Земјотрес со јачина од 4,1 степен според Рихтеровата скала почувствуван е околу два часот по полноќ во јужниот дел на Албанија. Агенцијата Балкан веб, повикувајќи се на албанскиот сеизмолошки институт, наведува дека потресот бил во длабочина од два километера, со епицентар на 17 километри југозападно од градот Ѓирокастро. Освен вознемиреност кај жителите, земјотресот не причинил други штети.
Read More »Author Archives: Весник Илинден
Владата на Македонија ја усвои предлог одлука за основање на Македонски културно-информативен центар во Тирана
Владата на Македонија на 30-та седница на Владата одржена на 15.12.2020 година ја усвои предлог одлука за основање на Културно-информативен центар на Македонија во Тирана. Отворањето на Македонски културно-информативен центар во Тирана, ќе се зголеми соработката меѓу двете држави, ќе се продлабочи културната соработка и ќе се создадат услови за тоа културните работници и институции на двете држави да ја зголемат ...
Read More »Православните христијани го слават Свети Никола Чудотворец
Православните христијани го празнуваат Свети Никола Чудотворец, светецот заштитник на децата, морепловците, девојките, сиромашните, учениците, пекарите, аптекарите, трговците, патницитe. Во Македонија и во светот има безброј цркви, манастири, икони и фрески, кои се посветени на овој светец. Многу македонски семејства вечер со богата посна трпеза на која преовладуваат рибата и посните сарми ќе го прослават празникот. Овој светец имал многу ...
Read More »Денес е Св. Нектариј Битолски
За македонскиот светител од XV век, преподобниот Нектариј Битолски, македонската јавност многу малку знае. Неговиот светителски култ не е во доволна мера раширен во Македонија, ниту, пак, во неговиот роден град Битола Можеби тоа доаѓа оттаму што преподобниот Нектариј уште како дете заминал од Битола и своето светителско достоинство го добил далеку од своето родно место, во Света Гора. Свети Нектариј ...
Read More »Чешка и Словачка не можат да прифатат „погрешно толкување на историјата“
Прага и Братислава објавија заеднички став во кој официјално потврдуваат дека не можат да се согласат со заклучоците предложени од германското претседателство. Главен проблем е реченицата за „погрешно толкување на историјата“. Чешка и Словачка му се заблагодаруваат на германското претседателство за обидите да се изнајде компромис со Бугарија за заклучоците за проширувањето, но смета дека тие се неприфатливи и ...
Read More »Претседателот на Владата Зоран Заев на посета кај Македонците во Општина Пустец (ФОТО + ВИДЕО)
Претседателот на Владата на Македонија Зоран Заев и министерката за образование и наука Мила Царовска, денеска, при посетата на Општина Пустец, Мала Преспа во Албанија, заедно со своите домаќини Васил Стерјоски, пратеник во албанскиот Парламент од партијата Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) и градоначалникот на Општината, Пали Колефски го посетија заедничкото основно и средно училиште „Митре Колефски и Трајан ...
Read More »Албанија ја зголеми минималната плата за 15 отсто, вгодина ќе биде 245 евра
Влада, на предлог на Националниот совет за труд, што го сочинуваат седум министри, донесе одлука со која од јануари се зголемува висината на минималната плата за 15,4 отсто. Минималната основна плата на државно ниво ќе изнесува 245 евра (30.000 леки), што е зголемување за 15,4 отсто или 32 евра од сегашните 213 евра (26.000 леки), колку што изнесуваше со одлуката од ...
Read More »Македонско друштво “Илинден“-Тирана упатува Благодарност до Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија и Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан
Македонско друштво “Илинден“-Тирана како и неколку години наназад, добива бесплатни верски календари од Македонската Православна Црква- Охридска Архиепископија. Верските календари се даруваат на Македонци во Албанија. Имајќи предвид дека бројот на заинтересирани лица за овие календари секоја година е се поголем, Македонско друштво “Илинден”-Тирана информира дека верските календари од Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија се веке достапни и само ...
Read More »Васил Стерјовски оствари официјална средба со македонската министерка за образование и наука, Мила Царовска во Тирана
Денеска во Тирана во просториите на Парламентот на Албанија, Васил Стерјовски имаше официална средба со македонската министерка за образование и наука, Мила Царовска. На средбата се разговараше за унапредувањето и интензивирањете на соработка во областа на образованието на сите нивоа помеѓу Република Македонија и Република Албанија, како и за програмите за соработка и за стипендирањето на студентите од македонското национално ...
Read More »Средба на Царовска и Куши: Ја продолжуваме и унапредуваме соработката и реализацијата на заедничките програми за образование помеѓу Македонија и Албанија
Унапредувањето и интензивирањето на соработката во областа на образованието на сите нивоа беше тема на денешната официјална средба на министерките за образование на Република Македонија и Република Албанија, Мила Царовска и Евис Куши. Министерката Царовска на средбата истакна дека од суштинско значење е реализацијата на заедничките програми за образованието. Министерките разговараа за зајакнување на соработката во областа на високото образование. ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden