Author Archives: Весник Илинден

Пристигнаа 3 000 дози од руската вакцина „Спутник В“ во Македонија

Министерот за здравство Венко Филипче заедно со рускиот амбасадор Сергеј Баздникин на Меѓународниот аеродром „Скопје“ ја пречекаа пратката вакцини „Спутник В“ од Русија, за околу 3.000 граѓани, како прва доза. Пратката стигна со редовен лет  на „Ер Србија“ од Белград. До крајот на овој месец, се очекува да стигнат вакцини и од други производители:  кинеската „Синофарм“, „АстраЗенека“ и „Фајзер“. Нарачани ...

Read More »

Досега се попишале над 32 илјади државјани на  Македонија кои се наоѓаат во странство

Досега се попишале 32.753 лица од дијаспората, соопштија од Државниот завод за статистика. Пописот за иселениците стартуваше на почетокот на месецов, преку онлајн апликација на Заводот за статистика. Од таму преку соопштение известуваат дека бројот на попишани расте секој ден. Иселениците можат да се самопопишат до 21 април. „Државниот завод за статистика секојдневно го следи процесот и е во постојана ...

Read More »

Македонската берза и Загребската берза потпишаа Договор за соработка

Македонската берза и Загребската берза потпишаа Договор за соработка, којшто има за цел да го подобри професионалното знаење и развој на директните и индиректни учесници на македонскиот пазар на капитал преку семинари организирани во рамки на Академијата на Загребската берза. Учесници од Македонија ќе имаат можност да присуствуваат на обуки за различни теми поврзани со пазарите на капитал, како што ...

Read More »

Македонско друштво “Илинден”-Тирана ви посакува среќен 7- 8 ми Март

Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”- Огранок Голо Брдо ви посакува среќен 7- 8 ми Март. – стои во честиткатаа на Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”- Огранок Голо Брдо.

Read More »

Германија: Пратеници од ЦДУ осомничени за земање мито при набавка на маски

Повеќе пратеници на владејачката германска Христијано-демократска унија (ЦДУ) осомничени се дека се стекнале со стотици илјади евра за лобирање на набавка на маски од одредени фирми, објави Дојче веле. Аферата се случува половина година пред парламентарните избори во Германија и би можела да влијае врз рејтингот на ЦДУ. Пратеникот од Христијанско-социјалната унија (ЦСУ), сестринска партија на ЦДУ, Георг Нислајн вчера ...

Read More »

Руската вакцина „Спутник V“ стана втората во светот по бројот земји во која е одобрена

Руската вакцина против коронавирусот „Спутник V“ се искачи на второто место меѓу ваквите препарати според бројот на земјите во коишто ја одобриле, престигнувајќи ја вакцината на американско-германскиот тандем „Pfizer/BioNTech“, објави во петокот вечерта на својот официјален акаунт на Twitter, Рускиот фонд за директни инвестиции (РФПИ). Првото место во светот според бројот на државите кои ја одобриле употребата на вакцината за ...

Read More »

Мисијата на ОБСЕ во Скопје и СЕММ ги објавија првите Насоки за етичко известување на онлајн медиумите

Со цел да се подобрат професионалните стандарди на онлајн медиумите, Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Македонија го поддржа Советот за етика во медиумите (СЕММ) во изготвувањето на Насоки за етичко известување на онлајн медиумите, кои денеска беа објавени во Скопје. Насоките изготвени по широка консултација со медиумската заедница во Македонија, ќе помогнат во развојот на солиден и кредибилен систем за ...

Read More »

Орбан преговара со десничари за формирање нова пратеничка група во ЕП

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес потврди дека неговата партија Фидес преговара со европските конзервативни политички сили, вклучувајќи го и италијанскиот популист Матео Салвини, за формирање нова парламентарна група во Европскиот парламент (ЕП), пренесува Ројтерс. Агенцијата наведува дека Орбан денес на унгарското државно радио изјавил дека, откако неговата партија ја напушти парламентарната група на конзервативната Европска народна партија (ЕПП) во ЕП во ...

Read More »

Мета: Да се продолжи важноста на личните документи за граѓаните да можат да гласаат

Претседателот Илир Мета побара од владеачкото мнозинството да ја продолжи важноста на документите за идентификација (пасоши и лични карти) до 30 април со цел да се гарантира уставното право на глас за сите граѓани со право на глас на изборите на 25 април. Во писмото упатено до премиерот Еди Рама, собранскиот спикер Грамоз Ручи и министерот за внатрешни работи, Бленди ...

Read More »