Се вжештува атмосферата во Албанија пред неделните парламентарнми избори. Активист на Социјалистичката партија на премиерот Еди Рама е убиен во градот Елбасан а уште четири лица се повредени. Меѓу повредените има и припадничка на специјалната полициска единица „Ренеа“, која не била на должност но била во близина и дошла да помогне. Напаѓачот е нејзин поранешен колега. Според медиумите убениот е ...
Read More »Author Archives: Весник Илинден
Македонско друштво „Илинден“-Тирана воведениот карантин за секој кој влегува од Македонија во Албанија избрзана и погрешна одлука
Македонско друштво “Илинден”-Тирана, oдлуката на Техничкиот комитет на експерти за карантин на секое лице што ќе влезе на територијата на Република Албанија од Македонија е погрешна одлука. Одлуката на Техничкиот комитет на експерти за карантин за период од две недели на секое лице што ќе влезе на територијата на Република Албанија од Македонија е избрзана и погрешна одлука, бидејќи деновиве ...
Read More »Европската Унија ги најави првите дози од помошта за Македонија на почетокот од мај
Првите 19.000, од вкупно 119.000 дози на Фајзер, ЕУ ќе и ги испорача на Македонија во првата недела на мај. Ова ќе биде само првата испорака, а до крајот на август ќе бидат испорачани сите вакцини, најави на Твитер претседателката на Европската комисија Фон Дер Лајен. Ние сме покрај нашите партнери во Западен Балкан, како што му реков на Зоран ...
Read More »Комитетот на експерти објави дека заразените и сомнителните нема да гласаат
На неколку дена до парламентарните избори, албанскиот комитет на експерти за справување со пандемијата доцна попладнево ги објави протоколите за денот на изборите, 25 април. Она што посебно се нагласува е дека нема да гласаат сите заразени лица со Ковид-19, кои се во домашна изолација или се лекуваат во болница. Се препорачува и оние кои имаат симптоми на вирусот да ...
Read More »Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски во посета на Бигорски манастир
По покана на нашиот старец и игумен, Епископ г. Партениј, денес Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ја посети Свештената Бигорска Обител. Почитуваниот гостин беше пречекан од нашето братство во духот на манастирското гостољубие и запознаен со животот и мисијата на Манастирот. Во топлата и пријателска атмосфера Старецот и Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ разговараа за разни теми што се однесуваат за добросостојбата ...
Read More »Стерјовски: Воведениот карантин за секој кој влегува од Македонија во Албанија избрзана и погрешна одлука
Лидерот на Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) и пратеник во албанскиот парламент, Васил Стерјовски, реагираше во врска со вчерашната одлука на албанскиот Комитет на експерти за справување со пандемијата, за воведување двонеделен карантин за сите кои доаѓаат од Македонија. Одлуката ја оценува како избрзана и погрешна, бидејќи деновиве се намалува бројот на заразени во Македонија. Вчера, додава тој, кога ...
Read More »Брендот Shell дојде во Македонија, отворени две бензински станици
Компанијата „Корал Фуел“ ДООЕЛ Скопје, како подружница на „Coral S.A.“, започна со работа со првите две бензински станици под брендот „Shell“ во Македонија. Компанијата е официјален сопственик на лиценцата за брендовите „Shell“ во Македонија. Матичната компанија „Coral S.A.“ (поранешна „Shell Hellas SA)“ работи во Грција од 1926 година. Со околу 750 бензински станици кои работат под брендот „Shell“, компанијата има удел на ...
Read More »Началникот на ГШ на ВС на Романија, во посета на Генералштабот на Армијата на Македонија
Делегацијата на Вооружените сили (ВС) на Романија, предводена од началникот на ГШ на ВС, генерал-потполковник Даниел Петреску, во рамки на еднодневната официјална посета на Република Македонија, денес престојуваше во Генералштабот на Армијата и Министерството за одбрана. По церемонијата за пречек со високи воени почести, согласно протоколите за Ковид-19, генералот Петреску имаше прием кај својот домаќин, началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко ...
Read More »Тодорка Митрева од кавадаречко Сопот родена 1921 година во Мала Преспа прослави 100 години живот
Тодорка Митрева од кавадаречко Сопот прослави 100 години живот Тодорка Митрева од кавадаречкото село Сопот денеска прослави 100 години живот. Нејзините најблиски ја изненадија со торта и желби за уште заеднички моменти. Нејзините блиски, внуците од син Сузе Велјанова и Тоше Митревски, кажаа за МИА дека била родена 1921 година во Мала Преспа, а целиот свој живот го поминала во ...
Read More »Во Албанија пристигна нова пратка од 208 илјади дози вакцини (ВИДЕО)
Во Албанија попладнево пристигна нова пратка од 208 илјади дози вакцини од Синовак, со што се заокружува договорот со оваа компанија. Само што пристигнаа 208 илјади вакцини, дел од договорот на албанската влада со овластениот дистрибутер на вакцината Синовак. Веќе ја завршивме целата испорака од овој договор, обезбедувајќи вкупно 500 илјади дози вакцини. Од првиот момент на почетокот на процесот ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden