ашраф Гани избегал од земјата. Според Уставот на Авганистан, во случај на отсуство, бегство, оставка или смрт на претседателот, првиот потпретседател станува вршител на должноста ...

Read More »