Author Archives: Весник Илинден

Рама: Не сум оптимист за почеток на преговорите

Албанскиот премиер Еди Рама не е оптимист за она што ќе се случи следната недела во Советот на Европа, каде ќе се дискутира за отпочнување на преговорите на Албанија и Македонија со Европската унија. Дали сум оптимист? Не – отсечно одговорил Рама за ирскиот весник „Ајриш Тајмс“, пренесува тиранската телевизија Топ чанел. Тој додал дека не може да се биде ...

Read More »

Унгарската опозиција ја освои Будимпешта, Карачоњи нов градоначалник

  Нов градоначалник на Будимпешта е Ѓерѓељи Карачоњи, кандидатот кој беше поддржан од неколку опозициски партии, покажаа резултатите од локалните избори по околу 80 отсто од преброените гласови. Карачоњи освоил 50,1 отсто од гласовите, додека Иштван Тарлош, кандидатот на владеачката партија Фудес на премиерот Виктор Орбан доби 44,8 отсто од гласовите. Локалните унгарски медиуми јавуваат дека Тарлош веќе му честитал ...

Read More »

Најстарата молитва кон Дева Марија и називот „Богородица“

  Најстарата позната молитва кон Богородица е напишана на грчки јазик – исто како и светите Евангелија. Затоа во таа молитва Дева Марија е наречена Θεοτόκος, „Богородица“. Тоа што Дева Марија се нарекува така во толку рана молитва е многу важно, како од историска, така и од богословска гледна точка. Оваа молитва е најдена на фрагмент од паприрус кој датира ...

Read More »

Тодороска: ЕУ не смее да дозволи самоволие на Бугарија, македонскиот јазик не смее да се брише

Катерина Тодоровска од Националниот институт за историја во мини интервју за телевизија 24 зборува за новите елементи што произлегоа од Софиската декларација. Смета дека македонската интелектуала треба пожестоко да застане во одбрана на историската вистина и македонските интереси.

Read More »

Преспанското езеро кај Пустец, Мала Преспа порибено со 300 илјади парчиња подмладок на крап 

Водите на Преспанско езеро село Пустец, општина  Мала Преспа на 12.10.2019 година  беа збогатено со 300 илјади парчиња подмладок на крап, соопштија од општина Пустец. Од година во година се зголемува количината на подмладок со кој се порибуваат езерските води. Но, ова денеска е рекордна бројка. Тоа е резултат на нашата посветеност за збогатување на рибниот фонд, изјавил Бленди Чучи, министер ...

Read More »

Македонија одбележува 78 години од антифашистичкото востание

Денеска се одбележува 11 Октомври, Денот на народното востание. Македонија одбележува 78 години од почетокот на антифашистичкото востание. Организираното востание на македонскиот народ против бугарскиот, италијанскиот и германскиот окупатор за ослободување на земјата започнало на 11 Октомври 1941, кога Првиот прилепски партизански одред ја нападнал бугарската полициска станица Участок и телефонско-телеграфската мрежа во Прилеп. Во нападот учествувале 16 партизани, распределени ...

Read More »

Николов: Македонското движење за човекови права со сите сили ќе ја брани Македонија

Лидерот на Македонското движење за човекови права (ММДЧП) Бил Николов најавува нов идентитет за премиерот Заев. Николов нема да му дозволи на Заев да ги направи Македонците Грци или Бугари. “Мојата фамилија се бореше против грчкото ропство и ја бранеше Македонија. Заев сака да го избрише споменот на нив. Ќе не правел Бугари или Грци ,како ќе му кажат неговите ...

Read More »

Честитка од Македонско друштво „Илинден“-Tирана за 11-ти октомври денот на востанието на македонскиот народ против фашистичкиот окупатор

Почитувани во името на Македонско друштво “Илинден“-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Огранок Голо Брдо ви го честитаме 11-ти октомври денот на востанието на македонскиот народ против фашистичкиот окупатор, да го почитуваме и славиме овој голем ден. Да живее Република Македонија! – стои во честитката потпишана од претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана Никола Ѓурѓај и претседателот на разгранокот за Голо Брдо Или Халилај.

Read More »

ЕУРО 2020: Македонија ја совлада Словенија 2-1 (ВИДЕО)

Со двата гола на Елиф Елмас во второто полувреме Македонија оствари одличен резултат против незгодната Словенија освојувајќи важни 3 бода на патот кон ЕУРО 2020. Селекторот Ангеловски се одлучи за формација 3-4-1-2 со стандардниот Димитриевски на голот, во одбраната Ристовски, Муслиу и Ристевски, во средината Николов, Спировски, Адеми и Алиоски, Елмас како креативец и во нападот Пандев и Несторовски. Освен ...

Read More »

Заев, Вучиќ и Рама усвоија Декларација за слободен проток на стоки и луѓе

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерите на Македонија и на Албанија, Зоран Заев и Еди Рама денеска во Нови Сад усвоија заедничка Декларација, која се базира на имплементација на четири основни клучни слободи на ЕУ на Западен Балкан – за слобода на проток на стоки, капитал, услуги и луѓе. Со неа, како што јави дописникот на МИА, со поддршка ...

Read More »