Во областа Мала Преспа се одвива втората фаза на Проектот за прекуграничен биосферски резерват – Преспа, финансиран од KFW, фаза II, со што продолжува поддржувањето на одржливо шумарство и управување со земјиштето. Имено, во Преспа продолжува работата за засадување на 1.100 садници липа долж двете страни на два споредни пата. Едниот е Националниот пат – село Глобочани, а вториот е Национален ...
Read More »Author Archives: Весник Илинден
Македонско друштво “Илинден”-Тирана бара од Владата на Албанија граничниот премин Џепиште – Требиште областа Голо Брдо да работи 24 часа
Македонско друштво “Илинден”-Тирана бара од Влада на Албанија граничниот премин Џепиште – Требиште во областа Голо Брдо кој беше отворен во мај 2013 година да работи 24 часа. Владите на Македонија и Албнија на заедничката седница одржена во Поградец на 15 декември 2017 година донесоја одлука граничниот премин Џепиште -Требиште да работи 24 часа. Македонско друштво “Илинден”-Тирана бара итно да ...
Read More »„Кога двајца се караат, третиот користи“
(Реакција кон интервјуто на Ким Мехмети) За Бугарската новинска агенција „BGNES“ во петокот (18.12.2020) излезе интервју со Ким Мехмети. Со оглед на тоа што со ова интервју, насловено како „Македонија е ‘политичка филијала’ на Србија“, е нанесена неправда кон македонскиот идентитет и кон МПЦ-ОА, но и кон бисерот на мијачкиот крај – Бигорскиот Манастир (кој е, секако посветен на Свети ...
Read More »Шефот на Интерпол: Вакцините ќе се чуваат на тајни места
Генералниот секретар на Интерпол, Јирген Сток, предупреди дека со испораката на вакцини против коронавирус, тој очекува драматично зголемување на криминалот. „Со испораката на вакцините, криминалот драматично ќе се зголеми“, рече тој во германскиот весник „Виртшафтсвое“. Тој рече дека ќе бидеме сведоци на кражби, провали во магацини и напади за време на транспортот на вакцините. Во Германија федералната полиција е одговорна ...
Read More »Забранети сите летови од Велика Британија за Македонија
Премиерот Зоран Заев пред неколку минути на својот „Фејсбук“ профил објави дека се забранети сите летови од Велика Британија, а дополнително се воведува задолжителна самоизолација од две недели за сите кои ќе пристигнат од таа земја, на било кој начин. „После најновите информации поврзани со појавата на забрзано ширење на коронавирусот во Велика Британија, на денешниот главен кризен КОВИД-19 штаб ...
Read More »Комисијата за заразни болести предлага двонеделен карантин за патниците од Велика Британија
Министерството за здравство информира дека на утринскиот состанок, Комисијата за заразни болести усвои нова мерка – 14 дена самоизолација за сите граѓани кои во земјава со директни летови ќе дојдат од Велика Британија. Оваа нова предлог рестриктивна мерка, за влез во земјава ќе биде предложена на Главниот координативен штаб, а е донесена превентивно по информациите дека нова мутација на корона ...
Read More »Хуманитарна помош за Македонија од Литванија за справување со Ковид-19
Министерот за надворешни работи на Македонија, Бујар Османи денеска се сретна со нерезидентниот амбасадор на Република Литванија за Република Македонија со седиште во Загреб, Јурате Рагукјене, која врачи хуманитарна медицинска помош, донација на Владата на Република Литванија за справување со Ковид 19. Донацијата се состои од скафандери, маски и средства за хигиена. Како што соопшти Министерството за надворешни работи, Османи ...
Read More »Европскиот парламент ја изгласа Иницијативата за заштита на малцинствата SafePack
Европскиот парламент со големо мнозинство пред три дена ја изгласа Резолуцијата за малцински безбедносен пакет, иницирана од петиција потпишана од повеќе од еден милион граѓани на земјите членки на ЕУ. Целта на оваа Резолуција е да се заштитат правата на малцинствата во ЕУ. За резолуцијата гласале 524 европратеници, 67 биле против и 103 воздржани. Сега треба Европската комисија да предложи ...
Read More »Земјотрес со јачина од 4,1 степен почувствуван во јужниот дел на Албанија
Земјотрес со јачина од 4,1 степен според Рихтеровата скала почувствуван е околу два часот по полноќ во јужниот дел на Албанија. Агенцијата Балкан веб, повикувајќи се на албанскиот сеизмолошки институт, наведува дека потресот бил во длабочина од два километера, со епицентар на 17 километри југозападно од градот Ѓирокастро. Освен вознемиреност кај жителите, земјотресот не причинил други штети.
Read More »Владата на Македонија ја усвои предлог одлука за основање на Македонски културно-информативен центар во Тирана
Владата на Македонија на 30-та седница на Владата одржена на 15.12.2020 година ја усвои предлог одлука за основање на Културно-информативен центар на Македонија во Тирана. Отворањето на Македонски културно-информативен центар во Тирана, ќе се зголеми соработката меѓу двете држави, ќе се продлабочи културната соработка и ќе се создадат услови за тоа културните работници и институции на двете држави да ја зголемат ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden