Author Archives: Весник Илинден

Абу Бакр ал-Багдади е мртов, но Исламската држава се уште постои

Озлогласениот лидер на Исламската држава, Абу Бакр ал-Багдади, најверојатно е убиен во голема операција на американските сили во северозападна Сирија. Иако до затворањето на весникот немаше официјална потврда од Пентагон за ликвидацијата на џихадистичкиот лидер, американскиот претседател Доналд Трамп за вчера најави прес-конференција, на која ќе соопшти „важна вест“. Трамп во саботата вечер на Твитер соопшти дека „нешто многу големо ...

Read More »

Стерјовски, освари средба со Македонскиот претседател Стево Пендаровски

Пратеникот од единствената македонска партија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, во албанскиот парламент и претседател на Македонска алијанса за европска интеграција Васил Стерјовски, освари работна средба во Тирана со Македонскиот претседател г-дин Стево Пендаровски. Стерјовски го информира Македонскиот претседател за положбата на македонското национално малцинство во Албанија и можностите за унапредување на неговата положба.

Read More »

Македонијa: Граѓани сметаат дека МНМ и Дијаспората треба да има право на глас

Над половина од граѓаните сметаат дека дијаспората треба да има право да гласа на избори, покажува најновото истражување на јавното мислење кое за потребите на Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје. Според него, 52% од граѓаните сметаат дека дијаспората треба да има право на глас. 33,4% мислат дека иселениците не треба да гласаат во земјава додека 14,6% немаат ...

Read More »

Албанско обвинителство: Со пари од корупција албански и македонски функционери купувале имот во Албанија

Судот во Драч ја преиспита одлуката, за определување на притвор за 20 лица вклучени во скандалот за отуѓување на земјиштето во областа на заливот Лалзи во соседна Албанија, при што за дел од приведените ја потврди одлуката донесена пред два дена пренесува албански медиуми. Станува збор за поранешни службеници во Катастарот во Драч и други лица, кои беа вклучени во ...

Read More »

Градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај му го подари „Клучот“ на Тирана на македонскиот претседател, Стево Пендаровски

Градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај му го подари „Клучот“ на главниот албански град на македонскиот претседател, Стево Пендаровски. Оваа вест самиот Велиај ја објави на социјалната мрежа Фејсбук при што објави и фотографии од доделувањето на клучот. Тој на неговиот статус напиша дека е среќен што го пречекал Пендаровски. Многу сум среќен што го пречекав во општината, во нашиот заеднички ...

Read More »

Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов оствари средба со Градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај

Делегација од Град Скопје предводена од градоначалникот Петре Шилегов вчера оствари билатерална средба со градоначалникот на Тирана, Албанија, Ерион Велиај. Двајцата градоначалници разговараа за концептот на зелени градови, планирањето на просторот и за урбаната отпорност, теми кои беа во фокусот на вчерашниот четврти „17+1“ Форум на градоначалници на главни градови од Централна и Источна Европа и Кина, што се одржа ...

Read More »

Македонец е кандидат за претседател на Уругвај

На денешните избори во Уругвај имаме и наш, македонски кандидат за претседател на државата. Станува збор за Ернесто Талви, еден од најсериозните кандидати, кој секаде гордо истакнува дека татко му е Македонец од Скопје. BBC пишува за него дека е економист кој завршил во Чикаго, син на имигранти од Македонија и Куба. Tаткото, роден скопјанец, се викал Мануел Талви и ...

Read More »

Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски оствари средба со Претседателот на Собранието на Република Албанија, Грамоз Ручи

Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски оствари средба со претседателот на Собранието на Република Албанија, Грамоз Ручи, во рамки на официјалната посета на Република Албанија. На средбата беа разменети мислења за севкупните односи меѓу Македонија и Албанија при што, беше изразено задоволство од позитивните случувања во однос на конструктивната соработка, демонстрираната посветеност за зајакнување и продлабочување на билатералните и добрососедските ...

Read More »

Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски освари средба со Претседателот на Република Албанија, Илир Мета

Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски, денеска престојува во официјална посета на Република Албанија. Во Тирана, претседателот Пендаровски беше примен со највисоки државни и воени почести од претседателот на Република Албанија, Илир Мета. Двајцата претседатели одржаа тет-а-тет средба и пленарна средба со официјалните делегации, по што се одржа заедничка прес-конференција на претседателите. Во продолжение е интегралната изјава на претседателот Пендаровски ...

Read More »

Стерјовски се приклучи кон пратеничката група “Демократи”

Пратеникот од Македонска алијанса за европска и интеграција (МАЕИ), во албанкиот парламент, Васил Стерјовски, стана дел од пратеничката група”Демократи”. Во оваа пратеничка група се пратеници кои на последните избори биле на кандодатските листи на изборната коалиција на опозициската Демократска партија. Тие ги пополнија местата на пратениците кои ги вратија мандатите во февруари по одлуката на обединетата опозиција за тоа. Пратеничката ...

Read More »