Author Archives: Весник Илинден

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски оствари средба со членовите на Францускиот Сенат Марта Де Сидрак и Арно Базин

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот Александар Николоски, и членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Д-р. Игор Николов во Париз остварија средба со членовите на Францускиот Сенат Марта Де Сидрак и Арно Базин кој е и претседател на групата за Француско Македонско пријателство. На средбата се разговараше за актуелни теми и прашања поврзани со стратешките интереси на ...

Read More »

Светскиот Македонски Конгрес остро го осудува фашизмот на Бугарската  академија на науките

Светскиот Македонски Конгрес (СМК) најостро го осудува денешното соопштение на Бугарската академија на науките, наспроти Повелбата за Македонскиот јазик на Македонската академија на науките и уметностите од 3 декември годинава, дека “Македонскиот јазик не постои” и дека “Македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот јазик” што е на линија на декларацијата од 9 октомври годинава усвоена од Владата а на 10 ...

Read More »

Стерјовски и Докле од градоначалникот на Кукс побара подобри услови за живот за Македоците во Гора 

Претседателот на единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција и пратеник во албанскиот парламент Васил Стерјовски, заедно со потпретседателот на партијата за областа Гора, Сокол Докле престојуваа во северниот град Кукс и селото Борје, област Гора, населена со Македонци. На средбата со градоначалникот Сафет Ѓици разговаравме за состојбата во областа Гора населена со македонско население, која административно ...

Read More »

Претседателот Пендаровски во Бигорски: „Ако не ги почитуваме корените, нема да имаме иднина“

Во посета на Свештената Бигорска Обител денес дојде Претседателот на Македонија, г-дин Стево Пендаровски, кој гостољубиво беше пречекан од Старецот и игумен, Архимандрит Партениј со братството.  Посетата на благочестивиот Претседател се должи на неговата лична желба одблиску да се запознае со целокупната мисија на Братството, во пресрет на илјадагодишнината од основањето на Бигорскиот Манастир (1020-2020), на чијашто прослава покровител ќе ...

Read More »

Конференција 50 години македонска дипломатија

Во организација на Министерството за надворешни работи на Македонија и Дипломатскиот клуб – Скопје, денес во Министерството за надворешни работи се одржа Конференција „50 години македонска дипломатија”. На конференцијата воведно обраќање  имаа министерот за надворешни работи, Никола Димитров, претседателот на Дипломатскиот клуб, амбасадорот  Виктор Габер и амбасадорот на Република  Словенија во Македонија, Милан Јазбец. МНР Никола Димитров се осврна на ...

Read More »

Македонците во областа Гора со нов пат што го поврзува селото Оргоста

Општина Кукс започна со работа на патот што го поврзува селото Оргоста, областа Гора. Ова е прв пат да се инвестира во овој пат од пропаѓањето на тоталитарниот режим, од овој проект ке имат корист Македонците во областа Гора. Инвестирањето во областа Гора е од витално значење за жителите поради географската положба што ја има областа Гора. Покрај проширувањето на ...

Read More »

Во Тирана состанок на иницијативата Јадранска повелба, А5

На состанокот присуствуваат министри или високи армиски претставници од Албанија, Македонија, Босна и Херцеговина, Хрватска, и Црна Гора. Во Тирана денеска се одржува состанок на министрите за одбрана или високи армиски претставници на земјите од Јадранската повелба, со која во 2019 година претседава Албанија. Министерката за добарана на земјата домаќин, Олта Џачка, на отворањето им посака добредојде на учесниците и ...

Read More »

Македонски ученици земаа пет медали на олимпијада за природни науки во Катар

На прогласувањето на најдобрите олимпијци на Меѓународната јуниорска олимпијада по природни науки, во арената во Доха, Катар, македонскиот тим се закити со пет медали – две сребра и три бронзи. На Олимпијадата, на која учествуваа 409 ученици од цел свет, тие се натпреваруваа индивидуално на два теоретски тестови со содржина, односно прашања и задачи од предметите физика, биологија и хемија, ...

Read More »

Во Букурешт ќе биде откриена биста на Никола Мартиноски

Министерот задолжен за дијаспора Едмонд Адеми денеска ќе открие спомен-биста на Никола Мартиноски во Букурешт, каде што нашиот познат сликар во 1927 година дипломирал на Школата за убави уметности. Бистата на Мартиноски ќе биде поставена во паркот „Михаил Први“, на просторот каде што се сместени споменици на врвни имиња од светот на уметноста, книжевноста, филозофијата, политиката… Откривањето на бистата се ...

Read More »

Назиф Докле (1945-2014) интелектуалец од Гора борец за правата на Македонците во Албанија

Назиф Докле интелектуалец, собирач на фолклорот и уметник со македонско потекло од областа Гора, беше основач и прв претседател на етно-културното друштво “Гора” во 1991 година. Роден е на 15 јануари 1945 година во с.Борје, областа на Гора, Албанија. Завршил ликовна уметност во Тирана, отсек склуптура, потоа завршува Висока педагошка школа во Скадар, специјалност албански јазик и литература Долги години ...

Read More »