Author Archives: Весник Илинден

Папата Франциск: Христијанството во Европа дојде од Македонија (ВИДЕО)

Папата Франциск посвети цела проповед за Македонија, прикажувајќи ја како врата преку која дошло Христијанството во Европа. На ауденцијата во четвртокот на 30 октомври 2019 година во Ватикан, Папата Франциск зборуваше за моќта на евенгелизацијата, опишувајќи го примерот со покрстувањето на Лидија од Македонија и мисијата на Апостол Павле. Опишувајќи го настанот, Папата потсети на неговата посета на Македонија и ...

Read More »

Годишно изборно собрание на Македонски клуб “Илинден” Лаацен, Хановер на 17 Ноември

Македонскиот клуб “Илинден”-Лаацен, Хановер на 17 ноември 2019 година, недела, ќе го одржи своето редовно годишно изборно собрание. Собранието ќе се одржи во просторите на Македонски клуб “Илинден” Лаацен, Хановер на адреса Kiefernweg 2, 30880 Laatzen, со почеток во 14 часот. Собранието ќе избере записничар, ќе усвои извештај на работа и финансиски извештај, и ќе изврши избор на преседател, потпреседател, ...

Read More »

Земјотрес во село Драгаш областа Гора 

  Земјотрес со јачина од 3,1 степени според Рихтер се случи утрово во областа Гора. Според специјализираниот инситут за земјотреси, се соопштува дека потресите биле почувствувани во регионот Драгаш, областа Гора пренесува Клан Косово. Земјотресот беше почувствуван и во Скопје, Македонија. Во областа Гора, во падините на Шар Планина распослани се 18 села, населени со Македонци со муслиманска вероисповед, познати ...

Read More »

Силен земјотрес во Албанија, почувствуван и во Македонија

Земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала утринава ја погоди Албанија, а земјотресот бил почувствуван и во Скопје, Охрид, Струга, Битола, Ресен и околината, соопшти Сеизмолошката опсерваторија во Скопје. Потресот бил регистриран во 06 часот и 25 минути со епицентар 175 километри југозападно од Скопје, во соседна Албанија Според досегашните податоци земјотресот во Охрид, Струга, Битола, Ресен и околината ...

Read More »

Поглаварот на МПЦ-ОА архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во посета на црквата на МПЦ во Загреб

  Поглаварот на Македонската православна црква-Охридска архиепископија, архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во канонска посета на Европската епархија и ја посетил градбата на црквата на МПЦ-ОА Света Злата Мегленска во Загреб. Заедно со него биле и загребачкиот градоначалник Милан Бандиќ и хрватскиот кардинал Јосип Божаниќ. Веста е објавена на официјалниот сајт на градот Загреб. Во придружба на Поглаварот на Македонската православна ...

Read More »

„Алкалоид“ додели 42 студентски стипендии

  Фондацијата „Трајче Мукаетов“ дванаесетта година по ред им доделува стипендии на студенти на Фармацевтскиот и на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје. Годинава, доделени им се 42 нови стипендии на 22 студенти на Фармацевтскиот и на 20 студенти на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје,. Во согласност со објавениот јавен конкурс изборот ...

Read More »

Националната гарда и додели телехранител на пратеничката Хајдари поради закани по живот

Координаторката на пратеничката група „Демократи“ Рудина Хајдари од денеска е под заштита, по добиените закани по живот. Националната гарда на Албанија и одреди телохранител, кој ќе се грижи за нејзината безбедност. Таа на последната пленарна седница на албанскиот Парламент од говорница кажа дека добива закани и е омаловажувана од колеги пратеници во просториите на нејзината канцеларија во Парламентот. Притоа го ...

Read More »

Стерјовски, и директорот на Водовод и канализација Пустец, на средба со директорот на Национална агенција за водовод и канализација

Пратеникот од единствената македонска партија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, во албанскиот парламент и претседател на Македонска алијанса за европска интеграција Васил Стерјовски, со директорот на претпријатието Водовод и канализација Пустец, Александар Никола, оствари работна средба во Тирана со директорот на Национална агенција за водовод и канализација, Алќи Блако. Се разговара за еден од најголемите проблеми со кој се ...

Read More »

Баша предлага преодна влада во Албанија пред секои избори

Пред секои избори додека Албанија не стане членка на ЕУ да се формира преодна влада, која ќе гарантира фер и слободни избори, предлага лидерот на најголемата албанска политичка сила, Демократската партија, Љуљзим Баша. Тој вели дека на таков начин ќе се оневозможи притисокот врз гласачите и администрацијата, злоупотребата на јавните фондови и државните средства и улогата на лицата со криминални ...

Read More »

Албанија ја укина одлуката, нема да ја донира иконата „Воскрение на Свети Лазар“ на УНЕСКО

Албанската Влада ја поништи одлуката, што ја донесе пред една година, со која на УНЕСКО требаше да му ја донира иконата „Воскресение на Свети Лазар“. Врз основа на новодонесена одлука иконата не може да стане сопственост на УНЕСКО. „Иконата успешно е реставрирана и владата сакаше да ја донира на УНЕСКО. Сега владата одлучи таа да остане во Албанија, наведува тиранската ...

Read More »