Author Archives: Весник Илинден

Стерјовски предложи давачките за осигурување на возилата во Албанија по македонскиот пример

Пратеникот од Македонска алијанса за европска интеграција, Васил Стерјовски, на денешната седница на парламентарната комисија за европска интеграција ја посочи Македонија како пример за надминување на проблемот со големиот број возила со странски регистарски таблички. За тоа, тој како причина ги посочи високите давачки за осигурување и добивање зелен картон во Албанија, на седницата на која на дневен ред беа ...

Read More »

Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана оствари работна средба со Амбасадорот на Македонија во Албанија Данчо Марковски

Претседателот на македонско друштво „Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај во македонската амбасада во Тирана остврави работна средба со амбасадорот Данчо Марковски. На средбата Ѓурѓај го информирал амбасадорот за најновите настани поврзани со актуелната положба на Македонците во Република Албанија. При тоа беа актуализирани прашања кои се однесуваат на проблемите на македонско национално малциство во Албанија. Секако амбасадорот беше информиран и за активностите ...

Read More »

Заев и Мицкоски се договорија за одложување на пописот во септември и локалните во октомври

Претседателите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ Зоран Заев и Христијан Мицкоски ја завршија денешната средба. Договорено е одложување на пописот за септември и локалните избори. Како што изјави Мицкоски по средбата пописот би се одржал од 5 до 30 септември, а дотогаш ќе биде отворена апликацијата за самопопишување, додека локалните избори би се одложиле за втората половина на октомври. Заев истакна ...

Read More »

Пoчинa Башким Фино пopaнeшниoт пpeмиep нa Албанија како пocлeдицa нa Koвид-19

Во 59-та година од животот, како последица од Ковид-19 почина Башким Фино, поранешен албански премиер и клучна личност во редовите на владејачката Социјалистичка партија. Беше премиер на Албанија во најтешкиот период на земјата по падот на комунизмот, од март до јули 1997 година по познатите мартовски немири кога во земјата завладеа целосен хаос. Тогаш со консензус меѓу политичките партии беше ...

Read More »

Македонија убедливо со 5:0 славеше против Лихтенштајн

Македонската А репрезентација славеше против Лихтенштајн во натпревар од 2. коло од квалификациите за Светското првенство. На Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, нашата најдобра селекција триумфираше со 5:0. Енис Барди го отвори резултатот, Александар Трајковски постигна два гола,  стрелци беа и Елиф Елмас и Илија Несторовски. Македонската репрезентација првата прилика ја имаше во 5. минута преку Горан Пандев, но ...

Read More »

Комеморација за д-р Атанас Коцарев во Париз

Денеска напладне, во француската престолнина Париз, претставници на македонските заедници од Франција и Швајцарија и претставници на градската власт од Париз ја одбележаа 90-годишнината од смртта на македонскиот научник и општественик  д-р Анастас Коцарев и положија венец на неговото вечно почивалиште. Со посебно одобрување и почитување на мерките за претпазливост и растојание, со пригодни говори од македонска и француска страна беа ...

Read More »

Почина пејачот и композитор Зафир Хаџиманов

Познатиот актер, пејач и композитор Зафир Хаџиманов почина  како последица на  вирисот Ковид-19. Хаџиманов е роден на 25 декември 1943 година во Кавадарци и живееше во Белград. Беше оженет со пејачката и актерка Сенка Велетанлиќ, со која го има синот Васил Хаџиманов, познат џез музичар. Зад себе остави над 5.000 записи од македонски изворни песни.

Read More »

Во Албанија продолжена важноста на документите за идентификација до 30 април 

Албанската Влада донесе одлука со која до 30 април ја продолжува важноста на документите за идентификација кои истекуваат до 25 април, датумот кога ќе се одржат општите парламентарни избори. Одлуката е донесена по предлог на Министерството за внатрешни работи до кое барање за тоа претходно доставија претеседателот Илир Мета, по него и Централната изборна комисија и опозицијата. Според официјалните информации ...

Read More »

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски оствари телефонски разговор со заменик помошник државниот секретар на САД за Европа и Евроазија, Палмер

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски оствари телефонски разговор со заменик помошник државниот секретар на САД за Европа и Евроазија г-динот Метју Палмер при што се разговараше за актуелните политички и општествени случувања во земјава, како и исполнувањето на стратешките приоритети. Во разговорот беше потврдено стратешкото пријателство со САД, и посветеноста во исполнување на агендата поврзана со НАТО Алијансата ...

Read More »

Во два часот по полноќ почнува летното сметање на времето

Од ноќеска во два часот по полноќ почнува летното сметање на времето. Стрелките на часовникот ќе се поместат за еден час напред, што значи дека наместо два ќе биде три часот. Летното сметање на времето завршува на 31 октомври во 3 часот по полноќ. Се очекуваше оваа година да биде последно помесување на времето. Европскиот парламент на 4 март 2019 ...

Read More »