Author Archives: Весник Илинден

Рама: Ве молам како Христос и Мухамед не играјте си со оган

Премиерот Еди Рама продолжува да ги повикува граѓаните строго да ги почитуваат препораките кои се однесуваат на забраната за движење и да не ги кршат утврдените часови за тоа. Во објавата на Фејсбук, Рама вели дека бројот на заразени лица ќе се зголеми. „Денес бројот на позитивните се зголеми! Сепак во рамките на прогнозата, слава му на Бога и ќе ...

Read More »

Девет руски авиони со медицинска опрема пристигнаа во Италија (ВИДЕО)

Русија и испрати на Италија експерти и медицински средства, како помош во борбата против новиот коронавирус. Девет руски авионите Илјушин слетаа во база што се наоѓа на 30 километри од Рим. Рускиот претседател Владимир Путин во саботата во телефонскиот разговор со италијанскиот премиер Џузепе Конте изјави дека Москва е подготвена да и пружи брза помош на Италија. Руското Министерство за ...

Read More »

Во Албанија 15 нови случаи со коронаврус вкупно 104

Со нoви потврдените 15 случаи на коронавирус, бројот на заразените со овој опасен вирус во Албанија се зголеми на 104, од вкупно тестираните 856 лица. Министерката за здравство и социјална заштита Огерта Манастирлиу потврди дека мапата за изложеност на коронавирус е проширена и ги повика граѓаните да ги почитуваат мерките на надлежните. Само во последните 24 часа потврдени се 15 ...

Read More »

Македонското друштво “Илинден“-Тирана ги повикува Македонците во Албанија – “Ве молиме останете дома!“

Во врска со пандемијата со коронавирусот, Македонското друштво “Илинден“-Тирана ги повикува Македонците во Албанија – “Ве молиме останете дома!“. Македонското друштво “Илинден“-Тирана упатува повик до сите Македонци во Албанија да не излегуваат од домовите да се придржуваат кон мерките и превентивите од владата и истите да ги почитуваат! Имајќи го во предвид интензитетот на ширењето на вирусот Ковид-19, не излегувате ...

Read More »

Нови 22 случаи на коронавирус во Македонија вкупниот број се искачи на 136 

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 22 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје (15), Дебар (4), Куманово (2) и Охрид (1). Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 денеска до 12 часот изнесува 136, од кои еден излекуван и двајца починати пациенти. Според местото на живеење, досега случаи на Ковид-19 ...

Read More »

Во Албанија пета жртва од ковид-19

Министерство за здравство утрово соопшти дека поради компликации предизвикани од Ковид-19 починал 61-годишен маж. Пациентот починал во болница во Тирана, каде што бил сместен пред една недела, и имал напреден карцином на белите дробови покрај коронавирусот. Во Албанија 90 луѓе се заразени со новиот коронавирус, тројца се излекувани и пет се починати.

Read More »

Кина почна со тестирање на вакцина против коронавирусот

Кина го започна своето прво клиничко испитување на вакцина против новиот коронавирус. Во петокот, 108 доброволци, поделени во три групи, ги добија првите инјекции“, објави кинескиот весник на англиски јазик „Глобал тајмс“. Волонтерите се на возраст од 18 до 60 години и сите се од градот Вухан, каде што се појави ковид-19 во декември минатата година. Нивното здравје ќе се ...

Read More »

Германија забранува собири на повеќе од две лица

Германскатата сојузна влада и владите на германските сојузни покраини воведоа забрана за состанување на повеќе од две лица во јавноста, со исклучок на лица кои живеат во исто домаќинство, изјави во неделата канцеларката Ангела Меркел. „Коронавирусот се проширува со загрижувачка брзина и поради тоа социјалниот живот треба да биде намален на најмалата можна мерка. Ве молам да се придржувате до ...

Read More »

Кубанска лекарска бригада на помош на Италија

Иалијанските власти и комунистичка Куба потврдија дека овој викенд карипската земја првпат испратила бригада од лекари и медицински сестри во Италија да помогнат во борбата против новиот коронавирус на повикот од најтешко погодениот северен регион Ломбардија. Карипскиот остров од револуцијата во 1959 година започна да ги испраќа своите „војски на белите мантили“ на местите погодени со катастрофи ширум светот, најмногу ...

Read More »

Во Албанија 13 нови случаи со коронаврус вкупно 89

Со ново потврдените 13 случаи на коронавирус, бројот на заразените со овој опасен вирус во Албанија се зголеми на 89, од вкупно тестираните 804 лица. До сега тројца од заразените се излечени, додека двајца почнаа. Според директорката на Институтот за јавно здравје Албана Фицо, во Инфектвната клиника во Тирана се хоспитализирани 43 лица. Во последните 24 часа тестирани се 33 ...

Read More »