Author Archives: Весник Илинден

Голема воена парада одбележана 70-годишнината од создавањето Народна Република Кина

Во Пекинг во вторникот беше одбележена 70-годишнината од создавањето на Народна Република Кина со голема воена парада во престолнината, следена со големо внимание од претседателот Кси Џинпинг. Ова е најважниот настан годинава во Кина соочена со низа предизвици, вклучително и речиси четиримесечните антивладини протести во Хонгконг и трговската војна со САД која ја погаѓа кинеската економија. Кси, облечен во костум ...

Read More »

Ориѓански: 6 месеци чекаме Албанија да го ратификува договорот за Македонски културно-информативен центар во Тирана

Познатиот музичар, Златко Ориѓански, кој е именуван за прв директор на новоформираниот Македонски културно-информативен центар во Тирана, реагира на бавноста на албанскиот Парламент, без кого не може да започне со работа оваа институција. ,, Цели 6 месеци чекаме, Република Албанија да го ратификува во својот парламент, (формална постапка која се прави за 5 мин), потпишаниот договор за отворање на Македонски ...

Read More »

Сара Џелили Македонка од Голо Брдо со награда литературниот конкурс во Охрид 

По повод 1 Октомври – Меѓународниот ден на старите лица младата Македонка Сара Џелили  од с. Требиште во областа Голо Брдо, а живее во Елбасан, Албанија, и ученичка од ОУТУ „Ванчо Питошески“ е победник на литературниот конкурс читаше поезија на тема топлите прегратки на баба и дедо, како дел од активностите за грижа и активна вклученост на старите лица, под менторство ...

Read More »

Албанските рибари уловија ајкула од опасниот вид „дем“

Албански рибари уловија ајкула од опасниот вид „дем“. Пленот кој „паднал“ во мрежите на рибарите од јужното градче Химара, околија Валона, долг е два метра а тежок над 100 килограми. Ова е втор случај на уловена ајкула од овој вид во водите на Јонско Море кај Химара. Претходно беше уловена ајкула со должина од четири метри и тешка околу 412 ...

Read More »

Светските лидери се простуваат од Жак Ширак

Речиси 30 светски лидери, меѓу кои и рускиот претседател Владимир Путин, се собраа во Париз за да присуствуваат на погребот на поранешниот француски претседател, Жак Ширак, кој почина минатата недела на 86 години. Воените почести за Ширак ќе бидат извршени во Палатата на инвалидите, каде што од вчера е изложен неговиот ковчег, а поворката ќе тргне кон црквата „Сан Сулпис“, ...

Read More »

Македонците бараат своја редакција во албанската државна радио телевизија

Македонското друштво „Илинден“-Тирана во име на Македонците во Република Албанија достави барање до државната радио-телевизија да биде формирана редакција на македонски јазик. Македонско друштво „Илинден“-Тирана бара од албанската радиотелевизија да има и редакција на македонски јазик, како што има на англиски, француски, италијански, германски, грчки, српски и турски јазик. Се надеваме дека барањето ќе биде прифатено и земено во предвид ...

Read More »

Како македонската дијаспора да испраќа подароци преку www.ex.mk

Веќе 10 години секојдневно ги поврзуваме Македонците ширум светот со нивните блиски роднини и пријатели од Македонија. Иако www.ex.mk беше отворен како страна за е-купување за македонскиот пазар, многу брзо стана користена за подарување од страна на нашата дијаспора. Ги запознавме и новиот и стариот бран на дијаспората, но и едните и другите имаат еднакво побарување: да го надоместат отсуството ...

Read More »

Денеска е Св. маченички Вера, Надеж и Љубов и мајка им Софија

Православните христијани денес го одбележуваат празникот на Светите маченички Вера, Надеж, Љубов и нивната мајка Софија. Овие светици живееле и настрадале во Рим. Мудрата Софија, (софија – мудрост), останала вдовица, а како добра христијанка се утврдила себеси и своите ќерки во христијанската вера. Токму заради нивната вера биле изведени пред царот сите четири. Тие држејќи се за раце смирено но ...

Read More »

Орбан реизбран за претседател на Фидес

  Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска повторно е избран за претседател на владејачката партија Фидес, на конгрес во Будимпешта. Орбан доби 1.406 гласови од делегатите, пренесува службената новинска агенција MTI. „Унгарија не планира да излезе од Европската унија. Унгарија е членка на ЕУ и тоа ќе остане“, рече Орбан на конгресот и додаде дека источните и западните членки на Унијата ...

Read More »

Македонија: Oхридското Езеро порибено со јагули

АД ЕСМ изврши акција на порибување на Охридското Езеро со јагули. Порибувањето беше извршено со подмладок на јагула. Во Охридското езеро беа пуштени вкупно 29.421 парче подмладок на јагула со вкупна тежина од 865 килограми, со што ќе се подобри фондот на живиот свет во езерото, како и самиот еко-систем. Акцијата е дел од иницијативата за општествена одговорност на ЕСМ ...

Read More »