Вчера на Фејсбук се појави видео кое е снимано во близина на Ќафасан, каде што имаше запалени македонски книги од национална библотека на Македонија. https://www.facebook.com/joqalbania/videos/2738686916401325/?v=2738686916401325
Read More »Author Archives: Весник Илинден
Русите тврдат дека имаат вакцина против Ковид-19
Готова е првата руска вакцина против Ковид-19 создадена од воени експерти и научници од Националниот истражувачки институт за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“, рече првиот заменик-министер за одбрана на Русија, Руслан Цаликов. Тој за весникот „Аргументи и факти“ изјави дека специјалисти од Министерството за одбрана и научници од Центарот веќе направиле конечни процени за резултатите од тестирањето на вакцината. „Сите волонтери, ...
Read More »Големиот Македонски Император Александар Македонски (22 јули 356 г.п.н.е. – 10 јуни 323 г.п.н.е.)
Големиот Македонски Император Александар Трети Македонски, син на Великиот Цар Филип Втори Македонски и на царицата Олимпија, ученик на Аристотел Македонецот, роден е пред 2.376 години, на 22 јули 356 година пред новата ера во Македонската престолнина Пела. Со неговите 33 години живот остави длабоки траги во историјата на човековата цивилизација. Со своите походи, на кои неговата војска за осум ...
Read More »Бил Николов: Македонците се противат на промената на името
Да се тврди дека Македонците доброволно се согласиле нивната земја да се преименува во “Северна Македонија” е исто како да се каже дека домородните жители на Северна Америка самите одбрале да се нарекуваат “црвенокожци”. А кога западните медиуми ги напаѓаат Македонците кои се противат на промената на името, тоа е исто како да ги критикуваат домородните народи што ги отфрлаат ...
Read More »Извршниот комитет го овласти Мицкоски да преговара за составување влада
ВМРО-ДПМНЕ ја одржа својата редовна седница на Извршниот комитет прва по одржувањето на предвремените парламентарни избори. На седницата се дискутираше за актуелната општествено политичка состојба и последните избори кои се реализираа. Извршниот комитет заклучи дека изборите се одржаа во недемократска атмосфера со масовен поткуп на гласови спроведен од актуелната власт на СДСМ. Воедно ВМРО-ДПМНЕ забележува и на бројните недостатоци на ...
Read More »Анкетната комисија едногласна дека нема основа за разрешување на претседателот Илир Мета
Прекршувањата направени од претседателот Илир Мета, во форма на дејствија или пропусти, не се доволни за да се предложи разрешување на претседателот на пленарна седница на Парламентот. Ова е заклучокот постигнат во финалниот извештај, изгласан денеска од страна на парламентарната анкетна комисија, формирана да ја испита законитоста на дејствијата што ги направил претседателот на државата во остварувањето на неговите овластувања, ...
Read More »Македонски јазик изборен предмет во ООУ „Јован Стерија Поповиќ“ во Вршац
Здружението на Македонците „Вардар Вршац“ објави дека, од септември, македонскиот јазик со елементи на националната култура, покрај основното училиште Моше Пијаде во Гудурица, ќе се изучува и во основното училиште „Јован Стерија Поповиќ“ во Вршац. Ги покануваме сите заинтересирани родители да ги запишат своите деца. За помош и повеќе информации, контактирајте го Здружението „Вардар Вршац“ или пополнете прашалник во вашето училиште. Колку ...
Read More »Германската амбасада во Тирана ја затвори канцеларијата за визи поради пандемијата
Германската амбасада во Тирана соопшти дека од денеска канцеларијата за визи и пасоши е затворена од превентивни причини, поради влошената ситуацијата со Ковид-19 во Албанија, јави дописничката на МИА од Тирана. Преку објава на Фејсбук, Амбасадата исто така информира дека лицата погодени од затворањето на канцеларијата што е можно поскоро ќе добијат нов датум за апликацијата. „Од денеска, понеделник, 20 ...
Read More »Земјотрес во близина на Тирана
Утрово се почувствува земјотрес со јачина од 3,2 степени според Рихтеровата скала. Според Европскиот центар за земјотреси, се соопштува дека епицентарот на потресите бил во Јадранското Море. Земјотресот бил оддалечен 36 километри од Тирана и 18 километри оддалечен од Мамурас. Досега не е пријавена материјална штета, бидејќи осцилацијата не била многу силна.
Read More »Фолксваген е најзадолжената компанија во светот
Според најновите студии за време на кои се истражуваше бизнисот на околу 900 компании, германскиот Фолксваген е најголем задолжен. Според најновите истражувања, германската компанија Фолксваген должи околу 192 милијарди долари, што е повеќе од многу земји, како Унгарија (101,9 милијарди) или Јужна Африка (180 милијарди) како што е наведено во текстот. Се разбира, не е само Фолксваген на врвот на ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden