Авиокомпанијата Рајанер планира да ја купи Алиталија

Авиокомпанијата „Рајанер“ поднесе понуда за италијанскиот загубар „Алиталија“, соопшти ирскиот нискобуџетен авионски превозник. Дадовме необврзувачка понуда за „Алиталија“. Бидејќи таа е најголема авионска компанија во Италија, важно е да сме вклучени во тој процес – изјавија од „Рајанер“.