Author Archives: Весник Илинден

Албанија: Од досегашната проценка 1.183 урнати обејкти, 558 стамбени згради со големи оштетувања 

Се прошири мапата на оштетувања,како и на погодените области, од катастрофалниот земјотрес што Албанија ја погоди утрото, на 26 минатиот месец. Последните податови од досега звршената проценка говорат дека целосно се урнати 1.183 објекти,главно индивидуални куќи,повеќе стамбени згради и хотели,додека 558 стамбени згради се со големи оштетувања. Што се однесува до погодените околии, освен Драч, Тирана и Лежа се и ...

Read More »

Македонија: Општина Битола додели милион денари за настраданите во земјотресот во Албанија

Општина Битола одлучи да додели 1 милион денари  помош на Албаниија, за настраданите во земјотресот кој се случи минатата недела, а најмногу го погоди градот Драч. Освен Општина Битола, и голем дел од останатите општини донираа финансиски средства, како и облека, храна и вода за настраданите во катастрофалниот земјотрес кој однесе 52 човечки животи, а над 700 лица беа повредени. ...

Read More »

Рама на Самитот во Лондон ќе бара помош од члeнките на НАТО

Албанскиот премиер Еди Рама рече дека ќе замине на Самитот на НАТО во Лондон за да побара финансиска и техничка помош од земјите-членки за справување со последиците од земјотресот. Во земјотресот што ја погоди земјата на 26 ноември, загинаа 52 лица, стотици беа повредени, а материјалната штета е огромна. Тој додаде дека системот за координација на помошта е целосно под ...

Read More »

Ким Џонг Ун свечено отвори нов град (ВИДЕО)

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун го отвори новиот град Самџијон, монументално градилиште на границата на Северна Кореја. Градот е сместен во близина на планината Паекту, која според легендата се смета за колепка на корејската нација. Пјонгјанг вложи огромни суми пари во проектот за обнова на градот, кој сѐ уште не е завршен. Самџијон е главен град на округот на границата ...

Read More »

Олси Јазеџи: Апелира да се спасат Ујгурите во Кина

На 16-25 август 2019 година го посетив Ујгурскиот Автономен Регион на Шинџан во Народна Република Кина. Поканет од Канцеларијата за Информации на Државниот совет на Кина и Шинџан, јас бев дел од групата новинари кои беа испратени да посетат три главни градови: Урумќи, Аксу и Кашгар. Нашата посета, целосно покриена од Кинеските Власти, беше сценично организарана од страна на властите ...

Read More »

Македонците во селото Ербеле, областа Поле со нов пат (ВИДЕО)

Заврши асфалтирањето на патот во селото Ербеле, областа Поле, овој проект е финансиран од Општина Дебар. Видеото од изградбата на патот го објави Мухарем Рама градоначалник на Општина Дебар што ќе го олесни животот на жителите на селото Ербеле, областа Поле овј пат ке го зголеми развојот и ќе го зголеми бројот на туристите за да видат природните убавини. https://www.facebook.com/muharem.rama.official/videos/388916528576241/UzpfSTEwMDAwNzc1NDQwODQ0NzoyMzE5NDEyMTE0OTkzOTEz/?epa=SEARCH_BOX

Read More »

Сара Џелили од Голо Брдо учесник на литературниот конкурс “Зошто сакам да останам во Македонија”

Ученичката Сара Џелили, од с. Требиште во областа Голо Брдо, се закити со благодарница за учество на наградниот конкурс за средношколски есеј на тема “Зошто сакам да останам во Македонија„. Сара Џелили живее во Елбасан, Албанија и таа е ученичка во трета година во ОУТУ „Ванчо Питошески“ во Охрид. Под менторство на професорот по македонски јазик и литература Перчо Божиновски, ...

Read More »

Македонците од Моравичкиот округ во Србија го прославија 10-годишниот јубилеј

Здружението на Македонците од Моравичкиот округ во Србија во саботата, на 30. ноември во Горњи Милановац го прославија својот десетгодишен јубилеј од основањето и активната работа на здружението. Македонската вечер ја отвори г. Славе Груевски, претседател на здружението кој упати благодарност до сите присутни за нивниот децениски придонес во активностите на здружението и негувањето на македонскиот јазик и култура. За ...

Read More »

За настраданите од земјотресот градоначалникот на Пустец ја донира ноемврската плата, средства издвои и црквата

Општина Пустец продолжува со солидарноста и поддршка со настраданите во катастрофалниот земјотрес во Албанија. Православната црква на општина Пустец донираше 100.000 лека за настраданите семејства а финасиски средства собрани се и од прилози на жителите кои ќе бидат уплатени на посебните сметки отворени за таа цел, информираа од општината. Од таму додаваат дека градоначалникот на Пустец, Поли Колефски за настраданите ...

Read More »

Бројот на жртвите од земјотресот во Албанија се искачи на 52 лица

Бројот на жртвите во катастрофалниот земјотрес во Албанија се искачи на 52 лица, станува збор за Фиќерете Лала (64), член на семејството Лала, со што бројката на загинати од ова семејство се искачи на девет. Според Ора њуз Фиќерете преживеала инфаркт по трагедијата на семејството по што била хоспитализирана во Воената болница во Тирана. Семејството Лала живееше во Туман, кај ...

Read More »