Author Archives: Весник Илинден

Министерството за дигитална трансформација добива сериозна поддршка од Стратешкиот дијалог со САД

Фото: Министерството за дигитална трансформација Министерството за дигитална трансформација информира дека со усвојување на заедничка изјава успешно заврши Стратешкиот дијалог помеѓу Македонија и Соединетите Американски Држави во Вашингтон, со конкретни резултати во областа на сајбер-безбедноста и дигиталната инфраструктура. Соединетите Американски Држави ја најавија својата намера за обезбедување техничка поддршка за зајакнување на дигиталната инфраструктура на институциите во Македонија преку програмата ...

Read More »

Мицкоски: Велигден нè потсетува дека преку сплотеноста и човечноста можеме да ги надминеме предизвиците и да изградиме подобра иднина за нашата држава

Велигденски ручек во организација на премиерот Христијан Мицкоски се одржа денеска во хотелот Хилтон, на кој меѓу другите присуствуваа претседателката Гордана Сиљановска Давкова, поглаварот на МПЦ-ОА, архиепископот Стефан, поглаварот на ИВЗ, Шаќир Фетаи, министри во Владата, пратеници, градоначалници, претставници на медиумите. Денес, во духот на големиот христијански празник Велигден, организирав свечен Велигденски ручек, исполнет со топлина, заедништво и почит кон ...

Read More »

Мицкоски: Македонија е првата земја од Европа која има ваков стратешки дијалог со САД, очекуваме голем напредок во значајни области

Македонија е првата земја од Европа која има ваков стратешки дијалог со САД, со оваа администрација, рече премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање „што очекува од стратешкиот дијалог во САД каде има денес македонска делегација“. Нашата делегација таму ја предводи министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, а од другата страна е вториот човек на Стејт Департментот. Исклучително високо ниво. ...

Read More »

Иран: Заканите на Трамп нема да придонесат за евентуален дијалог

Портпаролката на владата на Иран, Фатемех Мохаџерани, по заканата на американскиот претседател Доналд Трамп за уништување на иранската цивилизација, изјави дека тоа е „знак на незнаење“, кој нема да придонесе за можен дијалог. Зачувувањето на мирот и безбедноста на граѓаните е наш врвен приоритет, а заканите нема да ја вознемират јавноста. Вратата за дијалог се отвора со почит; патот на ...

Read More »

Мисајловски: Партнерството со САД ќе продолжи да се развива како силен столб на нашата безбедност и стабилност

Денес ја предводев првата сесија на Стратешкиот дијалог со САД во Вашингтон, посветена на одбранбените и безбедносните прашања, напиша на Фејсбук министерот за одбрана, Владо Мисајловски. Партнерството со САД ќе продолжи да се развива како силен столб на нашата безбедност и стабилност. Голема благодарност за континуираната поддршка и доверба, кои се клучни за нашиот напредок. Во наредниот период, фокусот ќе ...

Read More »

Новиот амбасадор на Македонија во Албанија, Веле Трпевски, денес ги презентираше приоритетите пред Комисијата за надворешна политика

Новиот амбасадор на Македонија во Албанија, Веле Трпевски денес ги презентираше приоритетите пред Комисијата за надворешна политика. Трпевски по третпат е именуван за амбасадор на Македонија и со исклучок на вториот мандат кога беше во Австралија, повторно во Албанија. Моментално амбасадорот Веле Трпевски е директор на Директорат за организациони работи во Министерство за надворешни работи и надворешна трговија на Македонија. ...

Read More »

Андоновски од Стратешкиот дијалог со САД: Продлабочување на соработката во сајбер-безбедноста и дигиталната инфраструктура

Фото: Министерство за дигитална трансформација Министерот за дигитална трансформација е дел од Владината делегација на Стратешкиот дијалог помеѓу Македонија и Соединетите Американски Држави во Вашингтон. Според Андоновски, ова претставува значаен чекор во унапредување на билатералната соработка, со посебен фокус на дигиталната трансформација и сајбер-безбедноста. Во рамки на дијалогот, Андоновски ја предводи сесијата која ќе се однесува на дополнително зајакнување на ...

Read More »

ЕУ почнува преговори за укинување на роаминг трошоците за Западен Балкан

Генералниот секретаријат на Советот на Европската Унија за утре во Брисел закажа состанок на Работната група за проширување и земји што преговараат за пристапување во ЕУ, каде што ќе се дискутира за предлогот на Европска комисија за укинување на дополнителните трошоци за роаминг за Западен Балкан, односно проширување на режимот „Роаминг како дома“ (Roam Like at Home). По успешното завршување ...

Read More »

Николоски: Проектот Градски воз напредува одлично

До месец јуни првата линија од Градски воз од Зелениково преку Драчево, Кисела Вода, Аеродром до железичка станица Скопје ќе биде завршена, а со почетокот на школската година во септември ќе ја пуштиме во сообраќај. За останатите две линии тендер ќе распишеме оваа година со што ќе го скратиме рокот за една година и до 2027 година Градскиот воз комплетно ...

Read More »

Нова Македонија: Весникот “Илинден“ останува жив симбол на македонската упорност и љубов кон јазикот и идентитетот

Фото: Македонскиот весник “Илинден” Со петнаесет години работа зад себе, весникот „Илинден“ останува жив симбол на македонската упорност и љубов кон македонскиот јазик и македонскиот идентитет. За неговото значење ќе зборува историјата – но веќе денес е јасно дека „Илинден“ е повеќе од весник: тој е глас на македонската душа во Албанија На 1 март 2011 година, како двоброј (март/април), се ...

Read More »